IT.com.mk на Twitter IT.com.mk на Facebook IT.com.mk на Flickr IT.com.mk RSS канали
Почетна arrow Дамјан Арсовски arrow Е-маркетинг arrow Ќе бидеме ли сведоци на веб 2.0 избори?
 
 
е-Бизнис 2.0
Услуги и анализи, ИТ новости, Е-бизнис, Интернет, Е-маркетинг
RSS Канал  
Е-пошта  
Биографија  
 
 
Дамјан Арсовски
 
 
Ќе бидеме ли сведоци на веб 2.0 избори? Испечати Е-пошта
Автор: Дамјан Арсовски   
Објавено на: 05.02.2009
Предизборната кампања на Барак Обама на последните претседателски избори во САД, во вистинско издание ја покажа моќта на интернетот и како овој медиум може да се искористи за пренесување на политички пораки, на многу поевтин и поефикасен начин отколку "стандардниот" маркетинг... А мислам и дека сите ќе се сложиме дека токму поддржувањето на новите технологии и активното онлајн присуство, кое вклучуваше учество во друштвени мрежи па се до поддршка на граѓанско новинарство и создавање на веб апликации, му ја донесе историската победа на Обама.

Инспирирани и подучени од "Обамаркетингот", блогерите Љупчо Зорески и Емил Јакимовски, двајцата поддржувачи и поранешни студенти на професорот Ѓорѓе Иванов, направија храбар потег и објавија блог посветен на кандидатот за претседател и неговата предизборна кампања. А уште поинтересно е што на блогот се објавени линкови до профилите посветени на Ѓорѓе Иванов на друштвените мрежи и веб 2.0 сервиси како Facebook, YouTube, Twitter, MySpace и PhotoBucket.

"Ова е официјалниот блог поддржувачи на претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Д-р Ѓорѓе Иванов. Добредојдени сте. Информирајте се тука за најновите активности. Содржините ќе бидат навреме ажурирани, информациите ќе ги добивате навремено." - се вели во првиот пост на блогот објавен на 29 Јануари.

Ќе бидеме ли сведоци на веб 2.0 избори?
Блогот на поддржувачите на Ѓорѓе Иванов

Блогот досега содржи само неколку постови во кои директно се пренесени информациите за кандидатот напишани од традиционалните медиуми, а најверојатно и идните постови ќе бидат со овој концепт, што и до некаде е во ред доколку се земе во предвид дека станува збор за неофицијален блог.

На профилот на YouTube посветен на кандидатот досега може да се пронајдат 6 објавени видеа преземени од А1, додека на Twitter досега е објавен само еден пост.

Ќе бидеме ли сведоци на веб 2.0 избори?
Twitter профилот посветен на кандидатот

Од сите наведени сервиси, се чини дека најпопуларен е Facebook профилот на Иванов, каде што листата на пријатели содржи над 800 лица, додека на MySpace само 20.

Oваа постапка на двајцата поддржувачи на претседателскиот кандидат ме натера да размислам на темата политички е-маркетинг во Македонија и каква е неговата блиска иднина во овие услови.

Дали нашите политичари ќе се решат да го применат во своите кампањи на претстојните локални и претседателски избори закажани за 22 Март? Ќе имаме ли лични и официјални блогови на кандидатите каде што ќе го искажуваат своето мислење? Дали доколку се впуштат во политички е-маркетинг, би го добиле истиот ефект како што го имаше Обама? Како народот би го прифатил тоа? Дали во Македонија може да се извлече вистинска вредност од активна онлајн политичка кампања, има ли воопшто публика за такво нешто?

Дали "земјата на информатичари" во која беше одбиен предлогот за електронско гласање, ќе биде сведок на веб 2.0 избори, ако смеам така да ги наречам... или уште е прерано за иновативни и донекаде ризични пристапи?


Клучни зборови:  Е-маркетинг   Интернет маркетинг   Политика   Избори   Ѓорѓе Иванов   Блог   Блогирање   Нови медиуми   Веб 2.0   Политички маркетинг   Претседател   Кандидат   Обама   Кампања

 
Сподели:
Кајмакот
Digg
Technorati
Stumble
Reddit
YahooMyWeb
Delicious
Ma.gnolia
Facebook
Spurl
IT.com.mk форум

Hubble

Телескопот Hubble е лансиран од страна на САД на 24 Април, 1990 година а името го добил по астрономерот Едвин Хабл (Edwin Hubble). Hubble е LEO (Low Earth Orbiting) тип на сателит кој е лоциран 600 километри над површината на Земјата. Телескопот завршува цела орбита околу Земјата секои 97 минути.
Нема настани во наредните денови.
Корисничко име

Лозинка



RSS канали на it.com.mk

Прашалник

Дали интернетoт е основно човеково право?

(169 глас/а)

  • 75.7%
  • 7.1%
  • 5.9%
  • 11.2%

Низ it.com.mk Блог Сервиси Маркетинг
Вести
Статии
Форум
Рецензии
Совети & трикови
Преземања
Настани
Барометар
Едуцентар
Препорачуваме
Сите блогови
е-Бизнис 2.0
Uid=0
Хардверманија
Компјутерска сигурност
Apple
Линукс блог
Веб-Соц Свет
Членство
Е-билтен
RSS канали
PDA верзија

Профили
Facebook профилTwitter профилIT.com.mk @ Flickr
IT.com.mk @ YouTubeLinkedIn профилFriendFeed профил
Каква музика слушаат ИТ луѓето?Препорачуваме линкови преку Delicious Главен RSS канал
Заработете со Whost.mk
Поставете линк или банер до whost.mk и заработете од секоја продажба..
http://www.whost.mk/affiliates.aspx

Aironet.mk - Безжичен Интернет
Едноставно и квалитетно решение...

Zero Science Lab
Македоснска лабораторија за истражување и развој на информациска безбедност