Почетна arrow Дамјан Арсовски arrow Интернет arrow Македонските медиуми се преполни со глупости
 
 
е-Бизнис 2.0
Услуги и анализи, ИТ новости, Е-бизнис, Интернет, Е-маркетинг
RSS Канал  
Е-пошта  
Биографија  
 
 
Дамјан Арсовски
 
 
Македонските медиуми се преполни со глупости Испечати Е-пошта
Автор: Дамјан Арсовски   
Објавено на: 14.07.2008
 

Читајќи го текстот "Интернет кафулињата се преполни со гејмери" на страната на А1, неможев да се воздржам и да не го прокоментирам. На кратко, текстот ги карактеризира гејмерите како луѓе кои висат по цели денови по интернет кафеа и играат агресивни игри во кои треба да се пука, руши и убива по што и самите стануваат агресивни и губат чувство за тоа што е реално, а што виртуелно. А да, во текстот има и мислења од "експерти".

Неверојатно е како медиумите ни пласираат прилози/текстови со некои чудни испревртени идеи за технологијата и информатичкото општество кои овозможуваaт пред се комуникација. Термин кој што медиумите треба најдобро да го знаат и искористат.

Ова се извадоци од текстот:

Интернет кафулињата се преполни со гејмери
- Епа кој друг? Очекувам следниве денови некој текст со наслов "Рестораните се преполни со луѓе".

Да се поминуваат по пет-шест, па и повеќе часови на компјутер играјќи видео игри или сурфајќи на интернет, да се живее во сајбер простор во едно време беспросторно.
- Јас поминувам по 5-6 саат пред компјутер на интернет, во овој „нереален“ свет, јас комуницирам со луѓе како мене, со деловни луѓе, се информирам за што се случува во светот, се едуцирам ....

Од шестгодишни деца до луѓе во триесеттите години играат видео игри, несвесно заменувајќи го реалниот со виртуелен свет, во кој најчесто треба да се убијат многу противници за да се стигне на следното ниво.
- Да, точно е дека играат игри луѓе од 7 до 77 години, но дека НЕСВЕСНО го заменуваат реалниот со виртуелен свет, не би рекол, барем јас досега немам слушнато за некој гејмер да излезе на улица со безбол палка и да стопира коли, да ограбува, да тепа луѓе и притоа да го бркаат полициски коли(по надминати две ѕвездички). Од друга страна нели и во животот е така - да се работи многу, па дури и монотони работи, со цел да се стигне до нешто што го сакаме. Во светот постојат 9 милиони играчи на World of Warcraft, исто толку и на Counter Strike, но досега нема случаи на убиства или насилство предизвикани од тие игри, напротив многу од тие играчи се организираат во турнири во кои се вртат „големи“ пари, што играњето конкурентни игри добива статус на спорт.

„Играме „Кантер“, „Дота“, „Ворлд оф вор крафт“. Агресивните игри се поинтересни во интернет кафе“, рече гејмер.
- Колку подобар би бил текстот доколку реченицава завршуваше во стилот "рече гејмер на ?-годишна возраст кој веќе ? години е навлезен во гејмингот". Чисто да знаеме отприлика кој тоа зборува во множина за гејмерите и генерализира. Овој метод на лепење изјави на анонимни лица стварно ме нервира веќе подолго време, но тоа се случува често во нашиве медиуми.

Експертите предупредуваат дека ваквите игри се опасни.
- хаха... Како се тие опасни? Мислам дека експертите кои предупредуваат дека ваквите игри се опасни се поопасни.

„Јас имав можност да посматрам неколку интернет кафиња, но и подолго време една група на деца кои доаѓаа еден период. Тие играа постојано воени игри. Толку се занесуваат, дури вриштеа, се внесуваа во тоа“, вели Илија Ацевски, универзитетски професор.
- Што има лошо некој да се внесе во нешто и да посвети поголемо внимание, па дали некогаш сте посетиле маалски фудбалски натпревар или партија баскет? И Илија Ацевски е универзитетски професор по ???

„Дали има негативни последици? Секако“, рече Ацевски.
- На пример?

Велат дека остануваат со часови пред компјутер за да победат, како што велат со нивниот јазик, да ја свртат играта и повторно да почнат од почеток.
- lol.

Во Македонија досега не се направени посериозни научни истражувања за негативното влијание од долготрајното играње видео игри или постојаното сурфање на интернет. Но, научните истражувања во светот укажуваат на фактот дека таквиот начин на комуникација претставува зависност иста како зависноста од сите видови пороци.
- Во Македонија досега не се направени посериозни научни истражувања ниту пак за ПОЗИТИВНОТО ВЛИЈАНИЕ од гејмингот и постојаното сурфање на интернет. А за истражувањата во светот, чии научни истражувања?

Гејмерите се сосема обични луѓе. Тоа се деца, татковци, сопрузи, браќа, но зад компјутерскиот екран имаат друг лик, со речникот на компјутерџиите, најчесто стануваат сајбер ѕверови.
- Сајбер ѕверови?

Во речникот на компјутерџиите: "stfu".



Клучни зборови:  Медиум   Гејмер   А1   Игри   Гејминг   Информатичко општество   Македонски медиуми   Интернет кафеа   Виртуелно   World of Warcraft   Counter Strike


   

Коментари  RSS feed comment
 
 

И повторно глуп текст во ме

Од: Дамјан Арсовски на 16 јул 2008 во 02:07ч

Денеска го прочитав текстот "Интернет плукачи" во кој Утрински весник практично си ги вреѓа своите читатели. 
"Лично, се згазив од смеење читајќи го следново: 
Таквите коментари ги даваат луѓе што имаат пристап до Интернет навечер во своите домови, значи што можат финансиски да си го дозволат тоа, што, пак, сугерира дека тие не се во категоријата граѓани која „дење“ се служи со таква реторика." 
 
Цел текст тука.

 

» Пријави коментар

Во право си

Од: vik на 22 јул 2008 во 07:12ч

Апсолутно се сложувам, нема што друго да се речи. 
Никој овој "проблем" не го гледа од вакво гледно поле. Сите се како овци. Еден ќе речи нешто не е воред и сите следат по него. Bah! Не ми се трудат да ги побараат добрите работи. Гледав на телевизија, во некоја клиника користеле видео игри за да помогнат про лечење на пациентите (деца). Оти тоа не го вметнат во текстот?! 
 
Треба некој од медиумите да го прочита ова. Баш ме интересира каков коментар ќе даде.

 

» Пријави коментар

Гејмерите се Сајбер ѕверов

Од: Gonzich на 11 сеп 2008 во 01:07ч

Искрено, сега веќе не ме интересираат игрите, иако голем дел од детството сум го оставил по играчници и слично, ама сакам да преведам (во кратки црти) еден дел од еден интересен коментар на еден блог на кој што налетав деновиве.  
Коментарот има наслов „Игрите нè заслепуваат со наука“. 
Муабетот во статијата е ... 
Некој си научници прават истражување што се случува со децата додека играат. Како пример надгледуваат WOW група на играчи што пробуваат да убијат некој boss.. и не успеваат од прв пат и почнуваат да смислуваат стратегии, прават excel табели, пишуваат енергии и прават пресметки која стратегија е најдобра во кој момент...  
Сето тоа кога ке се спореди со некоја наука претставува истражување што би се вршело за некоја лабараториска вежба... и така натака... Целиот муебат во статијата е дека тие деца се надарени за наука... само што треба на прав јазик да им се пренесе...  
 
Така што мислам дека има многу интелигентни деца по играчниците и дека не треба да се споредуваат тие со некои ѕверови и слични зборови. 
 
Зашто еднаш не напишат новинарите за некои деца кои постигнале успех во Cyber Sport-от кај нас.. а имавме некои добри резултати... демек тие новинарите кога биле деца сите биле спортисти и сега децава се „дебили и ѕверови“ зашто имаат друг вид на спорт... 
 
Како и да е ... еве го линкот подоле од целосната статија. Би ја препорачал да ја прочитате. 
 
Link Text

 

» Пријави коментар

Прикажани се 3 од 3 коментари



Напиши коментар
Само регистрираните корисници можат да коментираат.
Сподели:
Кајмакот
Digg
Technorati
Stumble
Reddit
YahooMyWeb
Delicious
Ma.gnolia
Facebook
Spurl
IT.com.mk форум
RSS канали на it.com.mk

WWW2,WWW3...

Обични префикси користени од некои организации за да ги оделат своите содржини од веќе стандардизираниот WWW. Не станува збор за нова конекција, нов глобален стандард или пак Интернет 2.
Корисничко име

Лозинка



ИТ ТВ

ИТ ТВ
Низ it.com.mk Блог Сервиси Маркетинг
Вести од Македонија
Вести од Свет
Статии
Форум
Рецензии
Совети & трикови
Преземања
Настани
Барометар
Едуцентар
Сите блогови
е-Бизнис 2.0
Од различен аспект
Uid=0
Хардверманија
Компјутерска сигурност
Apple
Линукс блог
Веб-Соц Свет
Членство
Е-билтен
RSS канали

Профили
Facebook
Twitter
Flickr
Last.fm
FriendFeed
LinkedIn
MKHOST - www.mkhost.com.mk
Веб хостинг, регистрација на домени, аудио стриминг, дизајн на веб страни

IT.com.mk на Twitter