|
За да се објасни што претставува Линуксот, мора прво да се објасни што претставува оперативен систем. ОС-от или душата на секој компјутер е софтверскиот дел од компјутерот кој е одговорен за пренос на вашите наредби за работа дирекно на хардверот и заедно со хардверот се стреми кон успешно извршување на барањата. Со помош на оперативниот систем можете да играте игри, да се конектирате на интернет, да прелистувате страни, цртате и многу други неограничени работи.
ГНУ/Линукс претставува оперативен систем кој пред се е бесплатен за сите. “Бесплатен“, овој збор треба да го сфатиме како овозможен за неограничена редистрибуција и користење. ГНУ/Линукс е софтвер со отворен код (Open Source) што значи дека и кодот од кој е настанат е достапен за бесплатно симнување и модификација и притоа постои можност за издавање на модифицираната, сопствена верзија. Како настанал ГНУ/Линукс? Во раните денови на компјутерските оперативни системи, оперативен систем наречен UNIX заземал челно место над другите поради можноста да се имплементира на разни системи и зарати можностите за multitasking и multiuser. Проблемот на овој оперативен систем бил тоа што го создавале AT&T и дел на MIT, и не бил бесплатен. Неговите корисници морале да потпишуват договор за самостално користење и немале дозвола за инсталирање на други компјутери освен оние кои биле наведени во лиценцата. Ова не му се допаднало на Ричард Сталман кој работел во МИТ на развивање на вештачка интелигенција. Најголемо разочарување добил кога управата им рекла да почнат да ставаат лозинки на компјутерите на кои работат. Сталман поради тоа што мислел дека оној кој седи на компјутерот може да си прави она што тој сака, а не да биде контролиран од некој кој седел на тој компјутер пред тоа. Револтиран од ова, во 1983 година тој го напуштил МИТ и го започнал ГНУ проектот (ГНУ е акроним на Gnu`s not Unix). Главната цел на ГНУ проектот е создавање на бесплатен оперативен систем кој ќе биде клон, не копија, од Unix. Набрзо по создавање на ГНУ проектот тој го соопштил ГНУ Манифестот на неколку маил листови на АРПАнет и УСЕНЕТ. По создавањето на ГНУ проектот Ричард Сталман ја создадал Бесплатната Софтверска фондација за да може да изнајмува програмери за остварување на неговата идеа за создавање на ГНУ оперативниот систем. По организирањето на сите потребни работи, програмерите кои работеле на ГНУ проектот почнале да пишуваат програми кои ќе ги заменат програмите кои се користени на Unix оперативниот систем. Многу замени биле напишани како текст едитори, дебугери, разни алатки и најважниот дел, ГНУ компајлерот. После програмирање на основните работи, ГНУ организацијата се зафатила со создавање на кернел кој ќе биде срцето на овој оперативен систем и на кој сите создадени алатки ќе можат да работат. Првиот керлен бил наречен ГНУ Хурд (GNU Hurd). За овој кернел било очекувано да ги исполни барањата за работа, но подоцна се увидело дека кернелот не е во можност да ги исполни. Истовремено Ричард Сталман ја создал ГНУ лиценцата за софтверот кој бил произведен од Free Software фондација наречена GNU GPL (GNU General Public Licence). Притоа секој софвер произведен со цел за ГНУ проектот бил ставан под оваа лиценца. Лиценцата денеска може да се најде на http://www.gnu.org/licenses/gpl.html.
Најголемиот дел од оперативниот систем бил завршен, но она што фалело бил кернелот. Кернелот може едноставно да се замисли како срцето на секој оперативен систем. Тој е одговорен за директна работа со хардерските компоненти, управување со меморија и сите најважни работи во еден оперативен систем.
Во 1991 година, фински студент под име Линус Торвалдс со помош на ГНУ алатките го напишал првиот кернел одвоен од работата на ГНУ организацијата. По ова, Линус го ставил својот кернел под лиценцата на ГНУ – ГНУ ГПЛ и така настанал ГНУ/Линукс. Овој ОС е комбинација на кернелот напишан од Линус Торвалдс и алатки кои работат на тој кернел направени од страна на ГНУ огранизацијата и ГНУ проектот на Сталман. Кратко по создавањето на оперативниот систем се појавиле првите дистрибуции кои се карактеризираат со разни комбинации на софтвер за различни намени.
Денеска ГНУ/Линукс (или најчесто именуван само како Линукс) се развива од стотици илјади програмери преку интернет кои комуницираат меѓу себе со помош на форуми/news groups/е-маил со цел за подобрување на Линукс оперативниот систем.
Како да се дојде до помош и повеќе информации? Денеска поради фактот дека се повеќе и повеќе народ се определува на користење на Линукс како нивен оперативен систем заради неговата достапност и подобрена сигурност, толку брзо и документацијата за него се зголемува. Постојат голем број на едукативни материјали во кои се објаснува детално некоја работа, се повеќе туторијали за Линукс се појавуваат на интернет, а тука се и Линукс групите кои го пропагираат овој ОС и информациите за него. Линукс групите (Linux User Groups) се групи на луѓе кои го користат и сакаат да споделуваат проблеми/решенија/идеи. Едни од најпознатите вакви заедници во Македонија се Лугола од Битола и Лугоп од Прилеп. Клучни зборови: Линукс Linux Gnu/Linux Gnu Gpl Гну Гпл Лугола Лугоп Сталман Торвалдс |