Eдноставен далечински пристап со Hamachi
Logmein Hamachi е софтвер кој ви овозможува далечински пристап (remote access) на друг компјутер. Го пробавме софтверот за да поставиме мрежа меѓу два компјутери, еден во Скопје и друг во Куманово и со Hamachi ни беше потребно само да инсталираме мал софтвер и една лозинка.
За поставување на виртуелна приватна мрежа (VPN) потребно е и двата или повеќето компјутери да го имаат инсталирано Hamachi и секако да се вклучени и да имаат пристап до интернет. Бесплатната верзија е за 16 уреди. Откако ќе ги инсталирате се што ви е потребно да се поврзете е име на компјутерот и лозинка. При логирање има и опција за креирање на линк кој се праќа до другиот компјутер и Hamachi се инсталира веднаш и ги поврзува компјутерите во мрежата.
Компјутерите од мрежата ќе можат да се најдат во My Computer -> Network фолдерот. Поврзаните со Hamachi компјутери нема да се прикажат кај други компјутери од друга мрежа кои го немаат инсталирано софтверот или пак ја немаат лозинката.













А може некој да ми најде линк од програмава без да се купи?
Има линк на страната за бесплатна верзија на Hamachi. Скролни подолу ќе најдеш – Free Version копче.
Leave your response!