издание број 21546 ,
 
 
сабота, 22 ноември 2008   
 
Прилози
ТВ програма
Поважни телефони
Почетна страна
Омилена страна
објавено: 12.08.2008 
Од децата за децата
Мајк Зафировски ќе го запознае
Автор/
Приближно 150 успешни Македонци од целиот свет од 31 јули до 7 август во Охрид беа дел од големата манифестација „Заедно дома во Македонија“. На 4 август, на свечена вечера на која со иселениците се сретнаа премиерот Никола Груевски и повеќе министри и претставници од Владата на Република Македонија, организаторите го поканија и малиот компјутерски талент Марко Чаласан за да им го презентираат неговиот вонсериски талент на македонските иселеници. Тој беше најавен како најмалиот човек на планетава што успеал да направи светски подвиг освојувајќи ги престижните сертификати од „Мајкрософт“ на 7 години.

Марко имаше краток настап на кој се претстави со своите достигнувања во светот. Неговиот настап со воодушевување беше прифатен од нашите иселеници, пред се, од господинот Мајк Зафировски, кој со своите тројца синови срдечно му честиташе на малиот генијалец. Тој се заинтересира за развојниот пат на Марко, кога почнал да учи, како му се создала желбата за компјутерите и која му е крајната цел.

- Мајк Зафировски рече дека лично го познава првиот човек на „Мајкрософт“, господинот Бил Гејтс, со кого може да ни оствари и личен контакт - велат од семејството Чаласан.

Зафировски се понуди да посредува во сите бизнис-проекти поврзани со едукација, кои фирмата на родителите н Марко „Инфоцентар“ сака да ги оствари во иднина.

- За се е потребен добар бизнис-план. Доколку планот гарантира успешност, не е проблем да се обезбедат инвестиции. Имам контакти со многу бизнисмени што финансираат добри проекти - изјави Мајк Зафировски.
прочитано: 356 коментари: 1
Коментари
 ...  Анонимен корисник  21.08.2008 11:13:10
Назад

Се врати проблематичната поп-принцеза!
Двете мали полжавчиња
Ти одлучуваш што ќе
Дино меѓу првачињата од ОУ „Љубен Лапе“
Вечната борба меѓу доброто и злото
 

 


-лик-


-избор-


-колибри-


-интеравто-