Написи во Совети категорија
Gmail пред некое време доби Priority Inbox опција која помага за полесно прегледување на пораките. Мејловите можат да се категоризираат на важни, непрочитани, омилени итн… сервисот е супер бидејќи „учи“ за важноста на пораките според вашето читање.
Веб базираниoт сервис за документи, Docs.com на Microsoft сега имаат опција за брзо креаирање резиме со податоци од вашиот Facebook профили, и креаирање на графикони со Facebook пријателите.
FilerFrog е апликација за Windows со која само со десен клик ќе можете да менаџирате фајлови, пример, да го менувате името, да го енкриптирате, да екстрактирате фајлови, да се промени големината на слика, правање .pdf албуми … и број други мали и корисни функции.
Dirpy Studio e веб алатка со која можете да извлечете и симнете mp3 фајл од некое YouTube видео или пак да го симнете тоа видео. Пример, ви се допаѓа некоја песна, или пак некој семпл од видеото, или целото видео… го внесувате линкот до видеото и потоа можете да си одберете од кое до кое време да го извади аудио фајлот и можете да си го одберете квалитетот на истиот.
Летно време, жештина! Ако имате постар компјутер со постаро напојување и ладење, а при тоа немате додатни вентилатори, клими и слични разладни средства, тогаш сигурно и на вашиот PC му е жешко и подигнува температури над оптималното, како што му се случува на aldo.











