На Наградата на светскиот самит за Македонија која се одржа во декември имав големи тешкотии да му објаснам на жирито што значи тоа "бета" што стои на сајтот над логото, откако бевме посочени како сајт кој не е довршен и сеуште се тестира само заради тие четири букви. Мојата "одбрана" се состоеше во објаснување што всушност значи "бета на сајт" и "бета на софтвер". А мојот најсилен аргумент (барем според мене :-))) беше тоа што веб сајт, особено оние популарните, никогаш не излегуваат од "бета" верзија бидејќи постојано мора да ги следат последните трендови во технологијата и да ги имплементираат за да можат да имаат задоволни, или пак воошто посетители. :-) Клучни зборови: СајтНаграда на светскиот самитWSAБетаВерзијаСајтПорталВебПроектFacebookФејсбукFacebook ConnectАпликацијаКоментариКориснициПосетители
Денеска акциите на Yahoo! ја достигнаа најниската вредност во последните пет години, достигнувајќи цена во крајните часови од тргувањето од 15.31 US долари. Со ова, вредноста на акциите практично сепреполови од понудената цена во Февруари кога Ballmer испрати понуда до извршниот директор Jerry Yang и кога Microsoft беше спремен да даде $31 за една акција. Понудата беше одбиена затоа што Yahoo! бараше подобра цена (37-40$) и упорно тврдеше дека вреди повеќе од понуденото. Клучни зборови: Yahoo!MicrosoftJerry YangSteve BallmerМикрософтЈахуБалмерЈангПонудаАкцииЕкономска кризаGoogle
Втор ден. Повторно публика од над 3.000 луѓе желни да го разберат веб 2.0 трендот. Денот започна со презентациите на легендарниот Tim O`Reilly и Clay Shirky. O`Reilly зборуваше за тоа како ИТ луѓето треба да престанат да трошат време на развој на бескорисни апликации и дека треба ги насочат силите во иновативноста кон решавањето на проблемите во светот, кои ги има многу. Неговата презентација опфати некои навистина клучни работи околу веб 2.0 трендот. Клучни зборови: Web2exponyWeb2expoWeb 2.0Веб 2.0КонференцијаНастанИнтернетTim O`ReillyClay ShirkyПрезентација
Масовен број на веб дизајнери, програмери, девелопери, бизнис и проект менаџери, маркетинг луѓе, блогери па дури и луѓе од инвестициски фондови денеска беа дел од навистина возбудливиот Web 2.0 Expo New York. Првиот, всушност вториот ден од конференцијата (првиот беше 16-ти и тогаш се одвиваа само работилниците), започна стандардно за вакви конференции во 9 часот наутро, и учесниците на конференцијата која инаку е затворена за јавност (за да учествувате мора да сте дел од компанија која се занимава со нешто во оваа индустрија) имаа можност да присуствуваат на разни сесии и да ги чујат мислењата на експерти вработени во eBay, Microsoft, IBM, O'Reilly и други слични компании кои практично ги диктираат трендовите. Клучни зборови: Web2exponyWeb 2.0 Expo New YorkVeb 2.0Веб 2.0КонференцијаНастанИнтернетИндустријаЕкспертиЊујоркЕкспо
Со огромно задоволство ви го пишувам овој пост директно од Javits центарот во Њујорк каде што од 16 до 19 Септември се одвива конференцијата Web 2.0 Expo New York. Во овој пост само ќе најавам дека откако ќе заврши конференцијата ќе може да очекувате детална рецензија на IT.com.mk и во продолжение ќе објавам неколку слики. Кога ќе имам слободен момент, нормално и добра интернет конекција ќе го полнам сетот Web 2.0 Expo NY на нашиот Flickr профил со нови слики... не занемарувајте доколку на сликите моментално нема коментари или наслови, тоа ќе го додадеме накнадно. Клучни зборови: Веб 2.0КонференцијаВеб 2.0 Експо ЊујоркWeb 2.0 Expo NYConferenceKonferencijaVeb 2.0ИнтернетНастани
Откако пред 3 дена почнаа проблемите и јавувањето на разни грешки кои не дозволуваа вчитување на почетната страна на порталот, целата екипа на IT.com.mk, а и многу други надворешни соработници, експерти и пријатели седнаа и почнаа да го студираат овој проблем. После непреспиени три дена, денеска од околу 17:00 часот порталот е повторно функционален. Клучни зборови: Дамјан АрсовскиIT.com.mkSEFГрешкаПрекинСерверТехнички проблеми
Во периодот од 3 Мај до некаде при крајот на оваа недела (неделата завршува на 18 Мај), IT.com.mk ќе има мал прекин во објавување на нови содржини. Ова се должи на внатрешна реорганизација и правење планови за понатамошната работа на порталот како и другите проекти кои треба да бидат објавени во блиска иднина.
По скоро 3 месеци преговори, закани, ултиматуми, мал милион шпекулации за што навистина ќе се случи, обиди за вовлекување на Google во преговорите, експертски анализи за реалната вредност на компаниите и голем број на предвидувања... и по уште многу дешавки и случувања, приказната за Microhoo заврши со испраќање на официјално писмо од страна на Балмер до Џери Јанг во која беше објавено повлекувањето на понудата за купување на Yahoo!. Клучни зборови: MicrosoftYahoo!МикрософтЈахуMicrohooБалмерЈангИнтернет
Денеска Yahoo! ги објави своите финансиски резултати за првата четвртина од 2008 година, кои ги надминаа очекувањата на аналитичарите кои очекуваа 1.32 милијарди US долари. Споредено со резултатите од минатата година, компанијата бележи пораст на својот профит кој изнесува 1.35 милијарди долари од 7 проценти. Клучни зборови: Дамјан АрсовскиYahoo!ЈахуMicrosoftМикрософтПрофитИзвештај
Робот веќе има убиено човек. Во летото во 1981, електро инжинер поправал еден индустриски робот во Јапонија во фабрика за гуми, кога одеднаш роботот почнал да ги извршува своите функции... инжинерот, кој се нашол на неговиот пат бил зафатен од рачките на машината.