Почетна arrow Блог arrow е-Бизнис 2.0 arrow За македонските медиуми... повторно!
 
 
е-Бизнис 2.0
Услуги и анализи, ИТ новости, Е-бизнис, Интернет, Е-маркетинг
RSS Канал  
Е-пошта  
Биографија  
 
 
Дамјан Арсовски
 
 
За македонските медиуми... повторно! Испечати Е-пошта
Автор: Дамјан Арсовски   
Објавено на: 17.08.2008
 

Уште пред некој ден од страна на медиумите ширум светот беше актуелизирана веста за Руско-Грузиската сајбер војна која се одвива паралелно на онаа реалната. Надоврзувајќи се на оваа вест, светските медиуми дополнително ги разработија темите за начините на војување во 21 век, што всушност претставува една сајбер војна и какво влијание има таа за модерното општество. Беа пишувани и текстови за огромното влијание на Google како компанија бидејќи МНР на Грузија го пренесе во еден период и својот веб сајт на Blogger. Ваквите написи беа со цел на читателите подобро да им се објасни настаната ситуација и нејзиното влијание.

Морам да признам дека бев зачуден за тоа како нашиве медиуми упорно ја игнорираат оваа исклучително важна вест. Решив тоа да им го посочам. Им испратив е-маил:

"Почитувани,

Во продолжение е линк до интересна вест за Руско-Грузиска сајбер војна која би требало да ја проследите и во вашите медиуми: http://it.com.mk/index.php/Vesti/Svet/Rusko-Gruziska-sajber-vojna

Поздрав,
Дамјан
Главен уредник на IT.com.mk"

Но и по 2 дена ништо не се случи, не добив ниту повратен маил од никој од 10-те медиуми, во кои имаше и онлајн весници, ТВ и печатени медиуми.

По 3 дена, НетПрес објавува напис поврзан со оваа тема, насловен "Русите ја добија првата интернет војна":

НетПрес
Вест од НетПрес

Текстот е очигледно напишан од некој што не ја познава суштинската тема на веста. Веднаш започна да се фаќа сеир за грешките.

Повторно им испратив е-маил на НетПрес, овојпат за да им укажам на грешките:

"Почитувани,

Вашиот текст насловен "Русите ја добија првата интернет војна" содржи голем број на неточни информации. Ви ги посочувам следниве грешки:
- Не е истакнат официјален став на Русија дека сајбер војната е потег на руската војска
- Ова не е прва сајбер војна во историјата
- На 7 Август не биле срушени СИТЕ грузиски сајтови
- DDoS не е НОВ вирус, туку вид на сајбер напад
- DDoS НЕ ги оневозможува операторите на сајтот да ја изменат содржината, туку ги преоптеретуваат серверите со барања
- Постои официјална интервенција од Естонците со испраќање на компјутерски експерти, Google воопшто не е вмешан во таков чин, туку Грузија самоиницијативно го користат бесплатниот сервис на Google

За порелевантни информации:
http://it.com.mk/index.php/Vesti/Svet/Rusko-Gruziska-sajber-vojna

Се надевам ќе ги исправите грешките,
Дамјан Арсовски"

Но нема никаков одговор и никаква реакција. Веста си остана таква - смешна и целосно погрешна, а бидејќи НетПрес е новинска агенција, истата таа буквално глупава вест беше проследена и во други медиуми, како на пример Точка.

Но тоа не е сé... најверојатно поттикнати од темата за оваа сајбер војна, која патем не ја објавија, македонските медиуми почнаа да пласираат вести на тема хакери, сајбер војни и онлајн случувања, но концентрирајќи се само на локално ниво. Нема потреба да напоменам дека тоа го направија целосно непрофесионално и пак во некои случаи крајно хумористично. Па така, деновиве кружеа следниве новости:

  • Сител објави вест насловена "Спорот со името - војна меѓу хакерите на интернет" во која го објави тврдењето на некоја си група наречена "Обединета бригада за разузнавање и контраразузнавање" (за која искрено не знам од каде имаат чуено ниту пак во веста се наведува од каде им се информациите за таа „бригада“) која тврди дека го хакирала сајтот на грчката влада. Поаѓајќи од помислата како грчките медиуми дигаат паника околу секој малечок настан поврзан со Македонија, доколку навистина се има случено нешто вакво ова би била топ сторија. Дополнително во истата вест се наоѓаат и онлајн случувањата и преписките кои се случуваат на Knol меѓу македонските и грчките корисници, кои претпоставувам според насловот Сител ги карактеризира како хакери.
  • Слично на Сител и Време во петокот објави напис "Хакерските војски се судрија кај Гугл" во кој индивидуалното коментирање на разни блогови и сајтови на теми поврзани со спорот со името го наслови како "националистичка војна". Во написот беше објавено и дека бил хакиран некој сајт поврзан со ноќниот живот во Македонија од страна на грчки хакери (а од каде тврдењето дека нападот не е можеби баш од Македонија туку од Грција не знам, но ете пресудиле според оставените содржини). Понатаму во текстот повторно се објаснува за анти-македонските и анти-грчките содржини на Knol и YouTube и како тоа било чин на "хакерските војски" на двете држави. Lolz
  • А1 пак, да не остане покусa додека другите објавуваат за нешто што се случува онлајн, ја објави веста "Македонија нема заштита од хакерски напади" во која појаснува дека Македонија нема официјален тим за одговор при компјутерски инциденти (нешто во вид на CIRT/CERT тимови) што е сосема точно. Наместо веста да ја поврзе со моменталната сајбер војна и уште подобро да ја објасни потребата од еден таков тим, А1 ја поткрепува со изјави на министерот Иво Ивановски кој вели дека се планира создавање на нешто такво во соработка со Центарот за управување со кризи.

Во веста на А1 и Сител изјави дава и Филип од Метаморфозис. Двете изјави се или неповрзани со остатокот од веста или пак се нејасни. Искрено не ми е јасно зошто во секој текст поврзан со ИТ во македонските медиуми се земаат изјави од само еден или двајца исти луѓе. Дали се тие експерти за сите ИТ области и се единствени познавачи на темата? Зошто да не се слушне и мислењето на некој друг кој е навистина поврзан со случувањата?

Друго, не ми е јасно зошто од една страна беше игнорирана веста за случувањата на рускиот и грузискиот сајбер простор, а од друга беа објавувани текстови за "интернет војни" помеѓу неколку македонски и грчки интернет корисници (за драматизација опишани како "хакерски војски") кои не правеле ништо друго освен што се инателе преку коментари и постови. Таквите написи на интернет се поттикнати од самите медиуми и националистичките содржини кои тие ги објавуваат.

Доколку сакаме Македонија да ја направиме "Земја на информатичари" не треба да се пишуваат и објавуваат содржини поврзани со информатичката технологија кои се целосно погрешни. За да се избегне објавувањето на ваквите и слични вести кои имаат негативно влијание, не треба луѓе кои немаат познавање од ИТ областа да обработуваат вести на таа тема без дополнително информирање.

ИТ вест не треба да се третира како една "обична" вест бидејќи за да се пренесе правилно бара дополнително разбирање кое може да се стекне на многу лесен начин, со мало истражување или "гуглање", читање на напис на Wikipedia или пак искористување на останатите можности за информирање и учење кои ги нуди глобалната мрежа. Сите сме сведоци дека доколку тоа не се направи и понатаму ќе се објавуваат смешни текстови како оној за "новиот вид на вирус - DDoS" кој ги нападнал СИТЕ грузиски сајтови. :-)

Треба да престанеме и да мислиме дека живееме надвор од светот. Ваквите текстови во кои се пишува и дека Google има пратено компјутерски експерти да помогнат на Грузија, во крајно сценарио можат да бидат опасни и за новинарите и медиумите бидејќи доколку правниот оддел на Google дојде до ваквата вест може слободно да ги тужи за објавување на неточни информации.


Клучни зборови:  Медиуми   Вести   Новости   Сајбер војна   Интернет војна   Хакери   Известување   Дневен печат   ТВ   НетПрес   NetPress   Сител   A1   Грешки


   

Коментари  RSS feed comment
 
 

Колку тажно

Од: darkoo на 18 авг 2008 во 05:09ч

Уште еден класичен доказ дека целиот медиумски истем е добро контролиран од политикат чија цел е овој народм да остане длабоко закопан во совојата земја, да не дознае ништо друго. Едноставно, ако некој нешто слушне од друго место за интернет војни, не треба да знае ништо за нив, туку се што треба да знае дека и Македонија е дел од интернет војни и точка.  
 
У ПМ.

 

» Пријави коментар

Шо лупаш глупости(мислам на

Од: delix на 24 авг 2008 во 22:43ч

Ова не докажува ни едно од твоите наведени тврдења. Ова докажува само дека медиумите ни се прости и глупави и немат појма шо прават, а ако владата беше заинтересирана за тоа што пишуваат тие и ако сакаше да ги цензурура нивните вести сигурно немаше да дозволи да троплаат ваквиглупости едноставно немаше да кажат ништо

 

» Пријави коментар

Que Idiotas!

Од: Зоран Ивановски на 25 авг 2008 во 01:42ч

Малку доцнам со репликава, која сакав да ја постирам усте кога ја објави оваа вест која убаво ме насмеа и ми го разубави денот. 
Види, Дамјан, не е проблемот само во Филип од Метаморфозис и уште еден-двајца. Тоа што се во моментот најексплоатиран и личности е вина на (ИТ) НЕПИСМЕНИТЕ новинари, кои не знаат подалеку од Метаморфозис. Верувам дека не ни чуле, или можеби пак чуле но едноставно немаат желба или капацитет да искомуницираат со други медиуми и личности.  
Да не бидам сватен погрешно, немам ништо лично против Метаморфозис. 
Но, што да се очекува, кога една од најзелените изјави што ја чув датира од 2006 година, кога една наша јавна личност (сегашен министер) истреска дека ќе се направел сервер кој ќе бил моќен, но кој нема да бил скап, ќе бил економичен (не ме фаќајте за збор, изјавата беше во тој стил, за ТВ медиумите). Изјавата содржеше толку контрадикторнос ти што целосно се побиваше самата себе. Навистина беше смепна, и беше со смеа коментирана во ИТ круговите.

 

» Пријави коментар

Да надополнам......

Од: Зоран Ивановски на 25 авг 2008 во 01:46ч

Самава вест очигледно е симната од Интернет и дадена на преведувач да ја преведе, бидејќи малку е вероватно дека БИЛО КОЈ кој е колку-толку упатен во проблематиката знае што е Distributed Denial of Service (DDoS)напад.

 

» Пријави коментар

Прикажани се 4 од 4 коментари



Напиши коментар
Само регистрираните корисници можат да коментираат.
Сподели:
Кајмакот
Digg
Technorati
Stumble
Reddit
YahooMyWeb
Delicious
Ma.gnolia
Facebook
Spurl
IT.com.mk форум
RSS канали на it.com.mk

Ј2ЕЕ

Java 2 Platform, Enterprise Edition е платформа од Sun за создавање на дистрибуирани корпоративни апликации. J2EE дејствува помеѓу корисникот и датабазите и информациските системи. Во 2005, Sun ја преименуваше платформата во Java EE.
Корисничко име

Лозинка



ИТ ТВ

ИТ ТВ
Низ it.com.mk Блог Сервиси Маркетинг
Вести од Македонија
Вести од Свет
Статии
Форум
Рецензии
Совети & трикови
Преземања
Настани
Барометар
Едуцентар
Сите блогови
е-Бизнис 2.0
Од различен аспект
Uid=0
Хардверманија
Компјутерска сигурност
Apple
Линукс блог
Веб-Соц Свет
Членство
Е-билтен
RSS канали

Профили
Facebook
Twitter
Flickr
Last.fm
FriendFeed
LinkedIn
MKHOST - www.mkhost.com.mk
Веб хостинг, регистрација на домени, аудио стриминг, дизајн на веб страни

IT.com.mk на Twitter