IT.com.mk на Twitter IT.com.mk на Facebook IT.com.mk на Flickr IT.com.mk RSS канали
Почетна arrow Дамјан Арсовски arrow ИТ новости arrow Дали Yahoo! погрешно настапи со Microsoft?
 
 
е-Бизнис 2.0
Услуги и анализи, ИТ новости, Е-бизнис, Интернет, Е-маркетинг
RSS Канал  
Е-пошта  
Биографија  
 
 
Дамјан Арсовски
 
 
Дали Yahoo! погрешно настапи со Microsoft? Испечати Е-пошта
Автор: Дамјан Арсовски   
Објавено на: 07.10.2008
Денеска акциите на Yahoo! ја достигнаа најниската вредност во последните пет години, достигнувајќи цена во крајните часови од тргувањето од 15.31 US долари. Со ова, вредноста на акциите практично се преполови од понудената цена во Февруари кога Ballmer испрати понуда до извршниот директор Jerry Yang и кога Microsoft беше спремен да даде $31 за една акција. Понудата беше одбиена затоа што Yahoo! бараше подобра цена (37-40$) и упорно тврдеше дека вреди повеќе од понуденото.

Дали Yahoo! погрешно настапи со Microsoft?
Графички приказ на вредноста на акциите на Yahoo!

Наспроти преполовената цена која можеби некои од вас ќе ја оправдаат со економската криза на Вол Стрит и ќе кажат дека и други компании како Apple се соочуваат со истото, интересно е да се забележи и дека компанијата веднаш по одбивањето на понудата започна да преговара за соработка со Google преку која ќе истакнува и заработува од AdSense реклами во својот пребарувач.

И преговорите со Google кои се во завршна фаза беа паузирани пред неколку дена затоа што владините регулаторни комисии на САД сакаат подетално да ги разгледаат ефектите од ова партнерство. Со ова Yahoo! забележа уште еден пораз...

Немајќи многу избори, се шпекулира дека Yahoo! сеуште разгледува некоја комбинација со Time Warner за присвојување на AOL и инкорпорирање на овој портал во нивната стратегија.

Уште поинтересно ќе биде да се види што ќе се случи при крајот на овој месец, односно на 21 Октомври кога компанијата се очекува да ги пријави своите финансиски резултати од работењето во третиот квартал од оваа година, кои според сите анализи и очекувања а и моменталната економска криза резултатите би требало да бидат доста негативни.

Само со испраќањето на понудата на 1-ви Февруари, Ballmer ја зголеми вредноста на акциите на Yahoo! за скоро 10$ (на 31 Јануари, 2008 вредеа 19.18 долари, а утредента 28.38$). Во овој сплет на околности, искрено го замислувам до некаде лудиот Ballmer како сега му се потсмева на Yahoo! и праќа е-маил до бордот на компанијата во стил:

"Требаше да ја прифатите мојата понуда..." :-)))


Клучни зборови:  Yahoo!   Microsoft   Jerry Yang   Steve Ballmer   Микрософт   Јаху   Балмер   Јанг   Понуда   Акции   Економска криза   Google

 
Сподели:
Кајмакот
Digg
Technorati
Stumble
Reddit
YahooMyWeb
Delicious
Ma.gnolia
Facebook
Spurl
IT.com.mk форум

Facebook > Pоrn

Во Октомври 2007 година, магазинот Time и официјално прогласи дека друштвените сајтови на интернет се по популарни од сајтовите со порнографски содржини.
Нема настани во наредните денови.
Корисничко име

Лозинка



RSS канали на it.com.mk

Прашалник

Дали интернетoт е основно човеково право?

(77 глас/а)

  • 76.6%
  • 6.5%
  • 6.5%
  • 10.4%

Низ it.com.mk Блог Сервиси Маркетинг
Вести
Статии
Форум
Рецензии
Совети & трикови
Преземања
Настани
Барометар
Едуцентар
Препорачуваме
Сите блогови
е-Бизнис 2.0
Uid=0
Хардверманија
Компјутерска сигурност
Apple
Линукс блог
Веб-Соц Свет
Членство
Е-билтен
RSS канали
PDA верзија

Профили
Facebook профилTwitter профилIT.com.mk @ Flickr
IT.com.mk @ YouTubeLinkedIn профилFriendFeed профил
Каква музика слушаат ИТ луѓето?Препорачуваме линкови преку Delicious Главен RSS канал
Заработете со Whost.mk
Поставете линк или банер до whost.mk и заработете од секоја продажба..
http://www.whost.mk/affiliates.aspx

Aironet.mk - Безжичен Интернет
Едноставно и квалитетно решение...

Zero Science Lab
Македоснска лабораторија за истражување и развој на информациска безбедност