IT.com.mk на Twitter IT.com.mk на Facebook IT.com.mk на Flickr IT.com.mk RSS канали
Почетна arrow Дамјан Арсовски arrow Услуги и анализи arrow TTS-MK спремен за тестирање
 
 
е-Бизнис 2.0
Услуги и анализи, ИТ новости, Е-бизнис, Интернет, Е-маркетинг
RSS Канал  
Е-пошта  
Биографија  
 
 
Дамјан Арсовски
 
 
TTS-MK спремен за тестирање Испечати Е-пошта
Автор: Дамјан Арсовски   
Објавено на: 15.10.2008
Се сеќавате на проектот "Текст-во-говор на македонски јазик" или TTS-MK? Случајно деновиве "шетајќи" на интернет ја пронајдов страната на Македонската .NЕТ корисничка група, каде што го забележав и TTS-MK проектот, овој пат во форма спремна за директно тестирање. Бидејќи се заинтересирав за овој проект, решив да го контактирам создавачот Славчо Чунгурски за да малку подобро тој ни објасни како се одвиваат работите со TTS-MK.

Во продолжение следи неговиот одговор:

"Меѓу системите за конверзија на текст во говор т.е. синтетизаторите на говор, значајно место заземаат системите кои синтетизираат говор со поврзување на претходно снимени сегменти на говор – конкатенативни синтетизатори. Ваквите системи се едноставни и не бараат детално познавање на фонемски транзиции и коартикулациони ефекти, како што е случај со другите видови на говорни синтетизатори кои се базираат на правила поставени од лингвисти.

Во Македонија постојат обиди за развој на квалитетен конкатенативен синтетизатор, меѓутоа ваквите синтетизатори биле базирани на говорни бази од други словенски јазици, да не кажам српскиот, што доведува до неприродна интонација на синтетизираниот говор на македонски јазик. Конкатенативните синтетизатори бараат поставување на озбилна задача во дефинирање и снимање на говор и негова обработка за добивање на погодни говорни сегменти. 

Првиот синтетизатор на говор на македонски јазик од овој тип е веќе спомнатиот TTS-MK, како еден сегмент од мојата докторска дисертација која ја подготвувам на Факултетот за електротехнички и информациски технологии и овој софтвер е комплетно развиен под .NET.

Општата  функционална градба на говорен синтетизатор за македонски јазик е составена од два главни модули:

  • NLP (Natural Language Processing) модул кој како влез прима текст  кој по извршената анализа на текстот и негова транскрипција во гласови, заедно со прозодичните елементи на излез дава симболичка информација за гласовите и прозодијата за соодветниот влезен текст
  • DSP (Digital Signal Processing) модул кој на влез ја прима симболичката информација за гласовите и прозодијата од NLP модулот и по соодветно процесирање на излез дава синтетизиран говор

Веќе неколку месеци постои евалуациска форма преку која можеше да се придонесе до подобрување на самиот софтвер, а повеќето учесници во евалуацијата бараа и малку да се „поиграат" со него. За таа цел TTS-MK може да се евалуира и (конечно) тестира тука.

Значи сајтот е во изработка, но TTS-MK може да се тестира. Морам да напоменам дека верзијата која таму се наоѓа е базирана на снимки кои би можеле да бидат и подобри, па оттаму доаѓа и шумот. Во моментот се работи на новите снимки кои се надевам дека набрзо ќе се најдат на овој сајт.

На сајтот (откако ќе се направи) е планирано и учество на посетителите во развојот на TTS-MK преку нивни коментари, но и преку ажурирање на библиотеките за NLP модулот."


Клучни зборови:  Текст-во-говор   Македонски јазик   Препознавање на говор   Славчо Чунгурски   TTS-MK   Проект   Говорни технологии   Синтетизатори

 
Сподели:
Кајмакот
Digg
Technorati
Stumble
Reddit
YahooMyWeb
Delicious
Ma.gnolia
Facebook
Spurl
IT.com.mk форум

Twitter сервиси

Повеќе од 50% од сите твитови на Twitter се објавени користејќи мобилни и веб-базирани алатки, а не платформата на Twitter.com. Најпопуларен сервис е TweetDeck со 19.7% искористеност. (Мај, 2009)
Нема настани во наредните денови.
Корисничко име

Лозинка



RSS канали на it.com.mk

Прашалник

Дали интернетoт е основно човеково право?

(156 глас/а)

  • 75%
  • 7.1%
  • 6.4%
  • 11.5%

Низ it.com.mk Блог Сервиси Маркетинг
Вести
Статии
Форум
Рецензии
Совети & трикови
Преземања
Настани
Барометар
Едуцентар
Препорачуваме
Сите блогови
е-Бизнис 2.0
Uid=0
Хардверманија
Компјутерска сигурност
Apple
Линукс блог
Веб-Соц Свет
Членство
Е-билтен
RSS канали
PDA верзија

Профили
Facebook профилTwitter профилIT.com.mk @ Flickr
IT.com.mk @ YouTubeLinkedIn профилFriendFeed профил
Каква музика слушаат ИТ луѓето?Препорачуваме линкови преку Delicious Главен RSS канал
Заработете со Whost.mk
Поставете линк или банер до whost.mk и заработете од секоја продажба..
http://www.whost.mk/affiliates.aspx

Aironet.mk - Безжичен Интернет
Едноставно и квалитетно решение...

Zero Science Lab
Македоснска лабораторија за истражување и развој на информациска безбедност