IT.com.mk на Twitter IT.com.mk на Facebook IT.com.mk на Flickr IT.com.mk RSS канали
Почетна arrow Дамјан Арсовски arrow ИТ новости arrow Microhoo: Балмер се налути
 
 
е-Бизнис 2.0
Услуги и анализи, ИТ новости, Е-бизнис, Интернет, Е-маркетинг
RSS Канал  
Е-пошта  
Биографија  
 
 
Дамјан Арсовски
 
 
Microhoo: Балмер се налути Испечати Е-пошта
Автор: Дамјан Арсовски   
Објавено на: 06.04.2008
Стив Балмер, извршниот директор на Microsoft денеска на бордот на директори на Yahoo! им даде три недели да решат дали ќе го прифатат нивниот предлог и изјави дека Microsoft нема намера да ја зголеми својата понуда... Ова се случува откако тимовите на двете компании составени од менаџери, правници и сметководители се состанаа по втор пат во претходнава недела и не постигнаа никаков договор.
Во официјално писмо упатено до бордот, напишано со строг тон и во стил на Балмер, тој истакнува дека претходната понуда на Microsoft од 31 US долар по акција е доста голема и е таква со цел превземањето на Yahoo! да се извршело пријателски и во краток период... за жал веќе два месеци ништо слично не се случило.

Microhoo!Балмер истакнува дека биле постигнати ограничени преговори помеѓу двете компании, но не било преговарано ништо значајно што би дало конкретни одговори бидејќи менаџментот на компанијата избегнувал средби со Microsoft.

Тој исто така тврди дека понудата е најдобрата алтернатива за Yahoo! споредена со онна на другите компании со кои компанијата преговара и дека со неа акционерите би биле навистина задоволни.

И покрај последните напори на Yahoo! да го зголемат својот дел со усвојување на нова 3 годишна стратегија со која се очекува зголемување на профитот од 1,9 милијарди US долари во 2007 на 3,7 милијарди до 2010, Балмер во писмото објаснува дека Yahoo! мора да се соочи со реалноста дека нивниот дел од пазарот полека се намалува и мора да биде превземено нешто во најкраток можен рок. Тој повикува на повторно состанување и преговарање со цел да се финализира договор во следните три недели, а ако тоа не се случи, планира да ја пренесе својата понуда директно до акционерите на Yahoo! со што доколку овој потег е успешен, ќе постои можност и бордот на директори да биде сменет.

Со давање на овој ултиматум, Microsoft докажа дека практикува внимателно планирана стратегија, додека Yahoo! сеуште делува малку изгубено и во дилема.

Извршниот одбор на Yahoo! се очекува да се состане во следните неколку дена да го дискутира писмото и ултиматумот на Балмер.

Балмер го направи својот потег, на ред е Џери Јанг, извршниот директор на Yahoo!...

*Писмото може да го прочитате на следниов линк.


Клучни зборови:  Дамјан Арсовски   Yahoo!   Microsoft   Јаху   Микрософт   Понуда   Ултиматум

 
Сподели:
Кајмакот
Digg
Technorati
Stumble
Reddit
YahooMyWeb
Delicious
Ma.gnolia
Facebook
Spurl
IT.com.mk форум

Twitter посетеност

Бројот на посетители на Twitter.com се зголемил двојно во Март, 2009, од 4.3 милиони во Февруари на 9.3 милиони. Порастот на популарноста на сервисот за микро-блогирање се должи на неговата присутност во традиционалните медиуми, како и отворање на профили од страна на популарните холивудски ѕвезди.
Нема настани во наредните денови.
Корисничко име

Лозинка



RSS канали на it.com.mk

Прашалник

Дали интернетoт е основно човеково право?

(187 глас/а)

  • 73.8%
  • 6.4%
  • 6.4%
  • 13.4%

Низ it.com.mk Блог Сервиси Маркетинг
Вести
Статии
Форум
Рецензии
Совети & трикови
Преземања
Настани
Барометар
Едуцентар
Препорачуваме
Сите блогови
е-Бизнис 2.0
Uid=0
Хардверманија
Компјутерска сигурност
Apple
Линукс блог
Веб-Соц Свет
Членство
Е-билтен
RSS канали
PDA верзија

Профили
Facebook профилTwitter профилIT.com.mk @ Flickr
IT.com.mk @ YouTubeLinkedIn профилFriendFeed профил
Каква музика слушаат ИТ луѓето?Препорачуваме линкови преку Delicious Главен RSS канал
Заработете со Whost.mk
Поставете линк или банер до whost.mk и заработете од секоја продажба..
http://www.whost.mk/affiliates.aspx

Aironet.mk - Безжичен Интернет
Едноставно и квалитетно решение...

Zero Science Lab
Македоснска лабораторија за истражување и развој на информациска безбедност