Написи во Статии категорија
Од „Facebook е креиран од Еф-Би-Ај и ЦИА“ до „комуњарска депресија“… колумната на Драган Павловиќ-Латас во Вечер е уште еден неверојатен обид да се пишува глупости за технологијата што не се разбира со цел да се нанесат политички удари и да се привлече читаност, при тоа нанесувајќи штета на публиката нудејќи им бладање наместо информација.
Во оваа моја прва статија ќе ги претставам моите погледи кон тоа што е гејмер, што е професионален гејмер и разликата помеѓу македонскиот про гејмер и светскиот про гејмерот. Јас сум Александар Киселинов – helius, про гејмер и поранешен играч, а сега менаџер, на професионалниот CS тим ENTiTY, и имам искуство од поранешни големи натпреварувања како KODE5.
Колење, брутално насилство, крв, терористи… болест? Ова се неколкуте објаснувања на весникот Време за тоа што се случуваше на плоштадот Македонија во Скопје изминатиов викенд. Ќе помислите дека се водеше војна, но всушност се одржаа националните квалификации за World Cyber Games, односно натпреварувања во Counter Strike.
Покрај тоа што со друштвените мрежи не го забораваме роденденот на најблиските или пооддалечените пријатели, самите мрежи ни го отвараат светот поврзувајќи не со други „странци и непознати“, кои сега ни се следбеници на Twitter или пријатели на Facebook, и поврзувајќи не со брендовите кои ни доставуваат информации на нашиот профил.
Не знам како да го објаснам смеењето кое ме фаќа секогаш кога ќе отидам на сајтот на скопската автобуска станица. Сајтот има два автобуса во движење, има и глобус што се врти, има и мапи доле… сајтот е неверојатен! Но, почекајте, дизајнот не е ништо. Сајтот отприлика околу 20-ти во месецот се гаси бидејќи го истрошува одредениот бендвит.











