Почетна arrow Често поставувани прашања
Често поставувани прашања

Што е IT.com.mk?
IT.com.mk е веб медиум кој се концентрира на објавување на новости и разновидни содржини за информатичката технологија и нејзиното влијание врз секојдневниот живот. IT.com.mk е портал кој се содржи од голем број на сервиси како ИТ форум, блогови, ИТ ТВ и други. Примарната цел ни е  да го едуцираме, промовираме и поддржуваме македонскиот ИТ потенцијал. Порталот е во целосна сопственост на компанијата IWM Network.

Кога го отворам IT.com.mk некои делови не се прикажуваат или отвараат како што треба?
Со цел да можете да го отворите ИТ порталот и неговите сервиси во право издание, потребно е да ги имате следниве работи на Вашиот компјутер: Adobe Flash Player, верзијата која ја користите на Internet Explorer да е најмалку 7 и резолуција од 1024x768. Исто така треба да имате овозможено користење на колачиња на Вашите интернет прелистувачи.

Како можам да станам член и да учествувам во форумот и останатите сервиси?
За да станете дел од е-заедницата на IT.com.mk и да учествувате во дискусии на форумот, да оставате коментари на блогови, да имате своја профил страна, да пристапите до секции само за членови и многу останати предности кои им се достапни на регистрираните членови на IT.com.mk, кликнете тука и следете ги чекорите за регистрацијата.

Дали можам да го користам истото корисничко име и лозинка кои ги имав на форумот пред порталот?
Да. Вашето корисничко име, лозинка и сите информации во врска со профилот се потполно исти како што беа на првичниот форум. Со тоа корисничко име и лозинка можете и да оставате коментари на блоговите, да пристапувате до Едуцентарот и сите други сервиси кои бараат членство.

Како да го избришам моето корисничко име, моите информации и сите постови?
За да го избришете Вашето корисничко име и сите информации поврзани со него, контактирајте со нас на е-маилот: Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете По примање на барањето за бришење на корисничкото име, ќе бидете контактирани на е-маилот на кој корисничкото име е регистрирано со детални информации за извршување на процесот за бришење.

Дали можам да имам свој блог на IT.com.mk?
ИТ блоговите се доделуваат исклучиво на одредени автори за кои се смета дека ќе можат да придонесат со истакнување на своето лично мислење. ИТ блоговите не се доделуваат на членови и изборот за доделување на блог е извршен од страна на редакцијата на IT.com.mk.

Зошто при регистрација Ви се потребни моите информации?
IT.com.mk со цел да овозможи подобри услуги на нашите корисници собира дел од лични информации кои подоцна детално се анализираат. За да дознаете повеќе како IT.com.mk и IWM Network ги користат Вашите лични информации, прочитајте ја полисата за приватност .

Како може да се рекламирам на IT.com.mk?
Доколку сте заинтересирани за рекламирање на ИТ порталот, прегледајте го делот за Маркетинг или контактирајте со нас на Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете .

Пронајдов невалиден линк што да правам?
Доколку пронајдовте линк кој не води до никаква содржина или пак е штетен за нашите корисници, испратете е-маил на Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете и линкот ќе биде исправен во најкраток можен рок.

Како можам да станам дел од тимот на IT.com.mk?
Доколку мислите дека би можеле со своето искуство и знаење да помогнете на тимот кој стои позади IT.com.mk испратете го своето резиме на Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете Доколку имаме потреба од вработување на автори, технички уредници, дизајнери или други соработници, ќе биде објавен оглас во делот за Вработување со детални информации за работата и како да аплицирате.

Дали може да објавам статија од IT.com.mk на мојот сајт/блог?
Доколку Вашиот сајт/блог не служи за комерцијални цели, Вие ги имате правата да објавите статија претходно објавена на ИТ порталот но притоа се обврзувате да го истакнете името на авторот и да поставите линк назад до IT.com.mk. Доколку Вашиот сајт/блог служи за комерцијални цели мора да поседувате претходна официјална дозвола од главниот уредник на IT.com.mk. Подетално објаснување за објавување на содржини за комерцијални цели може да се најде во делот за Маркетинг и Условите за користење или со контакт на Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете

 
Низ it.com.mk Блог Сервиси Маркетинг
Вести од Македонија
Вести од Свет
Статии
Форум
Рецензии
Совети & трикови
Преземања
Настани
Барометар
Едуцентар
Сите блогови
Дамјан Арсовски
Сашо Андријески
Стефан Петрушевски
Зоран Ивановски
Ѓоко Крстиќ
Столе Китановиќ
Игор Наумов
Александар Лазаров
Членство
Е-билтен
RSS канали

Профили
Facebook
Twitter
Flickr
Last.fm
FriendFeed
LinkedIn
MKHOST - www.mkhost.com.mk
Веб хостинг, регистрација на домени, аудио стриминг, дизајн на веб страни