IT.com.mk на Twitter IT.com.mk на Facebook IT.com.mk на Flickr IT.com.mk RSS канали
Почетна arrow Дамјан Арсовски arrow Е-бизнис arrow Во веб 2.0 светот, корисниците се главни
 
 
е-Бизнис 2.0
Услуги и анализи, ИТ новости, Е-бизнис, Интернет, Е-маркетинг
RSS Канал  
Е-пошта  
Биографија  
 
 
Дамјан Арсовски
 
 
Во веб 2.0 светот, корисниците се главни Испечати Е-пошта
Автор: Дамјан Арсовски   
Објавено на: 15.09.2008
Пред почеток на бизнис револуцијата на интернет, популарно наречена веб 2.0, која овозможи поголема интерконективност, интерактивност и корисничка моќ, многу интернет сервиси доминираа над правото на избор на "обичните" корисници и правеа што е најдобро за компанијата, но не и за корисниците. Практично, во "веб 1.0" ерата (да ја наречеме така), корисниците доколку сакаа да користат некој интернет сервис мораа да ги прифатат сите услови под кои тој сервис им беше овозможен бидејќи немаа алтернативи. Тогашните интернет компании неможеа или можеби не сакаа да разберат дека нивниот успех се базира на корисниците, а од друга страна пак корисниците не беа доволно обединети и меѓусебно поврзани за да ја почувствуваат својата моќ. Раздели, па владеј, така? :-)

Сето тоа се смени благодарение на новиот веб 2.0 тренд, кој глобално ги обедини луѓето и ја поттикна иновативноста во нив. Доста критикуваниот тренд донесе една промена која никој неможе да ја порекне, им овозможи на корисниците да владеат со интернетот. Нивниот глас е одлучувачки, нивното мислење е точно, нивните барања мора да бидат задоволени за да некој сервис успее...

Најдобри примери, барем според мое мислење за ова тврдење можат да се пронајдат во неколку позначајни "веб 2.0" случувања:

Kevin Rose и толпата на Digg
Ситуацијата во Мај, 2007 година кога создавачот на популарниот сајт Digg.com, Kevin Rose, се соочи со своите корисници и се обиде да ја донесе вистинската одлука за тоа дали Digg.com треба да продолжи да ги цензурира сите постови кои го содржеа нелегалниот процесирачки код за отклучување на заштитените HD-DVD дискови. Откако еден од корисниците на сајтот ја објави веста, на два пати, таа без никакво предупредување беше избришана од администраторите иаку при вториот обид доби 15.000 гласови. За кратко време корисниците сфатија што се случува, па стотици од нив пријавија постови кои го содржеа кодот покажувајќи му на Digg и на Kevin Rose дека тие знаат што сакаат и дека имаат поголема моќ од него. По ова, следеше официјално објаснување:

"Известени сме од сопствениците на интелектуалната сопственост на дисковите дека објавувањето на постови кои го содржат процесирачкиот код ги нарушуваат нивните легални права. Со цел да ги почитуваме овие барања и да го почитуваме законот, администраторите ги избришаа сите постови кои го содржеа кодот."

На големо изненадување на Kevin Rose и екипата на Digg.com, овој пост само ја разгори таканаречената "Digg револуција" и повторно стотина корисници почнаа да го објавуваат кодот, овој пат во самите коментари на соопштението. Малку подоцна по објавувањето на известувањето, соочувајќи се од една страна со лута толпа на корисници, а од друга адвокати и компании кои претеа со тужби, Kevin Rose се реши на еден поинаков, навистина зачудувачки и импресионирачки чекор. Тој самиот објави блог пост кој го содржеше кодот во самиот наслов, "Digg This: 09-f9-11-02-9d-74-e3-5b-d8-41-56-c5-63-56-88-c0". Во постот тој напиша:

"Денеска беше тежок ден за нас. Моравме да одлучиме дали ќе ги одстраниме постовите кои го содржеа кодот базирајќи се на легалните одредби. Моравме да направиме нешто за да избегнеме можно сценарио каде што Digg би бил оневозможен или присилно затворен, и решивме да ги избришеме постовите со кодот.

Но сега, откако видовме стотина постови и прочитавме илјадници коментари, ја сфативме вашата поента. Подраго би ви било да го видите Digg како оди надолу борејќи се, отколку да клекне на колена пред поголема компанија. Ве слушаме, и од овој момент нема да бришеме постови или коментари кои го содржат кодот и ќе се соочиме со било какви последици што можат да настанат.

Доколку изгубиме, тогаш по ѓаволите, барем загинавме обидувајќи се."

Во веб 2.0 светот, корисниците се главни

Microsoft и Google заедно работат за подобрување на Gmail во IE 6
И покрај сета конкуренција, тужби, обиди за надминување и што веќе не, овие два гиганта, кога се во прашање корисниците ги здружија своите сили за да го подобрат Gmail искуството при користење на веќе античкиот прелистувач Internet Explorer 6. Тимови на Google им помогнаа на тимовите на Microsoft да ги идентификуваат проблемите кои се јавуваат, особено во делот на JavaScript-и при користење на овој е-маил сервис во IE6.

Оваа иницијатива беше покрената откако истражување покажа дека IE6 сеуште држи неверојатни 25% од пазарот. За да ги задоволи своите корисници, Google побара од Microsoft да работат заедно на овој проект кој заврши неодамна и со успешни резултати.

Новиот дизајн на Facebook
Еден од најпопуларните сајтови во светот, Facebook, од неодамна претстави нов дизајн на својата платформа, која до пред неколку дена им го даваше како опција на своите корисници стариот дизајн. Деновиве компанијата направи храбар чекор и го направи новиот дизајн постојан. Дизајнот е дефинитивно различен од стариот, занемарувајќи ја препознатливата плава боја и неколку слични функции.

Ситуацијава ја спомнувам заради фактот дека поголем број од корисниците едноставно го мразат новиот сајт, и покрај сите објаснувања дека новата платформа е побрза и постабилна. Тие создаваат групи и инцијативи во кои масовен број на членови учествуваат, а бројката на поддржувачи на овие иницијативи расте навистина брзо. Така во групата "Го мразам новиот Facebook (www.new.facebook.com)" која пред само 10 дена имаше 215,000 членови, сега брои над 1,1 милион. А загрижувачки е фактот и дека оваа група не е единствената ваква група.

Дали изборот на корисниците повторно ќе биде пресуден фактор, или пак создавачот на сајтот, Mark Zuckerberg, ќе се обиде да ги задоволи корисниците на други начини? Дали ќе успее да ги убеди да го прифатат новиот сајт или пак ќе мора значајно да го измени за да ги задоволи овој пат, "Facebook револуционерите"?


Клучни зборови:  Веб 2.0   Web 2.0   Корисници   Членови   Посетители   Бизнис   Е-бизнис   Digg   Microsoft   Google   Facebook   Дизајн   Интернет

 
Сподели:
Кајмакот
Digg
Technorati
Stumble
Reddit
YahooMyWeb
Delicious
Ma.gnolia
Facebook
Spurl
IT.com.mk форум

.mk Wikipedia

До почетокот на месец мај, 2009 година македонската верзија на Wikipedia содржеше околу 10.982 регистрирани членови, 31.637 статии на македонски јазик, над 105.535 страници и 5.58 просечен број на уредувања по страница.
Нема настани во наредните денови.
Корисничко име

Лозинка



RSS канали на it.com.mk

Прашалник

Дали интернетoт е основно човеково право?

(137 глас/а)

  • 76.6%
  • 6.6%
  • 5.1%
  • 11.7%

Низ it.com.mk Блог Сервиси Маркетинг
Вести
Статии
Форум
Рецензии
Совети & трикови
Преземања
Настани
Барометар
Едуцентар
Препорачуваме
Сите блогови
е-Бизнис 2.0
Uid=0
Хардверманија
Компјутерска сигурност
Apple
Линукс блог
Веб-Соц Свет
Членство
Е-билтен
RSS канали
PDA верзија

Профили
Facebook профилTwitter профилIT.com.mk @ Flickr
IT.com.mk @ YouTubeLinkedIn профилFriendFeed профил
Каква музика слушаат ИТ луѓето?Препорачуваме линкови преку Delicious Главен RSS канал
Заработете со Whost.mk
Поставете линк или банер до whost.mk и заработете од секоја продажба..
http://www.whost.mk/affiliates.aspx

Aironet.mk - Безжичен Интернет
Едноставно и квалитетно решение...

Zero Science Lab
Македоснска лабораторија за истражување и развој на информациска безбедност