IT.com.mk на Twitter IT.com.mk на Facebook IT.com.mk на Flickr IT.com.mk RSS канали
Почетна arrow Дамјан Арсовски arrow Е-бизнис arrow Авантурата со IT.mk доменот и Владата
 
 
е-Бизнис 2.0
Услуги и анализи, ИТ новости, Е-бизнис, Интернет, Е-маркетинг
RSS Канал  
Е-пошта  
Биографија  
 
 
Дамјан Арсовски
 
 
Авантурата со IT.mk доменот и Владата Испечати Е-пошта
Автор: Дамјан Арсовски   
Објавено на: 28.09.2008
Откако се зголеми популарноста на .mk домените, се решивме и ние да го регистрираме доменот IT.mk за полесен пристап до порталот, сепак нели е пократок и полесен... Контактирајќи со Марнет во врска со овој домен, бевме известени дека Владата на Република Македонија го има регистрирано IT.gov.mk доменот и според последните промени во Правилникот за организација и управување со врвниот македонски домен МК во областа на интернет (Сл. весник бр.45, 4 Април 2008) потребно ни е писмено одобрување од Владата пред да го регистрираме IT.mk.

Уште кога го слушнав ова, знаев дека сме на пат на многу добра авантура...

Најпрвин, отидов на сајтот на Марнет и во регистарот ги пронајдов податоците за доменот: IT.gov.mk (досие бр. 3299):

Дата на регистрација на доменот: Пред 01-05-2003
Полно име на регистрантот: Влада на Република Македoнија
Адреса на регистрантот: Илинденска б.б. Скoпје
Телефакс на регистрантот: 118-099

Административен контакт
име: Никoлче В. Балески
e-mail: Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете
телефон: 238-099

Веднаш го земав телефонот и се обидов да му се јавам на административниот контакт, г-динот Николче. Го добив и тој ми објасни дека повеќе не работи за Владата и дека сега работи во Т-мобиле, но ми појасни дека не знае кој сега е задолжен за тоа. Благодарам и пријатно, со ветување дека доколку дознае ќе ме извести.

Значи податоците во регистарот се стари и неизменети, а со тоа јасно се гледа дека Владата не се придржува до членот 40 од правилникот на Марнет:

"Член 40
Корисникот е должен до МК-ДНС службата да ја доставува секоја промена на кој и да било од податоците во единствениот Регистар на регистрирани домени во МК - доменот. Промените на податоците се доставуваат на образец утврден од МК-ДНС службата кој јавно се објавува на интернет - страницата на МК-ДНС службата."

Одам чекор понатаму, и по логика вртам во сега веќе Министерството за информатичко општество. По краток телефонски разговор, добив одговор дека не се задолжени за тоа и дека не знаат кој е, да се јавам во Владата. Си велам ајде можеби секретарката не ме разбра добро што сакам, па им испратив и е-маил за чиј одговор би имале повеќе време да размислат и да се распрашаат.

На големо изненадување, добивам краток одговор од ??? (не знам, на крајот имаше само поздрав):

"Pochituvani,

Vo vrska so vasheto prasanje okolu registracija na IT.mk domainot, obratete se pismeno do Vladata na Republika Makedonija

Pozdrav"

Ок... му испраќам сличен е-маил на министерот Иво Ивановски, надевајќи се дека барем од него ќе добијам некои поконкретни информации, од човек кој ја има почуствувано лично работната атмосфера на западот и за кој мислев дека има далеку повисоки стандарди на работа... но одговор, нема. Пред некој ден се обидов и преку приватна порака на Facebook да добијам одговор, но повторно, нема одговор.

Ок, на ред е Владата. Праќам е-маил преку нивната контакт форма на сајтот (повторно за да имаат време да се распрашаат и да ми одговорат) но после 4-5 дена нема одговор. Си велам ќе се обидам телефонски, бидеќи најверојатно овие е-маилови никој и не ги чита.

Здраво здраво, и ја објаснувам ситуацијата. Личноста која ми се јави, претпоставувам секретар, ми рече дека искрено не знае кој бил задолжен, но ме префрли во ИТ одделот на Владата. Пак здраво здраво, објаснувам и добивам одговор дека тоа не е нивниот домен на работа и не знаат кој е задолжен и пак сум префрлен до некоја личност за која искрено не знам каква должност врши. По краткиот разговор, човекот јасно делува дека нема појма што е тоа домен, но кога го слуша моето објаснување дека ни е потребна официјална согласност, во миг одговара: "За официјални барања обратете се писмено до Генералниот секретаријат на Владата и ми ја дава адресата."

Конечно, некој солиден одговор. Подготвуваме писмено барање во официјална форма:


По ова, си велам, веќе завршена работа... Ќе дочекаме официјален одговор надевајќи се на позитивен одговор земајќи ја во предвид комерцијалната вредност на IT.mk доменот, но сепак оставаме простор за размислување дека во одговорот и барем да не одбијат ќе ни објаснат зошто и ќе знаеме што е следното нешто што треба да го направиме.

По некоја недела, добиваме официјален одговор од Владата на Република Македонија, потпишано од генералниот секретар Стојан Тодоров дека Генералниот секретаријат на Владата неможе да даде согласност и нема никакво образложение зошто или дали треба да се обратиме кај некој друг. Да напоменам дека во барањето и поштенскиот код е погрешен:

Авантурата со IT.mk доменот и Владата
Официјалниот одговор на Владата

Ок, што сега да правиме? Aјде да се обидеме да најдеме логика позади одговорот од Генералниот секретаријат, и вртиме не генералниот секретар Тодоров за да на конкретно поставено прашање во врска со одговорот добиеме реплика:

"...не сум јас компјутер па на поставено прашање да можам веднаш да ви одговорам во однос на тоа што е напишано во одговорот. Неможам ништо повеќе да ви кажам..."

Со ова јасно ни стана дека авантурата тука треба и да заврши бидејќи постапката како обична регистрација на домен ни зададе многу повеќе главоболки од очекуваното. Доменот IT.mk останува нерегистриран и нефункционален, заедно со регистрираниот веќе неколку години Владин домен IT.gov.mk кој не пренасочува ни кон МИО ни некој друг сајт на ИТ институција.

Најголемиот проблем не е дека не го добивме IT.mk па сега сме лути и зборуваме лошо за Владата, туку дека повторно и покрај овие глупости продолжуваме да ја рекламираме Македонија како "Земја на информатичари" и дека продолжуваме со најави на разни проекти за е-Македонија и развој на е-бизнис во кој вклучуваме и суми од 10.000 евра. Доколку навистина сакаат да развиваат ИТ општество, зошто настапуваат вака кон интернет домените од голема важност за приватни проекти и зошто не го отстапат доменот IT.mk на некој кој навистина прави нешто корисно за таа цел!?

Најголема иронија во сето ова е дека според правилникот на Марнет ниту пак Владата може да го регистрира IT.mk доменот без наша дозвола бидејќи го имаме регистрирано IT.com.mk.

Заклучок. R.I.P. IT.mk


Клучни зборови:  IT.mk   IT.com.mk   Веб   Интернет   Домен   Марнет   Сајт   Влада   Иво Ивановски   Информатичко општество   Барање   Генерален секретаријат   Правилник

 
Сподели:
Кајмакот
Digg
Technorati
Stumble
Reddit
YahooMyWeb
Delicious
Ma.gnolia
Facebook
Spurl
IT.com.mk форум

Bluetooth?

Технологијата Bluetooth го добила своето име по норвешкиот крал Харалд Блутут (Harald Bluetooth), кој бил познат по тоа што ги обединувал завојуваните племиња во Данска и Норвешка. Целта на технологијата исто така е да ги обедини разните технологии.
Нема настани во наредните денови.
Корисничко име

Лозинка



RSS канали на it.com.mk

Прашалник

Дали интернетoт е основно човеково право?

(156 глас/а)

  • 75%
  • 7.1%
  • 6.4%
  • 11.5%

Низ it.com.mk Блог Сервиси Маркетинг
Вести
Статии
Форум
Рецензии
Совети & трикови
Преземања
Настани
Барометар
Едуцентар
Препорачуваме
Сите блогови
е-Бизнис 2.0
Uid=0
Хардверманија
Компјутерска сигурност
Apple
Линукс блог
Веб-Соц Свет
Членство
Е-билтен
RSS канали
PDA верзија

Профили
Facebook профилTwitter профилIT.com.mk @ Flickr
IT.com.mk @ YouTubeLinkedIn профилFriendFeed профил
Каква музика слушаат ИТ луѓето?Препорачуваме линкови преку Delicious Главен RSS канал
Заработете со Whost.mk
Поставете линк или банер до whost.mk и заработете од секоја продажба..
http://www.whost.mk/affiliates.aspx

Aironet.mk - Безжичен Интернет
Едноставно и квалитетно решение...

Zero Science Lab
Македоснска лабораторија за истражување и развој на информациска безбедност