IT.com.mk на Twitter IT.com.mk на Facebook IT.com.mk на Flickr IT.com.mk RSS канали
Почетна arrow Дамјан Арсовски arrow Интернет
 
 
е-Бизнис 2.0
Услуги и анализи, ИТ новости, Е-бизнис, Интернет, Е-маркетинг
RSS Канал  
Е-пошта  
Биографија  
 
 
Дамјан Арсовски
 
 
Нова Македонија - изгубени во преводот
Автор: Дамјан Арсовски   
Објавено на: 28.08.2009
Нова Македонија објави текст во кој го искритикува она што македонската интернет заедница го бараше подолго време - можноста за преведување од и на македонскиот јазик преку Google Translate. Објаснувајќи ги преводите како "изгубени и во просторот и во времето" се чини дека авторот на текстот не го разбира концептот на кој работи овој преведувачки сервис кој на многу македонски интернет корисници може да им го олесни животот и да им овозможи полесен пристап до информации.

Клучни зборови:  Нова Македонија   Гугл   Гугл транслејт   Google   Google Translate   Преводи   Преведување   Македонски јазик   Сервис   интернет   

 
Кој ги воспитува децата, интернетот или телевизијатa?
Автор: Дамјан Арсовски   
Објавено на: 02.12.2008
Советот за радиодифузија пред некој ден започна кампања за заштита на малолетната публика од програми кои можат штетно да влијаат врз нејзиниот физички, психички и морален развој. Кампањата е насловена "Да не дозволиме телевизорот да ни ги воспитува децата" и ќе биде промовирана преку телевизиски спотови создадени од Националниот аудиовизуелен совет на Романија, а се спонзорирани преку програма на Европската Комисија.

Клучни зборови:  Интернет   Телевизија   Совет за радиодифузија   Контрола   Родители   Кампања   Деца   Малолетници   Содржини   Програми   Публика

 
Chrome презеде 1% од пазарот
Автор: Дамјан Арсовски   
Објавено на: 04.09.2008
За нешто над 24 часа новото "чудо" на Google, интернет прелистувачот Chrome пенетрираше на пазарот на интернет прелистувачи со 1% и со тоа ја надмина Opera, која располага со 0.74% удел, изјавија аналитичарите на компанијата Net Applications, кои се обидуваат да ги следат перформансите на Chrome на пазарот на секој час. Од овие резултати можете само да си замислите колку моќен бренд е Google и како може да пласира било каков продукт кој искористувајќи го влијанието кај милионските корисници има огромни шанси за успех.

Клучни зборови:  Google   Chrome   Гугл   Интернет   Прелистувачи   Пазар   Пенетрација   Mozilla   Firefox   Веб   Корисници   Багови

 
За македонските медиуми... повторно!
Автор: Дамјан Арсовски   
Објавено на: 17.08.2008
Уште пред некој ден од страна на медиумите ширум светот беше актуелизирана веста за Руско-Грузиската сајбер војна која се одвива паралелно на онаа реалната. Надоврзувајќи се на оваа вест, светските медиуми дополнително ги разработија темите за начините на војување во 21 век, што всушност претставува една сајбер војна и какво влијание има таа за модерното општество. Беа пишувани и текстови за огромното влијание на Google како компанија бидејќи МНР на Грузија го пренесе во еден период и својот веб сајт на Blogger. Ваквите написи беа со цел на читателите подобро да им се објасни настаната ситуација и нејзиното влијание.

Клучни зборови:  Медиуми   Вести   Новости   Сајбер војна   Интернет војна   Хакери   Известување   Дневен печат   ТВ   НетПрес   NetPress   Сител   A1   Грешки

 
Следете ги Олимписките игри онлајн
Автор: Дамјан Арсовски   
Објавено на: 07.08.2008
На веб страната на Wired денеска беше објавен краток водич за како може да ги следите Олимписките игри преку интернет. Во викито се набројани неколку интернет сервиси и веб сајтови кои започнувајќи од официјалното отвoрање на ЛОИ (петок, 8 август) ќе емитуваат видео содржини и преноси во живо онлајн.

Клучни зборови:  ЛОИ 2008   Пекинг   Beijing   Интернет   Пренос   Олимпијада   Олимписки игри   Преглед   Видео   Содржина

 
Македонските медиуми се преполни со глупости
Автор: Дамјан Арсовски   
Објавено на: 14.07.2008
Читајќи го текстот "Интернет кафулињата се преполни со гејмери" на страната на А1, неможев да се воздржам и да не го прокоментирам. На кратко, текстот ги карактеризира гејмерите како луѓе кои висат по цели денови по интернет кафеа и играат агресивни игри во кои треба да се пука, руши и убива по што и самите стануваат агресивни и губат чувство за тоа што е реално, а што виртуелно. А да, во текстот има и мислења од "експерти".

Клучни зборови:  Медиум   Гејмер   А1   Игри   Гејминг   Информатичко општество   Македонски медиуми   Интернет кафеа   Виртуелно   World of Warcraft   Counter Strike

 
Facebook на македонски? Зависи од нас...
Автор: Дамјан Арсовски   
Објавено на: 24.06.2008
Најпопуларниот (да да, ќе го карактеризирам баш така) веб сајт за социјално вмрежување Facebook.com најави дека ќе понуди дополнителни 55 јазици за преведување преку својата апликација за преводи. Мулти-јазичноста Facebook ја започна во Февруари оваа година кога ја претстави шпанската верзија на сајтот, а воедно и широко критикуваната апликација Translations преку која подоцна за кратко време се преведоа и верзиите на француски, германски, јапонски, кинески и италијански и сл.

Клучни зборови:  Facebook   Фејсбук   Интернет   Превод   Преведување   Македонски   Јазик   Веб   Сајт   Социјално вмрежување   веб 2.0

 
Поставете прашање за Jooce.com
Автор: Дамјан Арсовски   
Објавено на: 29.03.2008

По читање на одличното интервју со создавачот на Jooce во Плагиј.ат насловено "Малечок свет: Интервју со Александар Стојаноски, основач на Jooce" стапив во контакт со Александар и со цел да не направaм уште едно "обично" интервју и инспириран од мотото на Jooce - "Power to the people", решив да им дадам шанса на членовите на IT.com.mk форумот да постават прашање кое на крај ќе му биде поставено на Александар.


Клучни зборови:  Дамјан Арсовски   Jooce.com   Александар Стојаноски   Интервју   Интернет   

 
IT.com.mk форум

Новиот Bing

Според Compete.com, пребарувачот на Microsoft - Bing, во првиот месец од своето претставување имал над 50 милиони уникатни посетители, по што ги надмина Twitter.com, Cnn.com, Digg.com.
Нема настани во наредните денови.
Корисничко име

Лозинка



RSS канали на it.com.mk

Прашалник

Дали интернетoт е основно човеково право?

(140 глас/а)

  • 75.7%
  • 6.4%
  • 6.4%
  • 11.4%

Низ it.com.mk Блог Сервиси Маркетинг
Вести
Статии
Форум
Рецензии
Совети & трикови
Преземања
Настани
Барометар
Едуцентар
Препорачуваме
Сите блогови
е-Бизнис 2.0
Uid=0
Хардверманија
Компјутерска сигурност
Apple
Линукс блог
Веб-Соц Свет
Членство
Е-билтен
RSS канали
PDA верзија

Профили
Facebook профилTwitter профилIT.com.mk @ Flickr
IT.com.mk @ YouTubeLinkedIn профилFriendFeed профил
Каква музика слушаат ИТ луѓето?Препорачуваме линкови преку Delicious Главен RSS канал
Заработете со Whost.mk
Поставете линк или банер до whost.mk и заработете од секоја продажба..
http://www.whost.mk/affiliates.aspx

Aironet.mk - Безжичен Интернет
Едноставно и квалитетно решение...

Zero Science Lab
Македоснска лабораторија за истражување и развој на информациска безбедност