И Бугарија побара кириличен интернет домен
{mosimage}Започна дебатата за користење на кирилична скрипта наместо латинична за интернет домените откако Димитри Медведев, претседателот на Русија рече дека кириличните домени се важни за зачувување на рускиот јазик. Сега и Бугарија официјално поднесе барање дo Интернет корпорацијата за доделени имиња и броеви (ICANN) за добивање на кириличен домен .бг. Со влегување на Бугарија во ЕУ, кирилицата стана трета официјална азбука по латинската и грчката.
Најголем проблем за воведување на кирилична скрипта во имињата на домените е сличноста на буквите. Coordinative Center for TLD .RU во една своја презентација објаснува дека 8 од 33 кириличните мали знаци се исти со латинските (а, c, е, к, м, о, р, х, у), како и 12 од 33 големи букви (A, B, C, E, H, K, M, O, P, T, X, У).
Тоа значи дека ќе има тешкотија да се препознае скриптата со која доменот е напишан . На пример: доменот што го бара Русија – .ру е всушност официјален домен на Парагвај – .py само напишан на латиница.
Како додатен проблем се и тастатурите. За пишување во кирилична скрипта на латинска тастатура мора да се менува кодот со популарното „Alt + Shift“.
Ваква кампања за зачувување на кириличното писмо постои и во Македонија – „Мојата Кирилица – Го чувам своето“ во која сеуште не се разгледува прашањето за кириличен домен .мк.












Leave your response!