Facebook ги тестира прашањата
Facebook ја стартуваше тест верзијата на Questions сервисот каде корисниците поставуваат прашањата за одредени теми и потоа други корисници ги одговараат.
Ќе можат да се поставуваат прашања за најразновидни теми, за фотографии, ќе се поставуваат анкети и ќе може да се пребаруваат сите прашања кои ќе бидат тагирани. Ќе постои и опција каде корисниците ќе одбираат кој да одговори на прашањата.
„Со ова нова апликација, ќе добиете поширок сет на одговори и да научите вредни информации за луѓето на разновидни теми.“ вели Блејк Рос од Facebook во блог пост.
Questions се уште не е достапен за сите корисници, всушност достапна е за само мал број корисници но би требало наскоро да се појави.












Leave your response!