IT.com.mk на Twitter IT.com.mk на Facebook IT.com.mk на Flickr IT.com.mk RSS канали
Почетна arrow Дамјан Арсовски arrow Услуги и анализи arrow Конечно, МОН ќе ги обучи професорите!
 
 
е-Бизнис 2.0
Услуги и анализи, ИТ новости, Е-бизнис, Интернет, Е-маркетинг
RSS Канал  
Е-пошта  
Биографија  
 
 
Дамјан Арсовски
 
 
Конечно, МОН ќе ги обучи професорите! Испечати Е-пошта
Автор: Дамјан Арсовски   
Објавено на: 16.11.2008
Министерот за образование и наука Перо Стојановски денеска изјави дека конечно се подготвени плановите за како и на кој начин ќе се обучат наставниците во основните и средните училишта за да можат да започнат со користење на имплементираните околу 100.000 компјутери ширум земјата. Исто така според изјавата, наводно и во текот на следната недела ќе се дистрибуираат планираните учебници.

"Од понеделник почнува трансферот на средствата до средните училишта со упаство на кој начин треба да се реализираат обуките." изјавил Стојановски во Министерството за образование.

Ова ќе беше супер вест да беше некаде на почетокот на летото пред или за време на процесот на имплементација на компјутерите низ училиштата. Доколку тогаш наместо службениците при двете министерства да земаат годишни одмори, се концентрираа на создавање на програмата за обука на професорите и ја имплементираа, компјутерите немаше непотребно да се оштетуваат и да останат неискористени цели 3-4 месеци откако започна училишната година.

За да појаснам подобро каде според мене настанала забуната во остварување на скапиот проект "Компјутер за секое дете" создадов еден мал скетч на проектот каде што ги прикажав клучните процеси. Однапред се извинувам за моите ограничени способности за цртање, но се надевам ќе ми ја разберете поентата.

Проектот Компјутер за секое дете

Доколку подетално го анализираме скетчот на проектот, ќе заклучиме дека забуната настанала помеѓу чекорите 3 и 4 каде што е извршена имплементација на компјутерите пред да се воопшто создаде обуката за луѓето кои ќе треба на учениците да им покажат како да ги користат кинеските компјутери.

Од која причина е настаната оваа забуна и зошто е рипнат 3-от чекор, па е создаден по комплетирање на 5-от искрено не знам, но претпоставувам дека со забрзување на чекорите 4 и 5 луѓето позади овој проект ќе добијат повеќе поени од јавноста бидејќи ете, компјутерите се поставени и можеме да ги видиме и пипнеме. Колку и кога всушност проектов ќе проработи како што е планирано најверојатно и не е толку важно. Најважното е тоа што сега низ училиштата имаме 100.000 компјутери кои ги красат училниците.

Не знам зошто продолжуваме и покрај многубројните досегашни (лоши) искуства да плаќаме за добри претстави кога добиваме само поставени сцени. Се надевам дека во блиска иднина ќе бидеме сведоци на некакви промени.


Клучни зборови:  Компјутер за секое дете   Перо Стојановски   Министерство за образование и наука   Компјутери   Проект   Професори   Ученици

 
Сподели:
Кајмакот
Digg
Technorati
Stumble
Reddit
YahooMyWeb
Delicious
Ma.gnolia
Facebook
Spurl
IT.com.mk форум

Bluetooth?

Технологијата Bluetooth го добила своето име по норвешкиот крал Харалд Блутут (Harald Bluetooth), кој бил познат по тоа што ги обединувал завојуваните племиња во Данска и Норвешка. Целта на технологијата исто така е да ги обедини разните технологии.
Нема настани во наредните денови.
Корисничко име

Лозинка



RSS канали на it.com.mk

Прашалник

Дали интернетoт е основно човеково право?

(137 глас/а)

  • 76.6%
  • 6.6%
  • 5.1%
  • 11.7%

Низ it.com.mk Блог Сервиси Маркетинг
Вести
Статии
Форум
Рецензии
Совети & трикови
Преземања
Настани
Барометар
Едуцентар
Препорачуваме
Сите блогови
е-Бизнис 2.0
Uid=0
Хардверманија
Компјутерска сигурност
Apple
Линукс блог
Веб-Соц Свет
Членство
Е-билтен
RSS канали
PDA верзија

Профили
Facebook профилTwitter профилIT.com.mk @ Flickr
IT.com.mk @ YouTubeLinkedIn профилFriendFeed профил
Каква музика слушаат ИТ луѓето?Препорачуваме линкови преку Delicious Главен RSS канал
Заработете со Whost.mk
Поставете линк или банер до whost.mk и заработете од секоја продажба..
http://www.whost.mk/affiliates.aspx

Aironet.mk - Безжичен Интернет
Едноставно и квалитетно решение...

Zero Science Lab
Македоснска лабораторија за истражување и развој на информациска безбедност