Еден од најголемите светски гиганти Дојче телеком несомнено направи стратегија полека да стане монопол не само во земјите во кои компанијата е присутнa, како на пример Германија, Англија, Франција, Шпанија, Швајцарија, Италија, Хрватска, Луксембург, Белгија, Холандија... мала пауза да не ви дојде премногу читање на земји, па продолжуваме... Данска, Полска, Словачка, Австрија, Чешка, Русија, Унгарија, Македонија, Црна Гора, Бугарија, Турција, туку на целата планета...
Можеби приметивте дека ви ги набројав само европските земји, а интереснo е и тоа што во ниедна од овие земји ДТ поседува повеќе од 51% од акциите на мобилните и фиксните оператори. Покрај набројаното присуство во Европа, Дојче Телеком има и свои телеком компании на скоро секој континтент (освен Австралија и Антарктик) во кои поседува голем дел од тамошните пазари...
Следниот стратегиски чекор на Дојче Телеком е да фрлат некоја милијарда и да го купат грчкиот ОТЕ, со првично купување на околу 20% од акциите (3% од државата а останатите од приватен инвестициски фонт) а има и можност до 2011 да откупи над 40%. Со купувањето на грчкиот ОТЕ, им следува и македонскиот мобилен оператор Космофон, кој заедно со Т-Мобиле држат околу 90% од пазарот на мобилна телефонија. Тука следи заплетот, Т-мобиле е компанија во 100% сопственост на Македонски Телекомуникации, пардон го заборавив неодамнешното спектакуларно ребрендирање во Т-Хоум - телеком чии 57% од акциите им припаѓаат на Маѓар Телеком, компанија пак во која ДТ има скоро 60% од акциите. Знам знам, редот неможеш да им го фатиш..
Според шпекулациите "ќерка" компанијата на ОТЕ, Космоте, ќе се реименува во Т-Мобиле, со што и според македонскиот Закон за заштита на конкуренцијата кој карактеризира монопол како компанија која има над 40% од клиентите и услугите на нашиот пазар, Т-мобиле во земјава ќе има "чист" монопол. Кутриот ВИП...
Додека вработените во ОТЕ штрајкуваат и молат грчката влада да не им ги продава акциите на ДТ, Космофон најавува дека ќе стане и фиксен оператор (кутриот Онтел...), а Комисијата за заштита на конкуренцијата се спрема да извршува анализи за да утврди дали се работи за монопол... Па зарем не е јасно!?
Дали ќе се продаде Космофон на некој друг кој на еден или друг начин ќе испадне пак дел од групацијата на Дојче Телеком, или пак ќе се ребрендира во Т-мобиле и ќе продолжи да го "стриже" македонскиот народ со цена од над 5 денари за 1 минута, ограничени интернет пакети по скапи цени, прескапа фиксна телефонија... нам драги читатели не ни преостанува ништо, освен да седиме, да чекаме и да се надеваме за подобро утре каде што нема да чекам 10 минути за да го објавам овој пост затоа што веќе на седмиот ден од месецот ми е пројден лимитот од неколку гигабајти и брзината е "убитачна"...
Телескопот Hubble е лансиран од страна на САД на 24 Април, 1990 година а името го добил по астрономерот Едвин Хабл (Edwin Hubble). Hubble е LEO (Low Earth Orbiting) тип на сателит кој е лоциран 600 километри над површината на Земјата. Телескопот завршува цела орбита околу Земјата секои 97 минути.