Најпопуларниот (да да, ќе го карактеризирам баш така) веб сајт за социјално вмрежување Facebook.com најави дека ќе понуди дополнителни 55 јазици за преведување преку својата апликација за преводи. Мулти-јазичноста Facebook ја започна во Февруари оваа година кога ја претстави шпанската верзија на сајтот, а воедно и широко критикуваната апликација Translations преку која подоцна за кратко време се преведоа и верзиите на француски, германски, јапонски, кинески и италијански и сл. Клучни зборови: FacebookФејсбукИнтернетПреводПреведувањеМакедонскиЈазикВебСајтСоцијално вмрежувањевеб 2.0
Пред само 2-3 месеци Т-мобиле доби казна од 4 милиони евра заради прекршување на
Законот за заштита на конкуренцијата бидејќи наплаќале за говорното сандаче
"мејли" веднаш од моментот кога се вклучило истото, не оставајќи им
избор на корисниците дали сакаат да остават порака или не. Веднаш по
казнувањето, Т-мобиле најави дека ќе поднесе жалба, НО и дека ќе го смени
начинот за тарифирање на мејли. Морам да признам дека тоа го направиле на доста
"оригинален" начин - со скратување на времетраењето на пораката пред
вклучување на звучниот сигнал по кој тарифираат... Клучни зборови: MejliМејлиGovorna poshtaГоворно сандачеМобимакТ-мобилеКосмофонВипМобилниТарифи
Еден од најголемите светски гиганти Дојче телеком несомнено направи стратегија полека да стане монопол не само во земјите во кои компанијата е присутнa, како на пример Германија, Англија, Франција, Шпанија, Швајцарија, Италија, Хрватска, Луксембург, Белгија, Холандија... мала пауза да не ви дојде премногу читање на земји, па продолжуваме... Данска, Полска, Словачка, Австрија, Чешка, Русија, Унгарија, Македонија, Црна Гора, Бугарија, Турција, туку на целата планета... Клучни зборови: Дамјан АрсовскиДојче ТелекомТ-мобилеКосмофонКосмотеОТЕДојче ТелекомDeutsche Telekom
Откако пред 3 дена почнаа проблемите и јавувањето на разни грешки кои не дозволуваа вчитување на почетната страна на порталот, целата екипа на IT.com.mk, а и многу други надворешни соработници, експерти и пријатели седнаа и почнаа да го студираат овој проблем. После непреспиени три дена, денеска од околу 17:00 часот порталот е повторно функционален. Клучни зборови: Дамјан АрсовскиIT.com.mkSEFГрешкаПрекинСерверТехнички проблеми
Навистина ми е драго што целта на овој пост ми е да ве известам за склучениот договор за соработка помеѓу нашиот (и вашиот) портал за информатичка технологија и компанијата iDevelop А.Д. од Скопје. Целта на овој договор е да се објават што повеќе информации преку содржини кои ќе им објаснат на бизнис менаџерите и интернет корисниците во Македонија како на најдобар начин да ги искористат е-бизнисот и разните интернет технологии за развој и подобрување на понудените услуги. Клучни зборови: Дамјан АрсовскиСоработкаБизнисЕ-бизнисиДевелопiDevelopДијана ДимитровскаActive ReceptionБерза
Во периодот од 3 Мај до некаде при крајот на оваа недела (неделата завршува на 18 Мај), IT.com.mk ќе има мал прекин во објавување на нови содржини. Ова се должи на внатрешна реорганизација и правење планови за понатамошната работа на порталот како и другите проекти кои треба да бидат објавени во блиска иднина.
По скоро 3 месеци преговори, закани, ултиматуми, мал милион шпекулации за што навистина ќе се случи, обиди за вовлекување на Google во преговорите, експертски анализи за реалната вредност на компаниите и голем број на предвидувања... и по уште многу дешавки и случувања, приказната за Microhoo заврши со испраќање на официјално писмо од страна на Балмер до Џери Јанг во која беше објавено повлекувањето на понудата за купување на Yahoo!. Клучни зборови: MicrosoftYahoo!МикрософтЈахуMicrohooБалмерЈангИнтернет
Пред некој ден на е-маил ми пристигна порака од Славчо Чунгурски, вработен во ИТ секторот а воедно и како асистент на приватниот факултет ФОН во кој ни беше претставен неговиот Текст-во-говор софтвер наречен TTS-MK. Софтверот претставува синтетизатор на говор на македонски јазик кој е базиран на говорен корпус и кој засега служи како докторска дисертација на Славчо на ФЕИТ, а во иднина се планира да биде имплементиран во софтвер за слепи лица. Клучни зборови: Дамјан АрсовскиText-to-speechTTS-MKСинтетизаторСлавчо ЧунгурскиФЕИТФОНТекст-во-говор
Денеска Yahoo! ги објави своите финансиски резултати за првата четвртина од 2008 година, кои ги надминаа очекувањата на аналитичарите кои очекуваа 1.32 милијарди US долари. Споредено со резултатите од минатата година, компанијата бележи пораст на својот профит кој изнесува 1.35 милијарди долари од 7 проценти. Клучни зборови: Дамјан АрсовскиYahoo!ЈахуMicrosoftМикрософтПрофитИзвештај
Следејќи ги последните трендови на интернет, и обидувајќи се на што повеќе начини да се доближиме до нашите посетители и да понудиме информации на лесен и едноставен начин, одсега порталот има и официјално свој Twitter профил кој ќе го користиме за поважни известувања во врска со порталот, форумот и сите останати сервиси како и за известување во врска со разни активности и настани. Клучни зборови: Дамјан АрсовскиIT.com.mkTwitterТвитерБлогИзвестувањеНови Интерактивност
Повеќе од 50% од сите твитови на Twitter се објавени користејќи мобилни и веб-базирани алатки, а не платформата на Twitter.com. Најпопуларен сервис е TweetDeck со 19.7% искористеност. (Мај, 2009)