IT.com.mk на Twitter IT.com.mk на Facebook IT.com.mk на Flickr IT.com.mk RSS канали
Почетна arrow Дамјан Арсовски arrow Е-бизнис arrow Биди кул, инвестирај во онлајн бизнис!
 
 
е-Бизнис 2.0
Услуги и анализи, ИТ новости, Е-бизнис, Интернет, Е-маркетинг
RSS Канал  
Е-пошта  
Биографија  
 
 
Дамјан Арсовски
 
 
Биди кул, инвестирај во онлајн бизнис! Испечати Е-пошта
Автор: Дамјан Арсовски   
Објавено на: 30.03.2009
Замислете си го следново сценарио: добивате доста добра идеја за онлајн проект (нешто големо како Facebook или Twitter) што досега не е реализирано на интернет, го тестирате замисленото на мала група на луѓе околу вас и според сите очекувања добивате позитивни резултати и го имате она чувство во себе дека сте пронашле нешто уникатно и посакувате да извикате "еурека!". Се решавате да преминете на сериозен бизнис... но за да ја реализирате идејата набрзо сфаќате дека ви се потребни ресурси - програмери, дизајнери, сервери, корисничка поддршка, канцеларии, маркетинг и сл. Знаете дека евентуално ќе тргне работата и ќе можете тогаш да ги извадите потребните средства, но што дотогаш? Како да почнете за да дојдете до таа фаза? Од каде да ги најдете тие пари и материјална поддршка?

Нормално, доколку имате доволно средства и сте во ситуација да поднесете финансиски ризици можете да ги сносите последиците на свој грб, дали тие биле позитивни или негативни... но што ако сте средношколец или студент кој нема доволно приходи и чија идеја бара навистина солидна поддршка, да речеме потребни ви се доста добри сервери кои би можеле да поднесат огромен сообраќај... сепак идејата ви е толку уникатна што постои огромен интерест за неа. Земање на кредит од банките не доаѓа во обзир, особено не со толку смешно високи камати.

Доколку сте во ваква ситуација и лоцирани во САД, најчесто практикуваното решение е да ги спакувате куферите и да отидете на месец-два престој во Калифорнија, или местото попознато како Силиконската долина каде што се лоцирани сите поголеми технолошки компании и луѓето со пари и интерест да инвестираат во нови технологии. Таму, трчате од врата на врата, барате состаноци со разни инвестоторски групи, компании и организации и доколку навистина имате нешто добро при рака, го добивате бараното... во замена за дел од компанијата, улога на некој од инвеститорите во менаџмент тимот или некоја друга финта со која ќе ги придобиете луѓето со пари.

Токму горенаведеното е сценариото со кое Марк Зукерберг успеа да ја добие првата инвестиција вредна пола милион долари во својата идеја од ко-основачот на PayPal, Петер Тиел, откако помина скоро два месеци претставувајќи го проектот на разни инвеститори во Пало Алто. Ова се одвиваше во 2004 година, пред некој од нас воопшто да слушне за Facebook, или The Facebook кој тогаш беше користен само од Зукерберг и неговите пријатели и колеги на Харвард, а благодарение на тие 500.000 долари Facebook денеска ни е опсесија.

Биди кул. Инвестирај во онлајн бизнис!

Кај нас доколку имате добра идеја морате самите да се снајдете за да ја реализирате... да инвестирате лични пари, да ризикувате со банкарски кредити, или идејата да си ја заглавите во инкубаторот. Секако, може да се обидете со неколкуте присутни инвеститорски компании, кои се најчесто дел од некоја поголема мрежа на фондови и организации, но од тоа што го имам слушнато за нив тие најчесто а) не сакаат да си имаат работа со компании кои сеуште се само фикција б) мислат дека знаењето и шансите за успех се право пропорционални со возраста в) воопшто не размислуваат за инвестиции кои би зависеле од интернетот бидејќи се научени на офлајн бизниси и она традиционалното "не е бизнис ако нема нешто материјално да се купи и продаде."

Ве предизвикувам и да се обидете со тропање на вратата на едни од најпрофитабилните ИТ компании во земјата, да закажете состанок со директорите и да им побарате пари во вид на инвестиција за реализирање на идејата. :) Ова го пробав во неколку наврати на своја кожа и тоа со доста познати имиња во македонскиот ИКТ сектор, но само за да сфатам дека си имам работа со обични трговци кои е тешко да ги убедиш да се рекламираат на интернет а не пак да им побараш пари за онлајн проект. Секако, верувам дека има исклучоци... но досега лично не знам ниту за еден.

Практично, она што досега го имаме кај нас како инвеститори и фондови се "олд скул", во овој пост зборувам за оние покул инвеститори кои го разбираат потенцијалот на интернетот. :-)

Тој *модерен* начин на работа - доаѓање до инвестиции и поддршка на проекти, не е присутен и покрај тоа што се промовираме како земја на информатичари, најавуваме вардарска силиконска долина, создаваме нови ИТ факултети, трошиме пари на супер компјутери и слични авантури... Интересна беше најавата на МИО пред едно пола година - дека ќе поддржи 4-5 е-бизнис проекти, но еве сеуште нема никаква конкретна новост во врска со тој план, а според МИО идејата сеуште е во процес на подготовка. Претпоставувам побитни се проектите за донесување на супер компјутери во администрацијата кои ќе бидат корисни за?? А и ваквата поддршка не е она за кое зборувам, потребни се вистински луѓе со свои пари, а не министерства со државни буџети.

Додека соседите разбраа како треба да се одвиваат работите и како се подобрува е-бизнис клима, ние сеуште стоиме во место и самите себе се брендираме како што ни одговара. Некој ќе каже каде најдов ваков пост да пишувам во вакви кризни економски времиња... но доколку технологијата не донесе промени, не знам кој би можел. Исто, не сакам воопшто да навлегувам во дискусија за тоа дали кај нас има луѓе со успешни компании или доволно средства кои би можеле да инвестираат во вакви ризични идеи и проекти, бидејќи верувам, т.е. знам дека има, но тие сеуште не сфатиле дека за да бидат кул треба да инвестираат во онлајн идеи!



Клучни зборови:  Бизнис   Инвестирање   Инвестиции   Инвеститори   Фондови   Компании   Идеи   Пари   Поддршка   Финансии   Економија   Проект   Е-бизнис

 
Сподели:
Кајмакот
Digg
Technorati
Stumble
Reddit
YahooMyWeb
Delicious
Ma.gnolia
Facebook
Spurl
IT.com.mk форум

Робот vs. човек

Робот веќе има убиено човек. Во летото во 1981, електро инжинер поправал еден индустриски робот во Јапонија во фабрика за гуми, кога одеднаш роботот почнал да ги извршува своите функции... инжинерот, кој се нашол на неговиот пат бил зафатен од рачките на машината.
Нема настани во наредните денови.
Корисничко име

Лозинка



RSS канали на it.com.mk

Прашалник

Дали интернетoт е основно човеково право?

(77 глас/а)

  • 76.6%
  • 6.5%
  • 6.5%
  • 10.4%

Низ it.com.mk Блог Сервиси Маркетинг
Вести
Статии
Форум
Рецензии
Совети & трикови
Преземања
Настани
Барометар
Едуцентар
Препорачуваме
Сите блогови
е-Бизнис 2.0
Uid=0
Хардверманија
Компјутерска сигурност
Apple
Линукс блог
Веб-Соц Свет
Членство
Е-билтен
RSS канали
PDA верзија

Профили
Facebook профилTwitter профилIT.com.mk @ Flickr
IT.com.mk @ YouTubeLinkedIn профилFriendFeed профил
Каква музика слушаат ИТ луѓето?Препорачуваме линкови преку Delicious Главен RSS канал
Заработете со Whost.mk
Поставете линк или банер до whost.mk и заработете од секоја продажба..
http://www.whost.mk/affiliates.aspx

Aironet.mk - Безжичен Интернет
Едноставно и квалитетно решение...

Zero Science Lab
Македоснска лабораторија за истражување и развој на информациска безбедност