IT.com.mk на Twitter IT.com.mk на Facebook IT.com.mk на Flickr IT.com.mk RSS канали
Почетна arrow Дамјан Арсовски arrow Е-маркетинг arrow Како да го вклучите вашиот бизнис во веб 2.0?
 
 
е-Бизнис 2.0
Услуги и анализи, ИТ новости, Е-бизнис, Интернет, Е-маркетинг
RSS Канал  
Е-пошта  
Биографија  
 
 
Дамјан Арсовски
 
 
Како да го вклучите вашиот бизнис во веб 2.0? Испечати Е-пошта
Автор: Дамјан Арсовски   
Објавено на: 18.03.2009
Во последните месец-два сигурен сум дека се имате наслушано за друштвените медиуми и сајтови како Facebook, Twitter, YouTube, Flickr... од страна на медиумите, вашите пријатели како и колеги кои неможат да престанат да зборуваат за тоа што е најновото на овие сајтови, кој е нивниот последен пријател со кој оствариле интересна комуникација и сл... Влијанието на овие нови медиуми сте го почуствувале директно или индиректно и самите... сликите од вашaтa последна седенка со друштвото повеќе не се препраќаат на е-маил, преку MSN или пак се преземаат од некој приватен FTP сервер... денеска инстантно се објавуваат и коментираат на Facebook, Flickr, Picasa... на Twitter се следат последните новости и трендови без многу трошење на време и читање на непотребни параграфи... а благодарение на торентите и сервисите како Zulu (се надевам еден ден ќе стане нешто слично на Hulu) повеќе не ни е потребен ни телевизорот, или радио во случајот на Last.fm, MySpace Music и др...

Факт е дека доколку сакате да сте друштвени (читај: кул), во тек со муабетот и да бидете запознаени со активностите на вашите најблиски - немате многу избор освен целосно да се откажете од својата приватност и да започнете паралелен виртуелен живот користејќи ги овие интернет сервиси. До овој заклучок полека но сигурно доаѓаат голем број на луѓе, кои без многу размислување им се придружуваат на останатите активни [внеси неколку веб 2.0 сервиси] корисници...

Од бизнис перспектива, овој "веб 2.0 свет" станува интересен во моментот кога претприемачите, бизнис/маркетинг менаџерите, традиционалните маркетинг агенции и другата машинерија задолжена за промоција и зголемување на продажбите на една компанија, ќе дојде до истиот тој заклучок дека е време да го вмешаат својот бренд и клиентите во тој организиран хаос и да создадат позитивен маркетинг користејќи разни алатки и методи... од причина што нели, сите се веќе присутни во тој простор.

Како да го вклучите вашиот бизнис во веб 2.0?

Последните неколку месеци, активно сум вмешан на професионален план во пронаоѓање на начини за поврзување на разни бизниси со овој интерактивен свет каде главниот збор го имаат корисниците... моите авантури со пронаоѓањето на што подобри начини за промовирање на брендови преку интерактивен маркетинг досега имаат свои позитивни, како и неизбежни негативни искуства и резултати.

Во овој блог пост, решив да споделам неколку совети кои би помогнале на секој кој сака да започне активна промоција на својата компанија/бренд концентрирајќи се на друштвените медиуми:

  • Најважното нешто при имплементирање на маркетинг стратегија која инволвира присуство на друштвени мрежи е да разберете дека корисниците ја водат таа дигитална интеракција и го имаат главниот збор... од уште поголема важност е да се концентрирате на "човечкиот аспект" и да се претставите лично кои сте и која е вашата цел... а не да се криете зад логото и името на брендот - доколку пристапот е таков, искористете ја секоја можност да се претставите лично на луѓето со кои комуницирате.

  • Не гледајте од другите - корисниците споделуваат голем број лични информации кои, во поголем број случаи, можат да ви помогнат да ги дознаете нивните вистински интереси, начинот на кој размислуваат, што работат... и со тоа подобро да ги таргетирате. Секој бизнис си има своја уникатна (според локација, цена, продукт, филозофија...) целна група, па така не го трошете времето копирајќи туѓи успешни стратегии кои за вас можат да бидат катастрофални. Искористете ги сите ваши ресурси подобро да ги истражите сајтовите каде што сакате да се промовирате, дознајте на кој начин тече разговорот помеѓу корисниците и како тие ги користат, дознајте кои се највлијателните личности во разговорот и најпрвин поврзете се со нив.

  • Без финти - едноставно, не се обидувајте да прелажете некого со само-промотивни материјали напишани од вашите пријатели, ваши дополнителни "нашминкани" профили создадени за таква намена или слични веќе познати методи. Комуницирате со голем број на луѓе кои се поврзани меѓу себе на разни начини, па така вистината многу брзо ќе излезе на виделина а со тоа единствено ќе создадете негативна претстава за која ќе ви е потребна многу работа за да ја поправите. Бидете искрени, концентрирајте се на *вистинските* позитивни страни на вашите производи/услуги, тоа што ве прави различни од конкуренцијата и комуницирајте го тоа. Доколку зад вашиот продукт се крие посебна филозофија или интересна приказна, раскажете ја. А да, и не ја напаѓајте конкуренцијата, освен ако немате некоја посебна и оправдана причина за тоа. :)

  • Бидете спремни да се соочите и со негативни критики - традиционалниот маркетинг овозможува еднонасочна комуникација која најчесто е со порака "нашиот продукт е најдобар, купете го..." и не им дава можност на самите потрошувачи на лесен начин да го изнесат своето мислење на повеќе луѓе и да го пофалат/искритикуваат тоа што го нудите. Друштвените медиуми се нешто сосема спротивно, овозможуваат двонасочна и брза комуникација (да, бидете спремни брзо и навремено да комуницирате!) каде што корисникот може да ги остави дури и најнегативните критики кои некогаш сте ги чуле за вас. Наместо да си удирате во гради и да напаѓате со спротивни размислувања, дозволете им на самите корисници да ви посочат што е тоа што треба да го подобрите, покажете им дека ги слушате внимателно. Одберете ги внимателно вашите битки. Признавање на "пораз" не значи дека сте изгубиле, денешните интернет корисници навистина ја ценат искреноста.

  • Понудете нешто уникатно - зависно од тоа во која индустрија работите, понудете им на корисниците нешто уникатно и вредно, дали тоа било поддршка или промоција... На пример, доколку T-Home или OnNet се решат да започнат интерактивен маркетинг, преку сервиси како Facebook и Twitter можат да понудат техничка поддршка на своите потрошувачи за нивните разни сервиси. Истите луѓе кои седат на телефонските линии во техничките центри, би можеле да им одговараат и на барањата на корисниците онлајн. Некој ќе рече дека тоа веќе го прават преку опцијата за чет разговор, но тоа е слично на телефонскиот повик, деталите од разговорот се приватни, па така операторот 10 пати дневно на различни корисници може да им објаснува за еден ист проблем, додека кога би се користеле друштвените медиуми, на сите останати корисници би им испратил само линк до првиот случај или пак самите би си прочитале.

  • Друштвените медиуми ја имаат моќта да ве направат попродуктивни и попрофитабилни - но само доколку внимателно се концентрирате на вашата целна група и порака која сакате да ја пренесете. Не ги користите веб 2.0 сајтовите за да го трошите вашиот буџет и времето на вашите вработени за само да кажете дека сте присутни таму. Интерактивниот маркетинг доколку не се имплементира внимателно, може да испадне дека е само трошење на време. Исто така, не ја препуштајте вашата маркетинг кампања во рацете на било кого само затоа што тој има повеќе од 100 Twitter следбеници, или повеќе од 300 Facebook пријатели и ги користи овие сервиси опсесивно. Денеска користејќи го Google секој мисли дека може да биде експерт за било што.

  • Една од најважните пораки која сакам да ја пренесам со овој пост е: не ги изолирајте друштвените медиуми и веб 2.0 сајтовите од вашите маркетинг кампањи. Причините што не ги разбирате или што неможете да измерите прецизно какви резултати или враќања на инвестиции ќе добиете, не се доволни. Btw, можноста за прецизно мерење на влијанието на друштвените маркетинг кампањи за некои од клиентите за кои имам работено претставуваше огромен проблем бидејќи не знаеја како да го оправдаат буџетот. Но најчесто тоа е проблем на големите компании и брендови кои истовремено имаат неколку разни кампањи, додека помалите бизниси немаат баш таков проблем. Резултатите од интерактивниот маркетинг можеби нема секогаш да се видливи, но верувајте дека се секогаш присутни.

  • Креативноста и уникатноста, елементи на традиционалниот маркетинг, имаат исто така големо влијание и во овој нов, сеуште нецелосно дефиниран (читај: во развој) онлајн маркетинг. Па така надоврзувајќи се на точката да не копирате од другите, бидете оригинални во се што правите и пронајдете што покреативни начини за да се промовирате.

Кога размислувате за маркетингот на вашата компанија и друштвените медиуми, размислувајте на овој начин:
Огромен број на корисници се присутни на друштвените медиуми... ги користат активно и опсесивно, секојдневно!... разговараат за се и сешто, евентуално и за вас и вашиот бренд (зависно од каква компанија сте и колку клиенти имате)... па така, подобро е да се вклучите и вие во разговорот и во некои случаи да спречите ширење на негативни разговори за вас, отколку да си седите на страна и да го игнорирате тоа што се случува.

За да не го направам постот предолг, напишав само за едни од поважните работи на кои можев да се сетам. Слободно искористете го системот за коментари доколку имате да ми посочите некои други важни работи кои треба да ги истакнам.



Клучни зборови:  Веб 2.0   Web 2.0   Интерактивен маркетинг   Интернет маркетинг   Е-маркетинг   Е-бизнис   Друштвени медиуми   Социјални медиуми   Промоција   Бренд   Брендирање   Корисници   Потрошувачи   Клиенти   Маркетинг

 
Сподели:
Кајмакот
Digg
Technorati
Stumble
Reddit
YahooMyWeb
Delicious
Ma.gnolia
Facebook
Spurl
IT.com.mk форум

Facebook манија

Facebook има над 200 милиони активни корисници од кои 100 милиони се логираат на сајтот дневно. Просечниот член има 120 пријатели и повеќе од 20 милиони корисници го обновуваат својот статус барем еднаш дневно. Секој месец повеќе од 8 милиони видеа и над 850 милиони фотографии се објавени од страна на членовите. (Мај, 2009)
Нема настани во наредните денови.
Корисничко име

Лозинка



RSS канали на it.com.mk

Прашалник

Дали интернетoт е основно човеково право?

(156 глас/а)

  • 75%
  • 7.1%
  • 6.4%
  • 11.5%

Низ it.com.mk Блог Сервиси Маркетинг
Вести
Статии
Форум
Рецензии
Совети & трикови
Преземања
Настани
Барометар
Едуцентар
Препорачуваме
Сите блогови
е-Бизнис 2.0
Uid=0
Хардверманија
Компјутерска сигурност
Apple
Линукс блог
Веб-Соц Свет
Членство
Е-билтен
RSS канали
PDA верзија

Профили
Facebook профилTwitter профилIT.com.mk @ Flickr
IT.com.mk @ YouTubeLinkedIn профилFriendFeed профил
Каква музика слушаат ИТ луѓето?Препорачуваме линкови преку Delicious Главен RSS канал
Заработете со Whost.mk
Поставете линк или банер до whost.mk и заработете од секоја продажба..
http://www.whost.mk/affiliates.aspx

Aironet.mk - Безжичен Интернет
Едноставно и квалитетно решение...

Zero Science Lab
Македоснска лабораторија за истражување и развој на информациска безбедност