IT.com.mk на Twitter IT.com.mk на Facebook IT.com.mk на Flickr IT.com.mk RSS канали
Почетна arrow Блог arrow е-Бизнис 2.0 arrow Преку врски до Paypal во Македонија!?
 
 
е-Бизнис 2.0
Услуги и анализи, ИТ новости, Е-бизнис, Интернет, Е-маркетинг
RSS Канал  
Е-пошта  
Биографија  
 
 
Дамјан Арсовски
 
 
Преку врски до Paypal во Македонија!? Испечати Е-пошта
Автор: Дамјан Арсовски   
Објавено на: 31.08.2008
Напис во Време најавува дека нашиот министер за информатичко општество Иво Ивановски, со "интервенции преку нашата дијаспора" успеал да воспостави контакт со првиот човек на Paypal, кој најверојатно пресреќен од "интервенцијата" преку пријателите на нашето министерство, туку така дал "согласност Македонија од наредната година да влезе во нивниот список." Во текстот се вели и дека се планирани измени во Законот за банки со цел овој систем да профункционира како што треба кај нас.

Па зошто трпевме толку долго без Paypal ако решението беше во пријателот на нашиот пријател?

Во текстот министерот Ивановски вели и дека "влезот на Paypal како најголем бренд е сигнал за другите земји дека Македонија е развиена земја бидејќи овој систем не влегува во секоја земја".

Не ми е јасно пред кого си удараме во груди кога јасно си пишува дека Paypal ќе заврши во Македонија преку нечии "интервенции". Paypal е присутен во некаде околу 190 "развиени земји" (според Иво Ивановски) и баш ме интересира дали и во тие земји владата морала да ургира кај некого за да го донесе овој гигант кој со самото навлегување во една земја автоматски ја прави "развиена"?

Не е дека не сум среќен за најавите за користење Paypal во Македонија, несомнено ќе ни помогне, но едноставно се прашувам што се случи со оние изјави дека Македонија е ризична земја со голем степен на сајбер криминал, извештајот на VeriSign од 2006 година кој вели дека скоро сите трансакции кои доаѓаат од Македонија се ризични и означени како можни измами и сл. Како исчезна тој сајбер криминал кој според сите анализи досега требаше да биде дуплиран заради зголемениот број на интернет корисници и продолжената државна (не)политика за борба против сајбер криминал и не преземање никакви акции или пак унапредување на службите за компјутерски криминал на МВР или ДБК.

Дали ургирањето кое некој може да го нарече и лобирање кај пријателот на нашиот пријател не прави развиена земја? Дали заслужено ќе го користиме Paypal во Македонија или пак начинот на кој системот е овозможен во нашата земја и не е толку важен? Зошто наместо на трошење време во бркање на врски и пријатели кои ќе "интервенираат" кај некого, не развиеме национална стратегија за борба против сајбер криминал, тим за одговор при компјутерски напади, не донесеме соодветни законски измени за промоција на е-бизнисот и намалување на сајбер криминалот па тогаш компаниите да фаќаат врски за влез во Македонија наместо нашата влада?

П.С. Ако некој знае кај кого во Paypal е ургирано нека ја сподели информацијата. И јас би фатил врски само за да го прашам човекот на Paypal како занемарувајќи ги сите црни факти дал зелено светло за Paypal во Македонија?

Дополнително: Следново е дел од интервјуто на министерот Ивановски за IT.com.mk, направено во Април, 2008:
Прашање: Македонија недостасува на листата на PayPal кој е еден од најпознатите сервиси за трансфер на пари преку електронски пат бидеќи е класифицирана како земја со висок степен на ризик од сајбер криминал и измами. Дали Владата има стратегија за регулирање на сајбер криминалот во земјата?

Одговор: Веќе се предвидени измени во кривичниот законик со кои што ќе се опфатат санкционите мерки при сајбер криминал. Во МВР постои одделение задолжено за сајбер криминалот, кое што ќе продолжи да се надградува со капацитети за борба против сајбер криминалот.


Клучни зборови:  Paypal   Пејпал   Иво Ивановски   Министерство за информатичко општество   Интернет   Е-комерц   Е-бизнис   Интернет   Врски   Ургирања   Интервенција   Време

 
Сподели:
Кајмакот
Digg
Technorati
Stumble
Reddit
YahooMyWeb
Delicious
Ma.gnolia
Facebook
Spurl
IT.com.mk форум

.mk онлајн

Според Државниот завод за статистика, во првиот квартал на 2008 година повеќе од 45% од домаќинствата во Македонија користеле компјутер а околу 78% од нив имале широкопојасен интернет пристап - најзастапена била ADSL технологијата кај 39.5% од домаќинствата.
Нема настани во наредните денови.
Корисничко име

Лозинка



RSS канали на it.com.mk

Прашалник

Дали интернетoт е основно човеково право?

(144 глас/а)

  • 75%
  • 6.3%
  • 6.9%
  • 11.8%

Низ it.com.mk Блог Сервиси Маркетинг
Вести
Статии
Форум
Рецензии
Совети & трикови
Преземања
Настани
Барометар
Едуцентар
Препорачуваме
Сите блогови
е-Бизнис 2.0
Uid=0
Хардверманија
Компјутерска сигурност
Apple
Линукс блог
Веб-Соц Свет
Членство
Е-билтен
RSS канали
PDA верзија

Профили
Facebook профилTwitter профилIT.com.mk @ Flickr
IT.com.mk @ YouTubeLinkedIn профилFriendFeed профил
Каква музика слушаат ИТ луѓето?Препорачуваме линкови преку Delicious Главен RSS канал
Заработете со Whost.mk
Поставете линк или банер до whost.mk и заработете од секоја продажба..
http://www.whost.mk/affiliates.aspx

Aironet.mk - Безжичен Интернет
Едноставно и квалитетно решение...

Zero Science Lab
Македоснска лабораторија за истражување и развој на информациска безбедност