IT.com.mk на Twitter IT.com.mk на Facebook IT.com.mk на Flickr IT.com.mk RSS канали
Почетна arrow Дамјан Арсовски arrow ИТ новости arrow Zulu.mk - македонските ТВ станици онлајн!
 
 
е-Бизнис 2.0
Услуги и анализи, ИТ новости, Е-бизнис, Интернет, Е-маркетинг
RSS Канал  
Е-пошта  
Биографија  
 
 
Дамјан Арсовски
 
 
Zulu.mk - македонските ТВ станици онлајн! Испечати Е-пошта
Автор: Дамјан Арсовски   
Објавено на: 24.12.2008
Без некоја официјална најава и подетални информации, интернет сервис провајдерот Он.нет го објави онлајн сервисот Zulu (по некоја случајност се римува со Hulu) кој овозможува гледање на македонски ТВ станици преку интернет протокол. Zulu.mk, кој сеуште е во бета фаза, нуди бесплатно онлајн емитување на 11 македонски ТВ канали во живо, а се промовира под слоганот "Plug & Play Клик & глеј".

Zulu.mk - македонските ТВ станици онлајн!

Сервисот го тестирав во различни периоди од денот и морам да кажам дека функционира одлично, иаку во некои случаи знаеше да задоцни по некоја секунда, но не верувам дека на некого би му пречело тоа.

Исто така, за пофалба е фактот што стримингот не е ограничен само на македонските интернет корисници - според моите информации, Zulu одлично функционира во Канада, Холандија, Ирак и САД (каде што беа забележани мали привремени прекини).

Ваков сличен сервис кој нуди пренесување на видео програма на неколку македонски телевизии (Kанал 5, А1, Сител, К-15...) преку интернет протокол е My-Home-TV.com, кој функционира уште од 2007 година. Сервисот на почетокот исто така беше бесплатен, но подоцна беше воведен модел кој понуди претплата од околу 10 канадски долари месечно, или 55 канадски долари за 6 месеци, односно 110 CAD за 1 година.

Дали и сервисот на Он.нет наскоро ќе воведе претплата за преземање на содржините или ќе воведе поинаков бизнис модел, ќе видиме... засега останува да уживате во бесплатните содржини кои имајте предвид дека не го "штедат" вашиот bandwidth. :-)

Zulu.mk - македонските ТВ станици онлајн!


Клучни зборови:  Zulu   Зулу   Zulu.mk   Зулу.мк   ТВ   Телевизија   Телевизии   Онлајн   Живо   ТВ станици   ТВ канали   А1   Сител   Алфа ТВ   Алсат   Пренос   Стриминг   Стримување   Он.нет   On.net   Сервис

 
Сподели:
Кајмакот
Digg
Technorati
Stumble
Reddit
YahooMyWeb
Delicious
Ma.gnolia
Facebook
Spurl
IT.com.mk форум

Facebook манија

Facebook има над 200 милиони активни корисници од кои 100 милиони се логираат на сајтот дневно. Просечниот член има 120 пријатели и повеќе од 20 милиони корисници го обновуваат својот статус барем еднаш дневно. Секој месец повеќе од 8 милиони видеа и над 850 милиони фотографии се објавени од страна на членовите. (Мај, 2009)
Нема настани во наредните денови.
Корисничко име

Лозинка



RSS канали на it.com.mk

Прашалник

Дали користите интернет на мобилен?

(390 глас/а)

  • 28.7%
  • 26.2%
  • 22.8%
  • 22.1%

Низ it.com.mk Блог Сервиси Маркетинг
Вести
Статии
Форум
Рецензии
Совети & трикови
Преземања
Настани
Барометар
Едуцентар
Препорачуваме
Сите блогови
е-Бизнис 2.0
Uid=0
Хардверманија
Компјутерска сигурност
Apple
Линукс блог
Веб-Соц Свет
Членство
Е-билтен
RSS канали
PDA верзија

Профили
Facebook профилTwitter профилIT.com.mk @ Flickr
IT.com.mk @ YouTubeLinkedIn профилFriendFeed профил
Каква музика слушаат ИТ луѓето?Препорачуваме линкови преку Delicious Главен RSS канал
Заработете со Whost.mk
Поставете линк или банер до whost.mk и заработете од секоја продажба..
http://www.whost.mk/affiliates.aspx

Aironet.mk - Безжичен Интернет
Едноставно и квалитетно решение...