Написи во ИТ.МК категорија
Македонскиот Twitter директориум 140.мк доби нова 0.3.3 верзија и неколку измени. Променет е начинот на следење корисници и корисничките имиња и таговите сега можат да се кликаат.
Вчера, 6-ти септември, Даниел Јанев објави интересен блог пост со интересен прашалник кој го твитна велејќи „Дали ви треба ново лого?, прочитајте и ретвитајте, благодарам“. Еден ден подоцна Даниел има 7 нови потенцијални клиенти.
Првите ИКТ студентски олимписки игри ќе се случат на 25ти и 26ти септември 2010 година, а нивната цел е да бидат мега конкурс за вработување на најдобрите апсолвенти од сите образовни институции. Олиписките дисциплини се проверка на знаењето за Javа, .NET, Embedded, компјутерски мрежи, бази на податоци, веб дизаjн и е-бизнис.
Од „Facebook е креиран од Еф-Би-Ај и ЦИА“ до „комуњарска депресија“… колумната на Драган Павловиќ-Латас во Вечер е уште еден неверојатен обид да се пишува глупости за технологијата што не се разбира со цел да се нанесат политички удари и да се привлече читаност, при тоа нанесувајќи штета на публиката нудејќи им бладање наместо информација.
(ова е текст на фондацијата Метаморфозис која е претставник на WSG за Македонија)











