Прегледување на само еден пост
Старо 31-07-07   #24
GoranD
n00b
 
Аватар на GoranD
 
Регистриран: May 2007
Мислења: 18
GoranD е редовен
Зададено

Интересна споредба! Но не се согласувам со некои стварчици...

Цитат:
Првично испратено од GoranBT Види мислење
Но како и да е нема пари од е-маркетинг се дури цените за огласување се високи колку и желбата за профит на сите сопственици на забавни портали. Нема пари се дури не се изврши репрограмирање на националната бизнис свест. Нема пари за сите нас кои мислиме дека можeме да заработиме од глупи банерчиња и AdSense реклами поставени на нашите free host joomla enabled sites. Нема пари за нас а има за НИВ!
Каде стои дека е-маркетингот е маркетинг со ниска цена??? Кое е тоа правило кое треба да биде почитувано, Горан? Ако има те молам дај ми извор на информација да прочитам. Не дека се согласувам со наведените суми за спомнатите сајтови, тоа е нивно право за колку и што ќе продаваат од нивните сајтови. Не биди сигурен дека токму тие цени се и вистинските кон рекламерите!

А каде е проблемот со free host joomla enabled sites? Кој е проблемот со Joomla? Битна е машината и јазикот кои стојат за сајтот или содржината на сајтот? Што е важно каков е хостингот?

Ако негираме бесплатни алатки за правење на моќни сајтови, или бесплатен хостинг, тогаш како ќе го коментираме профитирањето на многу познати светски новинари кои преку свои блогерски бесплатни сајтови заработуваат огромни суми на пари исклучиво преку банери и никаков друг вид на промоција?

Не сум поддржувач на „Он.нет“ сајтови. Но сум присталица за содржина и изглед на сајт, направен на било каков начин. Но исто така не сум убеден дека само и само забавни сајтови се сајтови за интернет публика. Httpool на пример многу повеќе „цени“ бизнис ориентирани сајтови отколку „инфо“ сајтови (во која група спаѓаат токму многуте „Он.нет“ oriented т.н. портали).

ЗА оригинален изглед и содржина на сајт! Само така може и правилно да се оформи „квалитетен“ пазар за е-промоција - голема посетеност, висока цена, ТИМ на едитори на сајт, профитирање....
GoranD е оф-лајн   Одговори со цитат