IT.com.mk на Twitter IT.com.mk на Facebook IT.com.mk на Flickr IT.com.mk RSS канали
Почетна arrow Дамјан Арсовски arrow Интернет arrow Нова Македонија - изгубени во преводот
 
 
е-Бизнис 2.0
Услуги и анализи, ИТ новости, Е-бизнис, Интернет, Е-маркетинг
RSS Канал  
Е-пошта  
Биографија  
 
 
Дамјан Арсовски
 
 
Нова Македонија - изгубени во преводот Испечати Е-пошта
Автор: Дамјан Арсовски   
Објавено на: 28.08.2009
Нова Македонија објави текст во кој го искритикува она што македонската интернет заедница го бараше подолго време - можноста за преведување од и на македонскиот јазик преку Google Translate. Објаснувајќи ги преводите како "изгубени и во просторот и во времето" се чини дека авторот на текстот не го разбира концептот на кој работи овој преведувачки сервис кој на многу македонски интернет корисници може да им го олесни животот и да им овозможи полесен пристап до информации.

Авторот на текстот "забавувајќи се" со Google Translate, се чуди како сервисот го преведува името на бившиот претседател Киро Глигоров како Вилијам Џеферсон Клинтон и целиот текст го базира на тоа.

Нова Македонија - изгубени во преводот

"На „Гугл транслејт“ ставивме пасус од колумна што се однесува на атентатот на Глигоров.

„Така, една недела пред 10 октомври, за кога беше закажана седницата за ратификација, но и големите демонстрации во организација на вонпарламентарната опозиција (ДП и ВМРО-ДПМНЕ), на 3 октомври „случајно“ се случи атентатот врз Киро Глигоров.“

Иако името на поранешниот македонски претседател „Гугл“ најчесто точно го преведува, Глигоров стана Вилијам Џеферсон Клинтон (полното име на поранешниот претседател на САД Бил Клинтон).

„Со, а њеек бефоре Оцтобер 10, њхен хе њас сцхедулед меетинг фор ратифицатион, бут тхе ларге демонстратионс организед бѕ оппоситион вонпарламентарната (ДП анд ВМРО-ДПМНЕ), он Оцтобер 3 „ацциденталлѕ“ цаме тхе ассассинатион оф Њиллиам Јефферсон Цлинтон“. <- Добро, кој може да го прочита ова!?!?!

Како вештачкиот мозок на „Гугл“ го превел Глигоров како Клинтон, па уште и дека бил вршен атентат врз него (врз Клинтон немаше атентат) - е непознато."

Авторот, наместо да го сконцентрира својот текст на предностите кои ни ги овозможува Google со ова, безполезно го критикува Translate и без аргументи расправа зошто и како Google згрешил, притоа обесхрабрувајќи голем број читатели да го користат преведувачкиот сервис и да преведуваат лесно и едноставно текстови на преку 40 јазици.

Преводите се создаваат врз принцип на компјутерски алгоритми, па така сервисот неможе да го одреди контекстот на зборови и затоа грешките се многу чести, но со се поголемото користење на Google Translate на македонски, сервисот ќе почне да учи и да се подобрува, а постои и можноста самите корисници директно да придонесат - или преку формата под преводот или пак преку испраќање на бројни билингвални и мултилингвални текстови (инструкции на следниов линк).

Македонскиот јазик беше додаден пред некој ден и навистина е смешно да очекуваме преводи без грешки. Крајно разочарувачки е тоа што традиционалните медиуми како Нова Македонија наместо да создаваат позитивна слика за она што се случува, да "плукаат" на овој начин.

Порака до авторот А.Б.: Наместо да трошиш скапоцено време и да пишуваш ваков текст, подобро исправи го неточниот превод преку формата наменета за тоа и придонеси кон развој на преводите на македонскиот јазик преку Google Translate. Еве што се е потребно = ЧЕКОР ПО ЧЕКОР!

1. Кликни на „Contribute a better translation"

Нова Македонија - изгубени во преводот

2. Наместо „William Jefferson Clinton" (а не „Њиллиам Јефферсон Цлинтон"!!!), внеси „Kiro Gligorov"

Нова Македонија - изгубени во преводот

3. И за крај, притисни го копчето „Contribute"

Нова Македонија - изгубени во преводот



Клучни зборови:  Нова Македонија   Гугл   Гугл транслејт   Google   Google Translate   Преводи   Преведување   Македонски јазик   Сервис   интернет   

 
Сподели:
Кајмакот
Digg
Technorati
Stumble
Reddit
YahooMyWeb
Delicious
Ma.gnolia
Facebook
Spurl
IT.com.mk форум

.mk Wikipedia

До почетокот на месец мај, 2009 година македонската верзија на Wikipedia содржеше околу 10.982 регистрирани членови, 31.637 статии на македонски јазик, над 105.535 страници и 5.58 просечен број на уредувања по страница.
Нема настани во наредните денови.
Корисничко име

Лозинка



RSS канали на it.com.mk

Прашалник

Дали интернетoт е основно човеково право?

(184 глас/а)

  • 74.5%
  • 6.5%
  • 6%
  • 13%

Низ it.com.mk Блог Сервиси Маркетинг
Вести
Статии
Форум
Рецензии
Совети & трикови
Преземања
Настани
Барометар
Едуцентар
Препорачуваме
Сите блогови
е-Бизнис 2.0
Uid=0
Хардверманија
Компјутерска сигурност
Apple
Линукс блог
Веб-Соц Свет
Членство
Е-билтен
RSS канали
PDA верзија

Профили
Facebook профилTwitter профилIT.com.mk @ Flickr
IT.com.mk @ YouTubeLinkedIn профилFriendFeed профил
Каква музика слушаат ИТ луѓето?Препорачуваме линкови преку Delicious Главен RSS канал
Заработете со Whost.mk
Поставете линк или банер до whost.mk и заработете од секоја продажба..
http://www.whost.mk/affiliates.aspx

Aironet.mk - Безжичен Интернет
Едноставно и квалитетно решение...

Zero Science Lab
Македоснска лабораторија за истражување и развој на информациска безбедност