IT.com.mk на Twitter IT.com.mk на Facebook IT.com.mk на Flickr IT.com.mk RSS канали
Почетна arrow Блог
Гугл увид за .Мк
Автор: Калина Зографска   
Објавено на: 24.09.2008

Инспирирана од истоимениот текст првично објавен на он.нет, решив да си поиграм малку со Google Search Insights, да видам како-што бараме, во однос на нас и во однос на другите.

За оние кои не знаат како работи Google Search Insights, тоа е проценка на пребарувањата на одреден термин во однос на сите пребарувања, рангирано по региони. На пример, колкав удел од мноштвото пребарувања биле за „love“, во однос на сите останати пребарувања, нормализирано на скала од 1 до 100. Ако имало исто толку пребарувања за „love“ колку за сите останати, имаме 100ка за тој клучен збор.

Клучни зборови:  Гугл   Гoogle   Search Insights   Он.нет   Пребарувања   Локализација   Пребарувачи   Кирилица

 
Web 2.0 Expo NY - Втор ден
Автор: Дамјан Арсовски   
Објавено на: 19.09.2008
Втор ден. Повторно публика од над 3.000 луѓе желни да го разберат веб 2.0 трендот. Денот започна со презентациите на легендарниот Tim O`Reilly и Clay Shirky. O`Reilly зборуваше за тоа како ИТ луѓето треба да престанат да трошат време на развој на бескорисни апликации и дека треба ги насочат силите во иновативноста кон решавањето на проблемите во светот, кои ги има многу. Неговата презентација опфати некои навистина клучни работи околу веб 2.0 трендот.

Клучни зборови:  Web2expony   Web2expo   Web 2.0   Веб 2.0   Конференција   Настан   Интернет   Tim O`Reilly   Clay Shirky   Презентација

 
Web 2.0 Expo NY - Прв ден
Автор: Дамјан Арсовски   
Објавено на: 18.09.2008
Масовен број на веб дизајнери, програмери, девелопери, бизнис и проект менаџери, маркетинг луѓе, блогери па дури и луѓе од инвестициски фондови денеска беа дел од навистина возбудливиот Web 2.0 Expo New York. Првиот, всушност вториот ден од конференцијата (првиот беше 16-ти и тогаш се одвиваа само работилниците), започна стандардно за вакви конференции во 9 часот наутро, и учесниците на конференцијата која инаку е затворена за јавност (за да учествувате мора да сте дел од компанија која се занимава со нешто во оваа индустрија) имаа можност да присуствуваат на разни сесии и да ги чујат мислењата на експерти вработени во eBay, Microsoft, IBM, O'Reilly и други слични компании кои практично ги диктираат трендовите.

Клучни зборови:  Web2expony   Web 2.0 Expo New York   Veb 2.0   Веб 2.0   Конференција   Настан   Интернет   Индустрија   Експерти   Њујорк   Експо

 
Во живо од Web 2.0 Expo NY
Автор: Дамјан Арсовски   
Објавено на: 17.09.2008
Со огромно задоволство ви го пишувам овој пост директно од Javits центарот во Њујорк каде што од 16 до 19 Септември се одвива конференцијата Web 2.0 Expo New York. Во овој пост само ќе најавам дека откако ќе заврши конференцијата ќе може да очекувате детална рецензија на IT.com.mk и во продолжение ќе објавам неколку слики. Кога ќе имам слободен момент, нормално и добра интернет конекција ќе го полнам сетот Web 2.0 Expo NY на нашиот Flickr профил со нови слики... не занемарувајте доколку на сликите моментално нема коментари или наслови, тоа ќе го додадеме накнадно.

Клучни зборови:  Веб 2.0   Конференција   Веб 2.0 Експо Њујорк   Web 2.0 Expo NY   Conference   Konferencija   Veb 2.0   Интернет   Настани

 
Конектирање на IRC сервер преку Telnet
Автор: Александар Лазаров   
Објавено на: 16.09.2008
Пред некој ден си играв со Telnet и се обидував дали ќе може со помош на него да се конектирам на IRC сервер и да можам да комуницирам преку овој сервис. На кратко, одговорот е да, Telnet може да се искористи како IRC клиент со помош на RAW IRC команди. Еве еден пример како би можеле да се конектираме на freenode IRC серверот користејќи само Telnet:

Клучни зборови:  Telnet   IRC   mIRC   Телнет   ИРЦ   Мирц   Конекција   Комуникација   Сервер   Веб   Клиент   Софтвер   

 
Во веб 2.0 светот, корисниците се главни
Автор: Дамјан Арсовски   
Објавено на: 15.09.2008
Пред почеток на бизнис револуцијата на интернет, популарно наречена веб 2.0, која овозможи поголема интерконективност, интерактивност и корисничка моќ, многу интернет сервиси доминираа над правото на избор на "обичните" корисници и правеа што е најдобро за компанијата, но не и за корисниците. Практично, во "веб 1.0" ерата (да ја наречеме така), корисниците доколку сакаа да користат некој интернет сервис мораа да ги прифатат сите услови под кои тој сервис им беше овозможен бидејќи немаа алтернативи. Тогашните интернет компании неможеа или можеби не сакаа да разберат дека нивниот успех се базира на корисниците, а од друга страна пак корисниците не беа доволно обединети и меѓусебно поврзани за да ја почувствуваат својата моќ. Раздели, па владеј, така? :-)

Клучни зборови:  Веб 2.0   Web 2.0   Корисници   Членови   Посетители   Бизнис   Е-бизнис   Digg   Microsoft   Google   Facebook   Дизајн   Интернет

 
<< 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 >>
IT.com.mk форум

Последни написи

Mozilla: Проверете ги вашите плагини
објавено на 21.10.2009 во Интернет
Автор: Ѓоко Крстиќ
Тест на џиџе и табла-компјутер
објавено на 11.09.2009 во Услуги и анализи
Автор: Дамјан Арсовски
Дали сте и вие измамени на Facebook?
објавено на 08.09.2009 во Сигурност и заштита
Автор: Стефан Петрушевски
Авторскиот труд не е бесплатен!
објавено на 03.09.2009 во Услуги и анализи
Автор: Дамјан Арсовски
Нова Македонија - изгубени во преводот
објавено на 28.08.2009 во Интернет
Автор: Дамјан Арсовски

ENIAC

ENIAC е првиот електронски компјутер, објавен во 1946, кој тежел 30 тони, имал над 17.000 цевки и бил долг 25 метри. Денешниот десктоп компјутер во просек може да сними милион пати повеќе информации отколку ENIAC и истото да го направи 50.000 пати побрзо.
Нема настани во наредните денови.
Корисничко име

Лозинка



RSS канали на it.com.mk

Прашалник

Дали интернетoт е основно човеково право?

(169 глас/а)

  • 75.7%
  • 7.1%
  • 5.9%
  • 11.2%

Низ it.com.mk Блог Сервиси Маркетинг
Вести
Статии
Форум
Рецензии
Совети & трикови
Преземања
Настани
Барометар
Едуцентар
Препорачуваме
Сите блогови
е-Бизнис 2.0
Uid=0
Хардверманија
Компјутерска сигурност
Apple
Линукс блог
Веб-Соц Свет
Членство
Е-билтен
RSS канали
PDA верзија

Профили
Facebook профилTwitter профилIT.com.mk @ Flickr
IT.com.mk @ YouTubeLinkedIn профилFriendFeed профил
Каква музика слушаат ИТ луѓето?Препорачуваме линкови преку Delicious Главен RSS канал
Заработете со Whost.mk
Поставете линк или банер до whost.mk и заработете од секоја продажба..
http://www.whost.mk/affiliates.aspx

Aironet.mk - Безжичен Интернет
Едноставно и квалитетно решение...

Zero Science Lab
Македоснска лабораторија за истражување и развој на информациска безбедност