Бидејќи во Македонија има "негативен тренд на користење се повеќе англиски зборови од информатичката технологија во секојдневната комуникација", Министерството за информатичко општество реши да ја исправи таа грешка и објави поимник на македонски зборови од областа на ИТ.
(По разговор со Горан Михајловски, главниот и одговорниот уредник на весникот „Вест“ добивме извинување и се договоривме дека ќе бидеме исплатени за сите текстови на IT.com.mk)
Крадење текстови не е нешто ново низ македонските медиуми и портали. Го имам искусено од прва рака, а имам и читано за вакви случаеви. Откако ќе ги пишеме или зборуваме со „пиратите“ секогаш завршува со извинување, тргање текст или „нема више жими сé“ филозофија.
Повторно се случи. Дневниот весник „Вест“ објави 3 ИТ вести кои се „преземени“ од IТ.com.mk од збор до збор, испуштени се само неколку параграфи. Еве за што станува збор...
Џејсон Хинер (Jason Hiner), еден од авторите на блогот "Between The Lines" на популарниот ZDnet.com, денеска објави пост во кој истакна неколку трендови за 2009 и за тоа што ќе биде "ин" во новата година, а што "аут". Тој вели дека во 2009 ќе видиме многу повеќе од работите кои ќе бидат "ин"...
Министерот за образование и наука Перо Стојановски денеска изјави дека конечно се подготвени плановите за како и на кој начин ќе се обучат наставниците во основните и средните училишта за да можат да започнат со користење на имплементираните околу 100.000 компјутери ширум земјата. Исто така според изјавата, наводно и во текот на следната недела ќе се дистрибуираат планираните учебници. Клучни зборови: Компјутер за секое детеПеро СтојановскиМинистерство за образование и наукаКомпјутериПроектПрофесориУченици
Престанете со користење на продуктите на Microsoft. Windows XP, Vista, MSN, Xbox, Windows Server, Internet Explorer и многуте други, сите се за никаде! Некорисни, спори, создадени само за да може Microsoft да профитира и да ве шпиунира. Сите вие кои користите Windows немате појма од животот, а не па од информатичката технологија. Доколку користите Windows вие сте само обичен почетник. Сите вие Windows корисници сте ламери, обични манипулирани корисници и што ти не... Клучни зборови: MicrosoftMикрософтVistaВистаСофтверОперативни системиБрендКомпанијаКорпорацијаКориснициWindowsВиндоус
Напис во Време најавува дека нашиот министер за информатичко општество Иво Ивановски, со "интервенции преку нашата дијаспора" успеал да воспостави контакт со првиот човек на Paypal, кој најверојатно пресреќен од "интервенцијата" преку пријателите на нашето министерство, туку така дал "согласност Македонија од наредната година да влезе во нивниот список." Во текстот се вели и дека се планирани измени во Законот за банки со цел овој систем да профункционира како што треба кај нас. Клучни зборови: PaypalПејпалИво ИвановскиМинистерство за информатичко општествоИнтернетЕ-комерцЕ-бизнисИнтернетВрскиУргирањаИнтервенцијаВреме
Неодамна обновениот дневен весник Нова Македонија конечно, како што му доликува на еден таков медиум си доби и нов веб сајт. Пoтегот е дефинитивно за поздравување. Новиот сајт на весникот е поедноставен, попрактичен и содржи повеќе информации на едно место. Поделен е по категории како во весникот, а на почетната страна дополнително е збогатен со конвертор за курсна листа и временска прогноза. Клучни зборови: Нова МакедонијаBBCNova MakedonijaББЦИнтернетВеб сајтХРТHRTВеб 2.0ВесникМедиум
Пред само 2-3 месеци Т-мобиле доби казна од 4 милиони евра заради прекршување на
Законот за заштита на конкуренцијата бидејќи наплаќале за говорното сандаче
"мејли" веднаш од моментот кога се вклучило истото, не оставајќи им
избор на корисниците дали сакаат да остават порака или не. Веднаш по
казнувањето, Т-мобиле најави дека ќе поднесе жалба, НО и дека ќе го смени
начинот за тарифирање на мејли. Морам да признам дека тоа го направиле на доста
"оригинален" начин - со скратување на времетраењето на пораката пред
вклучување на звучниот сигнал по кој тарифираат... Клучни зборови: MejliМејлиGovorna poshtaГоворно сандачеМобимакТ-мобилеКосмофонВипМобилниТарифи
До почетокот на месец мај, 2009 година македонската верзија на Wikipedia содржеше околу 10.982 регистрирани членови, 31.637 статии на македонски јазик, над 105.535 страници и 5.58 просечен број на уредувања по страница.