|
|
Автор: Дамјан Арсовски
|
|
Објавено на: 08.04.2008
|
Денеска извршниот директор на Yahoo! Џери Јанг и Рој Босток, председател на бордот на директори на компанијата, одговорија на писмото на Стив Балмер во кое повторно рекоа на Microsoft дека за да размислуваат за продажба на компанијата понудата мора да е поголема од сегашната. Во писмото во кое Јанг и Босток на извршниот директор на Microsoft му се обратија со "Стив" (сигурно со цел да ја прикажат својата лутина за добиеното писмо) беше исто така назначено дека Yahoo! продолжува да бара алтернативни решенија (просто кажано други компании заинтересирани да ги купат) за нивната иднина но понудата на Microsoft им останува како опција.
Клучни зборови: Дамјан Арсовски Yahoo! Microsoft Microhoo Балмер Џери Јанг Интернет Микрософт Јаху
|
|
|
Автор: Дамјан Арсовски
|
|
Објавено на: 06.04.2008
|
Стив Балмер, извршниот директор на Microsoft денеска на бордот на директори на Yahoo! им даде три недели да решат дали ќе го прифатат нивниот предлог и изјави дека Microsoft нема намера да ја зголеми својата понуда... Ова се случува откако тимовите на двете компании составени од менаџери, правници и сметководители се состанаа по втор пат во претходнава недела и не постигнаа никаков договор.
Клучни зборови: Дамјан Арсовски Yahoo! Microsoft Јаху Микрософт Понуда Ултиматум
|
|
|
Автор: Дамјан Арсовски
|
|
Објавено на: 01.04.2008
|
Според денешните гласини, изгледа како да Microsoft веќе ја постави својата опсада и сега мудро ќе си го чека своето, а што навистина ќе добие ќе видиме... Повторно пост околку можното купување на Yahoo! од страна на Microsoft, овој пат за да Ве известам дека гигантот од Редмонд наводно решил да си седи мирен и верува дека нема потреба од зголемување на понудата. Во текст објавен денеска во Wall Street Journal беше изјавено дека од извори во Microsoft е соопштено дека гласините за зголемување на понудата постојат само за да се привлече Yahoo! на преговарачката маса (досега компаниите се имаат сретнато само еднаш).
Клучни зборови: Microsoft Yahoo! Микрософт Јаху Е-Бизнис Интернет Понуда
|
|
|
Автор: Дамјан Арсовски
|
|
Објавено на: 29.03.2008
|
|
По читање на одличното интервју со создавачот на Jooce во Плагиј.ат насловено "Малечок свет: Интервју со Александар Стојаноски, основач на Jooce" стапив во контакт со Александар и со цел да не направaм уште едно "обично" интервју и инспириран од мотото на Jooce - "Power to the people", решив да им дадам шанса на членовите на IT.com.mk форумот да постават прашање кое на крај ќе му биде поставено на Александар. Клучни зборови: Дамјан Арсовски Jooce.com Александар Стојаноски Интервју Интернет
|
|
|
Автор: Дамјан Арсовски
|
|
Објавено на: 26.03.2008
|
Денеска акциите на Yahoo! се зголемија за 3 проценти откако повторно се раширија гласини дека Microsoft планира да настапи со нова понуда за купување на компанијата. Гласините се раширија на интернет и се иницирани од финансискиот аналитичар Марк Махани од Citigroup, кој тврди дека од причина што Microsoft е скоро очаен цврсто да навлезе во дигиталниот маркетинг нема така лесно да се откаже од присвојување на веб порталот.
Клучни зборови: Yahoo! Microsoft Берза Акции Интернет Портал Веб Балмер
|
|
|
Автор: Дамјан Арсовски
|
|
Објавено на: 21.03.2008
|
|
Дали некогаш сте се запрашале за тоа која е постапката за да станете соптвеник на com.mk поддомен? Доколку имате во предвид .com.mk поддомен кој е слободен и "спремен" за регистрација, првин треба да знаете дека за да бидете земени во предвид за регистрација на ваков поддомен од страна на Мрежниот информационен центар при Македонската академска и истражувачка мрежа (МАРНет МИЦ) мора да сте трговско друштво, домашна или странска подружница на трговско друштво во РМ, претставништво на странски лица во РМ, нотар, комора, задруга, финансиска организација, или пак физичко лице регистрирано за вршење на дејност. Покрај ова мора да ги имате поставени и именските осплужувачи (DNS сервери) за доменот кој сакате да го регистрирате и кој технички сеуште не го поседувате... Клучни зборови: Дамјан Арсовски Марнет Домен .Мк Поддомен Веб
|
|
|
Автор: Дамјан Арсовски
|
|
Објавено на: 20.03.2008
|
|
Почитувани посетители дозволете да ви посакаме едно големо добредојде на нашиот и вашиот ИТ портал. Местото каде што во иднина ќе имате задоволство да читате за последните случувања и новости од дигиталниот свет, статии за информатичката технологија, совети и трикови за тоа како да ги искористите вашиот софтвер и хардвер на подобар начин, и местото каде што ќе имате можност да читате реални рецензии на продукти, каде што ќе можете да го споделите Вашето мислење преку форумот со останати ИТ ентузијасти и голем број на други работи во кои се надеваме ќе уживате.
|
|
|
<< 1 2 3 4 5 >> |