IT.com.mk на Twitter IT.com.mk на Facebook IT.com.mk на Flickr IT.com.mk RSS канали
Почетна arrow Дамјан Арсовски arrow Услуги и анализи arrow Го добивте мејли
 
 
е-Бизнис 2.0
Услуги и анализи, ИТ новости, Е-бизнис, Интернет, Е-маркетинг
RSS Канал  
Е-пошта  
Биографија  
 
 
Дамјан Арсовски
 
 
Го добивте мејли Испечати Е-пошта
Автор: Дамјан Арсовски   
Објавено на: 20.06.2008
Пред само 2-3 месеци Т-мобиле доби казна од 4 милиони евра заради прекршување на Законот за заштита на конкуренцијата бидејќи наплаќале за говорното сандаче "мејли" веднаш од моментот кога се вклучило истото, не оставајќи им избор на корисниците дали сакаат да остават порака или не. Веднаш по казнувањето, Т-мобиле најави дека ќе поднесе жалба, НО и дека ќе го смени начинот за тарифирање на мејли. Морам да признам дека тоа го направиле на доста "оригинален" начин - со скратување на времетраењето на пораката пред вклучување на звучниот сигнал по кој тарифираат...

Бидејќи сум корисник на мобилните услугите уште од времето кога "постоеше" Мобимак, добро се сеќавам на проблемите кои оваа компанија ги задаваше со говорното сандаче и неговото тарифирање уште тогаш, но исто така се сеќавам на тоа дека дека пораката на говорната пошта беше подолга.

Порано кога ќе го добиевте мејли, покрај тоа што ќе ви ги земеше парите во истиот момент кога ќе го слушнете оној убав глас, мислам дека пораката одеше нешто во стил: "Го добивте мејли... па се кажуваше телефонскиот број или личната порака, па се објаснуваше како да оставите порака (со притискање на тараба или затворање и сл.)"

Целиот овој процес траеше неколку секунди, но денеска бев видно изненаден кога се обидов да повикам телефонски број кој во моментот беше недостапен и има вклучено мејли и пред да слушнам било што бев истарифиран. Мејли пораката беше: "Го добивте мејли, оставете порака по звучниот сигнал. (и се вклучува звучниот сигнал)"

Интересно е што ова траеше само 3 секунди и веднаш потоа почна тарифирањето. Во тој момент се сетив дека пораката не е како порано и е "прекратка", па си реков да проверам како е со Космофон и со ВИП и дали практикуваат иста политика.

Активирав на број од Космофон говорно сандаче кога телефонот ќе е недостапен со јавување во корисничката поддршка 124, и потоа се обидов од број на Т-мобиле да го добијам недостапниот број 075... Ја добив пораката: "You have reached the voicemail box of (се диктира бројот), at the tone please record your message, press hash or just hang up. (тука се вклучува звучниот сигнал)"

Пораката траеше некаде околу 20 секунди, не 3, ама затоа останав без 20 и нешто денари кредит и покрај тоа што исклучив пред да се вклучи звучниот сигнал.

Случајот со ВИП е следен, кога ќе се вклучи говорното сандаче, ја слушате следнава порака: "Ја добивте ВИП секретарката на +389 (се диктира бројот). Ве молиме оставете порака по звучниот сигнал."

Пораката трае најмалку 13 секунди, а ми беа наплатени околу 15 денари (вртев од 075 број) и покрај исклучувањето пред звучниот сигнал.

Намерно правев комбинации со броеви од различни мрежи за да видам што ќе се случи, и крајно сум разочаран од резултатот... но, како што вели онаа македонска поговорка: се додека има "овци", ќе има и "волна"...

Image


Клучни зборови:  Mejli   Мејли   Govorna poshta   Говорно сандаче   Мобимак   Т-мобиле   Космофон   Вип   Мобилни   Тарифи

 
Сподели:
Кајмакот
Digg
Technorati
Stumble
Reddit
YahooMyWeb
Delicious
Ma.gnolia
Facebook
Spurl
IT.com.mk форум

ENIAC

ENIAC е првиот електронски компјутер, објавен во 1946, кој тежел 30 тони, имал над 17.000 цевки и бил долг 25 метри. Денешниот десктоп компјутер во просек може да сними милион пати повеќе информации отколку ENIAC и истото да го направи 50.000 пати побрзо.
Нема настани во наредните денови.
Корисничко име

Лозинка



RSS канали на it.com.mk

Прашалник

Дали интернетoт е основно човеково право?

(112 глас/а)

  • 77.7%
  • 5.4%
  • 5.4%
  • 11.6%

Низ it.com.mk Блог Сервиси Маркетинг
Вести
Статии
Форум
Рецензии
Совети & трикови
Преземања
Настани
Барометар
Едуцентар
Препорачуваме
Сите блогови
е-Бизнис 2.0
Uid=0
Хардверманија
Компјутерска сигурност
Apple
Линукс блог
Веб-Соц Свет
Членство
Е-билтен
RSS канали
PDA верзија

Профили
Facebook профилTwitter профилIT.com.mk @ Flickr
IT.com.mk @ YouTubeLinkedIn профилFriendFeed профил
Каква музика слушаат ИТ луѓето?Препорачуваме линкови преку Delicious Главен RSS канал
Заработете со Whost.mk
Поставете линк или банер до whost.mk и заработете од секоја продажба..
http://www.whost.mk/affiliates.aspx

Aironet.mk - Безжичен Интернет
Едноставно и квалитетно решение...

Zero Science Lab
Македоснска лабораторија за истражување и развој на информациска безбедност