IT.com.mk на Twitter IT.com.mk на Facebook IT.com.mk на Flickr IT.com.mk RSS канали
Почетна arrow Дамјан Арсовски arrow Е-бизнис arrow Е-трговијата ставена на пауза
 
 
е-Бизнис 2.0
Услуги и анализи, ИТ новости, Е-бизнис, Интернет, Е-маркетинг
RSS Канал  
Е-пошта  
Биографија  
 
 
Дамјан Арсовски
 
 
Е-трговијата ставена на пауза Испечати Е-пошта
Автор: Дамјан Арсовски   
Објавено на: 24.06.2009
Минатогодишниот август беше навистина возбудлив месец за е-трговијата во Македонија, но за жал само на зборови... од страна на Министерството за информатичко општество во неколку медиуми беа најавени проекти како доаѓањето на PayPal во Македонија, создавањето на национален тим за компјутерска сигурност и конкурсот за е-бизнис идеја чиј награден фонд треба да изнесува 50.000 евра.

Проектите за е-трговија, сите најавени во ист месец (во Време, Капитал, А1), за жал сеуште не се остварени, а едниот од нив, конкурсот, дури и е презакажан за наредната година. Според изјава на министерот Ивановски дадена за IT.com.mk, пречки не постојат, но сепак проектот е откажан поради ребалансот на буџетот.

Во една "Земја на информатичари", државата не може да одвои 50.000 евра од буџетот кои би помогнале да се поттикне дигиталното претприемништво и да се изгради една поинаква култура во надежното информатичко општество, но истовремено има 10 милиони евра за изградба на споменици и спомен-обележја како и бронзени статуи кои чинат 4.5 милиони евра!

Е-трговијата ставена на пауза

Конкурсот за промовирање е-бизнис не е единствениот најавен проект на МИО кој трпи заради економската криза... за доаѓањето на онлајн процесорот PayPal сеуште од министерството неможат да дадат конкретен датум, ниту пак потврда дека тоа ќе се случи до крајот на 2009 година како што беше првично најавено...

"Како што изјавив и лани во Време, успеавме да воспоставиме контакт со Генералниот Директор на ПејПал со цел нивните услуги да бидат достапни и за Македонските граѓани. Во коресподенцијата, не известија дека во нивниот бизнис план за проширувањето во Македонија не било планирано пред 2011г, но со оглед на напредокот на информатичкото општество ќе не поместат за 2009та година.

Од тогаш сме контактирале неколку пати, но поради економската криза што ја зафати целиот свет не можеме да добиеме конкретни датуми за нивен влез. Апсолутно НИШТО не ги спречува да влезат во Македонија, единствено треба да донесат одлука за тоа. Од наша страна, се е подготвено." - изјави Ивановски во нашата е-маил комуникација.

Нема детали ни за создавањето на националниот тим на експерти кои ќе треба да го заштитат македонскиот сајбер простор, иаку за вакво нешто се укажа огромна потреба со хакирањето на сајтот на претседателот. Од МИО велат дека "формирањето на CERT [Computer Emergency Response Team] во Македонија е во почетна фаза", и дека ќе добиеме повеќе информации кога ќе ги имаат.

Овој тим треба да биде координиран од МИО и Центарот за управување со кризи, чиј портпарол за Радио Слободна Европа изјави дека засега е утврдена само "декларативна заложба меѓу институциите на системот, дека треба да се отпочне со реализација на овој проект за заштита од сајбер тероризам."

Дали се работи за намерно пласирање на предвремени изјави со цел да се покаже дека нешто се работи и да се изврши еден вид маркетинг, или пак нереално гледаме на состојбите/способностите и не знаеме да извршиме реална проценка? Разбирам дека е тешко да се реализираат проектите, посебно во време на економска криза, но се работи за ИКТ индустријата која е профитабилна, ефикасна и едноставно претставува потенцијален излез од кризата со која се соочуваме.



Клучни зборови:  Е-трговија   Министерство за информатичко општество   МИО   Иво Ивановски   Е-бизнис   PayPal   PejPal   ПејПал   Македонија   Земја на информатичари   Буџет   Проекти

 
Сподели:
Кајмакот
Digg
Technorati
Stumble
Reddit
YahooMyWeb
Delicious
Ma.gnolia
Facebook
Spurl
IT.com.mk форум

Робот vs. човек

Робот веќе има убиено човек. Во летото во 1981, електро инжинер поправал еден индустриски робот во Јапонија во фабрика за гуми, кога одеднаш роботот почнал да ги извршува своите функции... инжинерот, кој се нашол на неговиот пат бил зафатен од рачките на машината.
Нема настани во наредните денови.
Корисничко име

Лозинка



RSS канали на it.com.mk

Прашалник

Дали интернетoт е основно човеково право?

(161 глас/а)

  • 75.2%
  • 7.5%
  • 6.2%
  • 11.2%

Низ it.com.mk Блог Сервиси Маркетинг
Вести
Статии
Форум
Рецензии
Совети & трикови
Преземања
Настани
Барометар
Едуцентар
Препорачуваме
Сите блогови
е-Бизнис 2.0
Uid=0
Хардверманија
Компјутерска сигурност
Apple
Линукс блог
Веб-Соц Свет
Членство
Е-билтен
RSS канали
PDA верзија

Профили
Facebook профилTwitter профилIT.com.mk @ Flickr
IT.com.mk @ YouTubeLinkedIn профилFriendFeed профил
Каква музика слушаат ИТ луѓето?Препорачуваме линкови преку Delicious Главен RSS канал
Заработете со Whost.mk
Поставете линк или банер до whost.mk и заработете од секоја продажба..
http://www.whost.mk/affiliates.aspx

Aironet.mk - Безжичен Интернет
Едноставно и квалитетно решение...

Zero Science Lab
Македоснска лабораторија за истражување и развој на информациска безбедност