IT.com.mk користи интернет колачиња за да го подобри вашето искуство на сајтот.Прочитај повеќе
Facebook има 604 милиони мобилни корисници, вели независен аналитичар Facebook има 604 милиони мобилни корисници, вели независен аналитичар Друштвени мрежи, Мобилни
Објавено на од

Бенедикт Еванс е независен аналитичар кој на својот сајт објави детален преглед на користеноста на Facebook преку мобилните уреди. Податоците на г. Еванс се до октомври 2012 година и неговите информации се најнови. Според него, Facebook има 1,07 милијарда корисници, од кои дури 604 милиони пристапуваат користејќи некоја од мобилните платформи. Или поточно, 470 милиони корисници пристапуваат преку некоја од мобилните апликации, а останатите пристапуваат преку некој веб прелистувач.

Според уредите преку кои пристапуваат корисниците, најмногу се корисници на некој Apple продукт, односно 140 милиони iPhone корисници и 45 милиони од iPad. Но, Android не заостанува многу, бројката на Android корисници е 175 милиони, а истата секојдневно се зголемува. Од Blackberry пристапуваат 60 милиони корисници, додека Windows Phone и Nokia имаат минимални бројки.

Кратко URL: http://1337.mk/3vk
Борис Кузманов

Објавено од

Борис Кузманов е автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на mk.wordpress.org, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа. Вебсајт Google+

it.com.mk е-билтен

Е-билтенот ви нуди да се информирате на дневна или неделна база или пак да бидете известени само за најважните случувања, како и за огласите од ИТ Кариера.
Дневен Мора да прочиташ
Неделен ИТ Кариера

Коментирај





Current day month ye@r *