Прегледување на само еден пост
Старо 31-07-07   #20
GoranD
n00b
 
Аватар на GoranD
 
Регистриран: May 2007
Мислења: 18
GoranD е редовен
Зададено

Цитат:
Првично испратено од didi Види мислење
... ама Горан, размисли во колку само такви ситуации има чекај-да-се-случи-ова/она момент и тргни-повлечи ) ситуација во која секоја од двете страни чекаат на другата.

Само како пример: секаде читам дека мал процент луѓе користат Интернет во Македонија, и како главна причина било тоа што немало релевантна веб содржина, а таа содржина не се создава зашто има малку Интернет корисници.... ?!?!?!
Муабетот „колку се користи“ е посебна приказна сама за себе... Се сложувам со повеќе коментари од форумов дека е потребна едукација. Јас имам искуство во барање на рекламчиња од фирми за веб страни и други форми на е-медиуми. И во контакти со фирми, и во контакти со маркетинг агенции кои застапуваат фирми и ФИРМИ, најчестиот коментар е: што ќе ни е тоа, пуштаме реклама на ТВ и супер ни е. А од друга страна, веќе постојат веб страни со голема посетеност (според критериумите за „македонскиот интернет простор“).

Она што го добивав како коментар од маркетинг агенции во изминатиот период беше „која би била причината со која ќе ги убедиме нашите клиенти да се рекламираат на интернет?“. Е овој одговор додека не е расчистен, залудно е се.

Кај фирмите дури сега почнува да се размислува за правење на сопствен сајт! Мислам на солидно спакуван, со постојано внесување на свежи содржини и други опции кои се вообичаени и стандардни за сајтови. Веројатно следен чекор е констатација за потреба од е-маркетинг (вклучително е-промоција).

Главен момент за мене во врска со употребата на е-маркетинг е зачестена употреба на е-трговија. Само така може да се разбуди овој „мртов“ простор. А за е-трговија... ЌЕ НЕ БИДЕ, ШТО ПА НИЕ БРЗАМЕ... во овој или следниот живот...ама ЌЕ БИДЕ. Со фиќо или ферари, ал ќе стигнеме де... Ехеееееее
GoranD е оф-лајн   Одговори со цитат