Dropbox призна дека е хакнат, но нема украдени кориснички лозинки Dropbox призна дека е хакнат, но нема украдени кориснички лозинки Хак-атак/Приватност
Објавено на од

Експертите ангажирани од Dropbox открија дека еден од вработените во команијата имал компромитиран профил. Како последица на ова голем број на корисници почнале да добиваат спам-пошта на адресите поврзани со Dropbox профилот.

„Хакерите користеa профил и лозинка на вработен во команијата, во неговото онлајн скаладиште имаa пристап до проектна документација со имејл адреси од корисници на компанијата. Хакерите почнаа да испраќаат спам-пошта до корисниците. Не постои никаква потврда дека со адресите се откриени и лозинките на корисниците. “, вели Dropbox.

Како дополнителна мерка за безбедност Dropbox отвори и нова страна на која корисниците ќе можат да го проверат пристапот до содржини, со што ќе можат да забележат сомнителни активности. Како дополнителна мерка за безбедност Dropbox ќе им испраќа пошта на корисниците кој одамна не ја смениле својата лозинка.

Кратко URL: http://1337.mk/39s
Дејан Соколoски

Објавено од

Дејан Соколоски е автор на IT.com.mk. Има долгогодишно искуство со гејмингот и затоа најчесто пишува за што е ново и значајно во индустријата. Го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови и алтернативна уметност и на фудбалскиот клуб Ливерпул. Вебсајт Google+

it.com.mk е-билтен

Е-билтенот ви нуди да се информирате на дневна или неделна база или пак да бидете известени само за најважните случувања, како и за огласите од ИТ Кариера.
Дневен Мора да прочиташ
Неделен ИТ Кариера

Коментирај