IT.com.mk на Twitter IT.com.mk на Facebook IT.com.mk на Flickr IT.com.mk RSS канали
Почетна arrow Дамјан Арсовски arrow ИТ новости arrow Постојана бета или 100 и нешто верзии на еден сајт?
 
 
е-Бизнис 2.0
Услуги и анализи, ИТ новости, Е-бизнис, Интернет, Е-маркетинг
RSS Канал  
Е-пошта  
Биографија  
 
 
Дамјан Арсовски
 
 
Постојана бета или 100 и нешто верзии на еден сајт? Испечати Е-пошта
Автор: Дамјан Арсовски   
Објавено на: 21.02.2009
На Наградата на светскиот самит за Македонија која се одржа во декември имав големи тешкотии да му објаснам на жирито што значи тоа "бета" што стои на сајтот над логото, откако бевме посочени како сајт кој не е довршен и сеуште се тестира само заради тие четири букви. Мојата "одбрана" се состоеше во објаснување што всушност значи "бета на сајт" и "бета на софтвер". А мојот најсилен аргумент (барем според мене :-))) беше тоа што веб сајт, особено оние популарните, никогаш не излегуваат од "бета" верзија бидејќи постојано мора да ги следат последните трендови во технологијата и да ги имплементираат за да можат да имаат задоволни, или пак воошто посетители. :-)

Еден обемен веб проект никогаш неможе да биде завршен производ... бидејќи секогаш на него треба да се доработуваат и усовршуваат разни работи и да се воведуваат новини за да се задржи "свежината" и интересот кај корисниците. За среќа, некако успеав да ги убедам претставниците на жирито во тоа, од кои добивав совети "де бе тргнете го тоа бета не си правите проблеми", и на крајот се донесе одлука да не бидеме елиминирани... барем засега. Во Март се финалните одлуки на светското жири.

WSA

Причината за пишување на овој пост само го докажува моето тврдење дека веб сајт никогаш не е завршен проект и дека секогаш треба да се следат новостите и трендовите. Да прејдам на главното...

Вчера, Facebook дополнително ја "подотвори" својата платформа за создавање апликации со тоа што ја претстави апликацијата за оставање коментари на било кој сајт користејќи го Facebook Connect и базата на корисници на друштвената мрежа.

Апликацијата Comments Box може да се преуреди и лесно да се модерира, а содржините на кои корисник на Facebook ќе коментира се прикажуваат и во неговиот профил со што дополнително се поттикнува подобра дискусија со пријатели во неговиот круг. Предноста на оваа апликација е тоа што автоматски ги пренесува опциите за приватност кои корисникот си ги подесил на својот профил, како и јазикот на кој тој го користи Facebook.

Знаејќи дека имаме сериозни проблеми со мостот помеѓу порталот и форумот и регистрираните членови имаат проблеми со оставање на коментари, решив малку подетално да ја разгледат апликацијата. Откако видов дека станува збор за доста интерактивна алатка, охрабрен од фактот дека Facebook во Македонија доживува неверојатен пораст и веќе содржи над 120.000 регистрирани членови, му предложив на тимот да ја интегрираме апликацијата на IT.com.mk.

По неколку часовно имплементирање и тестирање, дојдовме до заклучок дека апликацијата работи одлично (проблеми имаат оние кои користат Opera, но одлично функционира со Firefox и IE) и дека треба да им дадеме можност на нашите посетители полесно да коментираат и дискутираат за објавените содржини. Се прашувам доколку се деклариравме како "завршен" производ, дали ќе требаше да објавиме нова верзија на IT.com.mk... ако размислувавме во таа насока, со секоја промена што ја имаме направено од почетокот па до сега... ова би било верзија 100 и нешто на IT.com.mk. :-))))

Постојана бета или 100 и нешто верзии на еден сајт?
Како изгледа апликацијата...

Досега можноста за оставање на коментари беше достапна само на ИТ блоговите. Од денеска, посетителите на IT.com.mk ќе можат да оставаат коментари на секоја објавена содржина, вклучувајќи вести, статии, блогови, совети и рецензии. И да, иаку ова е апликација поддржана од Facebook и базирана на нивна платформа, немора да сте нивен член за да постирате мислење. Само пополнете го вашето име и е-маил (по ваша желба) и Captcha и вашето мислење ќе биде постирано.

Постојана бета или 100 и нешто верзии на еден сајт?
Може да објавите свој коментар дури и ако немате Facebook профил

Кога сме веќе кај промените... Поради големиот избор на теми кои ги покриваме во делот новости, за да биде полесно да се пребарува ги изменивме категориите на менито „Вести“ кое сега содржи 10 категории наместо поранешните две.

Но доколку барате постара содржина од 17.02.2009, барајте ја во категоријата „Свет“, односно „ИТ.МК“ за текстови поврзани со Македонија.

Причината за непреместување на постарите вести во различни категории е тоа што ќе се изместат и внатрешните и надворешните линкови (на Facebook, Kajmak.ot, Twitter, FriendFeed и други сајтови...)

Се надеваме дека и во иднина ќе продолжиме со воведување на вакви позитивни промени на IT.com.mk и ќе го направиме сајтот подобро место за дискусија и дружење. За крај, само уште едно мало соопштение: очекувајте условите за користење и приватност да бидат изменети во следните неколку денови за да одговараат на употребата на апликации и платформи како Facebook Connect.

Повелете:


Клучни зборови:  Сајт   Награда на светскиот самит   WSA   Бета   Верзија   Сајт   Портал   Веб   Проект   Facebook   Фејсбук   Facebook Connect   Апликација   Коментари   Корисници   Посетители

 
Сподели:
Кајмакот
Digg
Technorati
Stumble
Reddit
YahooMyWeb
Delicious
Ma.gnolia
Facebook
Spurl
IT.com.mk форум

Facebook нации

Според добиените статистики од Facebook во април, 2009 скоро 143.000 жители на Македонија (околу 7% од популацијата) имале свој профил на оваа друштвена мрежа. Истиот месец, 10% од србите биле Facebook корисници, додека само 3.4% од бугарите а 13.4% од хрватите биле FB членови.
Нема настани во наредните денови.
Корисничко име

Лозинка



RSS канали на it.com.mk

Прашалник

Дали интернетoт е основно човеково право?

(104 глас/а)

  • 78.8%
  • 5.8%
  • 5.8%
  • 9.6%

Низ it.com.mk Блог Сервиси Маркетинг
Вести
Статии
Форум
Рецензии
Совети & трикови
Преземања
Настани
Барометар
Едуцентар
Препорачуваме
Сите блогови
е-Бизнис 2.0
Uid=0
Хардверманија
Компјутерска сигурност
Apple
Линукс блог
Веб-Соц Свет
Членство
Е-билтен
RSS канали
PDA верзија

Профили
Facebook профилTwitter профилIT.com.mk @ Flickr
IT.com.mk @ YouTubeLinkedIn профилFriendFeed профил
Каква музика слушаат ИТ луѓето?Препорачуваме линкови преку Delicious Главен RSS канал
Заработете со Whost.mk
Поставете линк или банер до whost.mk и заработете од секоја продажба..
http://www.whost.mk/affiliates.aspx

Aironet.mk - Безжичен Интернет
Едноставно и квалитетно решение...

Zero Science Lab
Македоснска лабораторија за истражување и развој на информациска безбедност