IT.com.mk на Twitter IT.com.mk на Facebook IT.com.mk на Flickr IT.com.mk RSS канали
Почетна arrow Дамјан Арсовски arrow Услуги и анализи arrow Кога неограниченото е ограничено
 
 
е-Бизнис 2.0
Услуги и анализи, ИТ новости, Е-бизнис, Интернет, Е-маркетинг
RSS Канал  
Е-пошта  
Биографија  
 
 
Дамјан Арсовски
 
 
Кога неограниченото е ограничено Испечати Е-пошта
Автор: Дамјан Арсовски   
Објавено на: 11.05.2009

"Неограничен интернет-сообраќај со брзина до 10 Mbps"... Неограничен сообраќај!? дефинитивно моќна понуда на T-Home за овие простори. Звучи одлично се додека не го прочитате делот напишан со мали букви кој дообјаснува "За неограничениот интернет сообраќај важи политика на фер користење која подразбира сообраќај од 150 GB месечно. Под надминувањето на овој сообраќај, брзината на пристап се намалува на 64/64 kbps."

Во оваа индустрија "неограничениот интернет" пропратен со "политика на фер користење" е доста познат маркетиншки трик, применуван од телекомите ширум целиот свет и покрај тоа што од технички аспект, денешнава технологија и нејзините ограничувања не овозможуваат остварување на такво нешто.

Кога неограниченото е ограничено

Под остварен интернет сообраќај или bandwidth по дефиниција се подразбира количеството на пренесени информации преку канал за комуникација изразена со циклуси во секунда (херци Hz) или битови во секунда (bps), односно разликата помеѓу најголемата и најмалата фреквенција што ги пропушта каналот за комуникација. Бидејќи количината на интернет сообраќајот е ограничена од капацитетите на комуникациските канали и линкови, едноставно е технички невозможно да се оствари *неограничен* сообраќај... сообраќај во огромни количини да, но не и во *неограничени*.

Сепак, триков засега функционира одлично за провајдерите... покрај Македонски Телеком од поголемите ИСП кај нас забележав дека го користат Neotel, On.net и Cabletel, кои пак под неограничено не подразбираат 150 ГБ... Cabletel под неограничено, реално мисли на 10 гигабајти трансфер во најосновниот пакет, додека Neotel и Onnet во понудата на нивниот сајт сеуште немаат прецизирано што е тоа неограничено. Верувам дека во договорите кои ги даваат на корисниците е појаснето.

Кога неограниченото е ограничено

Со рекламирање на *неограничен* интернет сообраќај, т.е. нешто што технички неможе да биде изведено, провајдерите не ги почитуваат правата на своите корисници и едноставно ги лажат своите (идни) клиенти. Тие легално заштитувајќи се под "политиката за фер користење" која никаде детално не ја објаснуваат на своите сајтови и под која наводно T-Home подразбирале 150 ГБ а Cabletel 10 ГБ, ја искористуваат довербата кај корисниците за да остварат поголеми профити. А со оглед на тоа дека повеќето компании промовираат неограничен интернет пристап, претпоставувам дека трикот функционира. А и зошто не би функционирал, од корисничка перспектива "неограничен сообраќај" звучи многу подобро од "ограничување од неколку гигабајти"...

Иаку не сме земја членка на ЕУ, се надевам дека телеком реформите кои Европската Унија планира да ги воведе наскоро ќе ја спречат оваа злоупотреба на правата на корисниците и ќе не заштитат од "неограничени" понуди.



Клучни зборови:  Интернет   Интернет провајдери   Македонски Телеком   T-Home   On.net   Neotel   Cabletel   Ограничувања   Bandwidth   Интернет сообраќај   Маркетинг   Бизнис   Корисници   Права на корисници   Неограничено

 
Сподели:
Кајмакот
Digg
Technorati
Stumble
Reddit
YahooMyWeb
Delicious
Ma.gnolia
Facebook
Spurl
IT.com.mk форум

Hubble

Телескопот Hubble е лансиран од страна на САД на 24 Април, 1990 година а името го добил по астрономерот Едвин Хабл (Edwin Hubble). Hubble е LEO (Low Earth Orbiting) тип на сателит кој е лоциран 600 километри над површината на Земјата. Телескопот завршува цела орбита околу Земјата секои 97 минути.
Нема настани во наредните денови.
Корисничко име

Лозинка



RSS канали на it.com.mk

Прашалник

Дали интернетoт е основно човеково право?

(145 глас/а)

  • 75.2%
  • 6.2%
  • 6.9%
  • 11.7%

Низ it.com.mk Блог Сервиси Маркетинг
Вести
Статии
Форум
Рецензии
Совети & трикови
Преземања
Настани
Барометар
Едуцентар
Препорачуваме
Сите блогови
е-Бизнис 2.0
Uid=0
Хардверманија
Компјутерска сигурност
Apple
Линукс блог
Веб-Соц Свет
Членство
Е-билтен
RSS канали
PDA верзија

Профили
Facebook профилTwitter профилIT.com.mk @ Flickr
IT.com.mk @ YouTubeLinkedIn профилFriendFeed профил
Каква музика слушаат ИТ луѓето?Препорачуваме линкови преку Delicious Главен RSS канал
Заработете со Whost.mk
Поставете линк или банер до whost.mk и заработете од секоја продажба..
http://www.whost.mk/affiliates.aspx

Aironet.mk - Безжичен Интернет
Едноставно и квалитетно решение...

Zero Science Lab
Македоснска лабораторија за истражување и развој на информациска безбедност