Факти за IT.com.mk

  • IT.com.mk започна со работа на 21 Март, 2007 година како стручен веб форум за ИТ дискусии.
  • Проектот е основан од страна на Дамјан Арсовски, Ѓоко Крстиќ, Столе Лазаревски и Стефан Петрушевски.
  • Првичната цел на форумот беше да се создаде место каде што македонските интернет корисници ќе можат да се вклучат во активни дискусии за информатичката технологија.
  • Првиот дизајн на форумот (темно сив и портокалов) беше создаден од страна на Дамјан Арсовски како привремено решение додека да се направи нов. Привремениот дизајн беше прифатен од страна на многу корисници и стана постојан се до објавувањето на порталот.
  • Во текот на целата година кога ИТ форумот опстојуваше самостојно, форумот беше посетен од над ¼ милион уникатни посетители.
  • Во време на своето објавување, ИТ форумот беше единствениот веб сајт на македонскиот интернет простор каде што корисниците можеа да се вклучат во дискусии за разни области од информатичката технологија.
  • ИТ форумот овозможува околу 70 категории со разни ИТ теми во кои членовите можат да се вклучат во активни дискусии, а постојат и две категории кои не се поврзани со информатичката технологија.
  • Првичниот проект беше финансиран од самите основачи и активно работеше цела година без никаков профит или било какви спонзорства.
  • ИТ порталот и новиот изглед на форумот (кој овој пат беше вклучен како дел од порталот) беше претставен на 21 Март, 2008 година.
  • Првиот дизајн на порталот е дизајниран со помош на бесплатниот софтвер за менаџирање на содржини Joomla!, додека форумот работи на лиценцирана верзија на Vbulletin софтверот.
  • ИТ порталот е првиот објавен проект на компанијата Interactive Web Media (IWM) Network.
  • Форумот првин беше хостиран на BlueHost се до претставувањето на порталот и негово префрлување на хостинг серверите на MediaTemple.
  • На  1.04.2010 година порталот беше редизајниран за да се истакне содржината. Новиот портал се префрлен на WordPress платформата.