Инспирирана од
истоимениот текст првично објавен на он.нет, решив да си поиграм малку со Google Search Insights, да видам како-што бараме, во однос на нас
и во однос на другите.
За оние кои не
знаат како работи Google Search Insights, тоа е проценка на пребарувањата на одреден термин во однос на сите
пребарувања, рангирано по региони. На пример, колкав удел од мноштвото
пребарувања биле за „love“,
во однос на сите останати пребарувања,
нормализирано на скала од 1 до 100. Ако имало исто толку пребарувања за „love“ колку за сите останати, имаме 100ка за тој
клучен збор. Клучни зборови: ГуглГoogleSearch InsightsОн.нетПребарувањаЛокализацијаПребарувачиКирилица
Втор ден. Повторно публика од над 3.000 луѓе желни да го разберат веб 2.0 трендот. Денот започна со презентациите на легендарниот Tim O`Reilly и Clay Shirky. O`Reilly зборуваше за тоа како ИТ луѓето треба да престанат да трошат време на развој на бескорисни апликации и дека треба ги насочат силите во иновативноста кон решавањето на проблемите во светот, кои ги има многу. Неговата презентација опфати некои навистина клучни работи околу веб 2.0 трендот. Клучни зборови: Web2exponyWeb2expoWeb 2.0Веб 2.0КонференцијаНастанИнтернетTim O`ReillyClay ShirkyПрезентација
Масовен број на веб дизајнери, програмери, девелопери, бизнис и проект менаџери, маркетинг луѓе, блогери па дури и луѓе од инвестициски фондови денеска беа дел од навистина возбудливиот Web 2.0 Expo New York. Првиот, всушност вториот ден од конференцијата (првиот беше 16-ти и тогаш се одвиваа само работилниците), започна стандардно за вакви конференции во 9 часот наутро, и учесниците на конференцијата која инаку е затворена за јавност (за да учествувате мора да сте дел од компанија која се занимава со нешто во оваа индустрија) имаа можност да присуствуваат на разни сесии и да ги чујат мислењата на експерти вработени во eBay, Microsoft, IBM, O'Reilly и други слични компании кои практично ги диктираат трендовите. Клучни зборови: Web2exponyWeb 2.0 Expo New YorkVeb 2.0Веб 2.0КонференцијаНастанИнтернетИндустријаЕкспертиЊујоркЕкспо
Со огромно задоволство ви го пишувам овој пост директно од Javits центарот во Њујорк каде што од 16 до 19 Септември се одвива конференцијата Web 2.0 Expo New York. Во овој пост само ќе најавам дека откако ќе заврши конференцијата ќе може да очекувате детална рецензија на IT.com.mk и во продолжение ќе објавам неколку слики. Кога ќе имам слободен момент, нормално и добра интернет конекција ќе го полнам сетот Web 2.0 Expo NY на нашиот Flickr профил со нови слики... не занемарувајте доколку на сликите моментално нема коментари или наслови, тоа ќе го додадеме накнадно. Клучни зборови: Веб 2.0КонференцијаВеб 2.0 Експо ЊујоркWeb 2.0 Expo NYConferenceKonferencijaVeb 2.0ИнтернетНастани
Пред некој ден си играв со Telnet и се обидував дали ќе може со помош на него да се конектирам на IRC сервер и да можам да комуницирам преку овој сервис. На кратко, одговорот е да, Telnet може да се искористи како IRC клиент со помош на RAW IRC команди. Еве еден пример како би можеле да се конектираме на freenode IRC серверот користејќи само Telnet: Клучни зборови: TelnetIRCmIRCТелнетИРЦМирцКонекцијаКомуникацијаСерверВебКлиентСофтвер
Пред почеток на бизнис револуцијата на интернет, популарно наречена веб 2.0, која овозможи поголема интерконективност, интерактивност и корисничка моќ, многу интернет сервиси доминираа над правото на избор на "обичните" корисници и правеа што е најдобро за компанијата, но не и за корисниците. Практично, во "веб 1.0" ерата (да ја наречеме така), корисниците доколку сакаа да користат некој интернет сервис мораа да ги прифатат сите услови под кои тој сервис им беше овозможен бидејќи немаа алтернативи. Тогашните интернет компании неможеа или можеби не сакаа да разберат дека нивниот успех се базира на корисниците, а од друга страна пак корисниците не беа доволно обединети и меѓусебно поврзани за да ја почувствуваат својата моќ. Раздели, па владеј, така? :-) Клучни зборови: Веб 2.0Web 2.0КориснициЧленовиПосетителиБизнисЕ-бизнисDiggMicrosoftGoogleFacebookДизајнИнтернет
Претставува корисник кој за прв пат се запознава со некоја од темите во дигиталниот свет. n00b може да биде почетник во било што,како на пример: користење на компјутер, видео игра, посебен оперативен систем, интернетот и сл. Исто така слични називи се: newb, noob, nub.