Почетна arrow Дамјан Арсовски arrow ИТ новости arrow Microsoft си доби одговор
 
 
е-Бизнис 2.0
Услуги и анализи, ИТ новости, Е-бизнис, Интернет, Е-маркетинг
RSS Канал  
Е-пошта  
Биографија  
 
 
Дамјан Арсовски
 
 
Microsoft си доби одговор Испечати Е-пошта
Автор: Дамјан Арсовски   
Објавено на: 08.04.2008
Денеска извршниот директор на Yahoo! Џери Јанг и Рој Босток, председател на бордот на директори на компанијата, одговорија на писмото на Стив Балмер во кое повторно рекоа на Microsoft дека за да размислуваат за продажба на компанијата понудата мора да е поголема од сегашната. Во писмото во кое Јанг и Босток на извршниот директор на Microsoft му се обратија со "Стив" (сигурно со цел да ја прикажат својата лутина за добиеното писмо) беше исто така назначено дека Yahoo! продолжува да бара алтернативни решенија (просто кажано други компании заинтересирани да ги купат) за нивната иднина но понудата на Microsoft им останува како опција.

Во меѓувреме, првичната понуда на Microsoft која изнесуваше 44.6 милијарди US долари ($31 по акција) падна на 42 милијарди затоа што акциите на Microsoft достигнаа цена од 29.36 долари.  Акциите на Yahoo! пак, заклучно со денешните извештаи од берзата се намалија и сега изнесуваат 27.70 долари.

Реално после сите овие случувања, постои можност Microsoft да ја зголеми својата понуда доколку на 22 Април (како што е планирано) се објават извештаите за остварен профит на Yahoo! од првата четвртина во 2008 и се забележат позитивни резултати. Доколку нема ништо позитивно во нив, најверојатно Yahoo! ке си ги преиспитаат своите одлуки и со наведната глава ќе тркнат до Редмонд.

Во своето писмо Јанг и Босток исто така ги истакнаа новите подобрувања кои компанијата ги претставува на пазарот и кои се дел од нивната стратегија за зацврстување на позицијата на светскиот пазар. Официјалното писмо беше завршено со зборовите:

"ние нема да дозволиме ти или било кој друг да ја превземе компанијата за сума која не ја одсликува вистинската вредност."

Оваа реакција на Yahoo! само докажа дека играта на големите момци продолжува и понатаму и дека во блиска иднина се очекуваат многу непредвидени работи...

Интересен ми беше коментарот на уредникот на блогот TechCrunch, Мајкл Арингтон, кој сите овие случувања помеѓу Microsoft и Yahoo! ги опиша со следново видео.

За да не придавам преголемо значење на ситните и неважни детали и да не ве досадувам со истите, во иднина ќе ги објавувам само најважните случувања од случајот "Microhoo" избегнувајќи ги шпекулациите кои кружат на интернет.

П.С. Писмото во оргинал е достапно на следниов линк.

Клучни зборови:  Дамјан Арсовски   Yahoo!   Microsoft   Microhoo   Балмер   Џери Јанг   Интернет   Микрософт   Јаху

 
Сподели:
Кајмакот
Digg
Technorati
Stumble
Reddit
YahooMyWeb
Delicious
Ma.gnolia
Facebook
Spurl

Bluetooth?

Технологијата Bluetooth го добила своето име по норвешкиот крал Харалд Блутут (Harald Bluetooth), кој бил познат по тоа што ги обединувал завојуваните племиња во Данска и Норвешка. Целта на технологијата исто така е да ги обедини разните технологии.
Корисничко име

Лозинка



RSS канали на it.com.mk

Прашалник

Од каде се информирате?

(117 глас/а)

  • 22.2%
  • 19.7%
  • 35.9%
  • 13.7%
  • 8.5%

Низ it.com.mk Блог Сервиси Маркетинг
Вести
Статии
Форум
Рецензии
Совети & трикови
Преземања
Настани
Барометар
Едуцентар
Препорачуваме
Сите блогови
е-Бизнис 2.0
Од различен аспект
Uid=0
Хардверманија
Компјутерска сигурност
Apple
Линукс блог
Веб-Соц Свет
Членство
Е-билтен
RSS канали
PDA верзија

Профили
Facebook профилTwitter профилIT.com.mk @ Flickr
IT.com.mk @ YouTubeLinkedIn профилFriendFeed профил
Каква музика слушаат ИТ луѓето?Препорачуваме линкови преку Delicious Главен RSS канал
IWM NETWORK - iwmnetwork.com
ИТ Консалтинг, Интерактивен маркетинг, Истражувања и анализи, Веб дизајн...

IT.com.mk маркетинг