The Global Voices Lingua project hopes to bring GV content to new linguistic audiences - Details

Also in:

Држава:
нема
Тема:
Уметност и култура, Филм
Јазик:
англиски

 

Граѓанскиот канал за вести на ЈуТјуб објави видео за претстојниот натпревар во граѓанско новинарство. Тие очекуваат видеа не подолги од 3 минути, на англиски, за некоја личност од вашата земја која вие верувате дека треба да му биде позната на остатокот од светот. Наградата и останати информации ќе бидат објавени во септември. Следи видеото со кое се повикува на учество (англиски):

Како совет за граѓаните-новинари од заедници каде англискиот јазик не им е мајчин јазик, можеби е подобро да се титлуваат интервјуата (ДотСаб е одличен сервис за тоа) на англиски или да се користи нарација. Подобро е да почекаме и да ги видиме подеталните информации и инструкции, иако веќе е јасно дека ЈуТјуб корисниците под 13 години немаат право на учество.

Остави одговор