IT.com.mk на Twitter IT.com.mk на Facebook IT.com.mk на Flickr IT.com.mk RSS канали
Почетна arrow Дамјан Арсовски arrow Услуги и анализи arrow Тест на џиџе и табла-компјутер
 
 
е-Бизнис 2.0
Услуги и анализи, ИТ новости, Е-бизнис, Интернет, Е-маркетинг
RSS Канал  
Е-пошта  
Биографија  
 
 
Дамјан Арсовски
 
 
Тест на џиџе и табла-компјутер Испечати Е-пошта
Автор: Дамјан Арсовски   
Објавено на: 11.09.2009

Бидејќи во Македонија има "негативен тренд на користење се повеќе англиски зборови од информатичката технологија во секојдневната комуникација", Министерството за информатичко општество реши да ја исправи таа грешка и објави поимник на македонски зборови од областа на ИТ.

За да видиме што вели поимникот, се решив да направам една мала вежба. Еден ист текст ќе го напишам два пати - првин употребувајќи ги зборовите од поимникот, а потоа користејќи го "негативниот тренд на употреба на англиски јазик".

1. Препорачани ИТ зборови за користење во секојдневната комуникација од страна на МИО
======================================================================================

Пред некое време имав шанса да тестирам табла-компјутер и едно џиџе.

Џиџето го тестирав со неколку различни тестови, но повеќе време посветив инсталирајќи додатоци и обидувајќи се да го поврзам директно со мојот приватен опслужувач со цел да можам шифрирано да разменувам датотеки. На почеток имав проблеми со протоколот за пренос на датотеки, нешто домаќинот правеше проблеми, но подоцна сфатив дека сум го притиснал копчето за само големи букви. Откако го решив тој проблем, џиџето и осплужувачот функционираа во ред, освен кога имав проблеми со моето широкопојасно поврзување, најчесто затоа што давателот на интернет услуги имаше проблеми со својата инфраструктура.

На џиџето, преку една апликација ја сетирав и мојата сметка на е-пошта, а подоцна тестирав да испратам е-порака до пријател. Му напишав:
"Пријателу, види го прилогов во е-пораката и кажи ми како ти се допаѓа."

Но, откако не добив повратен одговор од него после неколку часа, го повикав и го прашав да си ја провери својата сметка на е-пошта и да ми каже дали е-пораката му пристигнала.

После пет минути добив повратен одговор:

"Дамјан, ја добив е-пораката, не сум ја видел зошто завршила во мојата шут-пошта. Исто така успешно ја видов и припратката која ми ја испрати во е-пораката."

За разлика од тестирањето на џиџето, кое помина одлично, табла-компјутерот ми правеше проблеми кога се обидов да инсталирам управувачка палка која успешно функционираше на мојот пренослив компјутер. Детално го разгледав машинскиот дел на табла-компјутерот, не забележав ништо чудно, па затоа претпоставив дека грешката е софтверска па прочепкав низ софтверот. Набрзо, ми се појави скок-прозорец кој ми посочи дека го немам правиот двигател за уредот. Бидејќи знам дека двигателите можат да направат многу проблеми, си направив резерва на оперативниот систем, па потоа го вклучив мојот веб прелистувач и со неколку вклучени табулатори тргнав во лов на потребниот двигател.

Откако просурфав на интернет, ја преземав потребната датотека и ја снимив во папката на мојата работна површина. Од таму ја извршив датотеката и преку волшебникот за пристап го инсталирав двигателот кој ми беше потребен. Исто така многу внимавав да не инсталирам некој вирус и да не го уништам тврдиот диск каде што имам огромни количини на податоци.

...

2. Користејќи го "негативниот тренд на употреба на англиски изрази од областа на ИТ"
======================================================================================

Пред некое време имав шанса да тестирам нетбук/мал лаптоп и еден електронски уред.

Електронскиот уред го тестирав со неколку различни тестови, но повеќе време посветив инсталирајќи додатоци и обидувајќи се да го поврзам директно со мојот приватен сервер со цел да можам енкриптирано да разменувам фајлови. На почеток имав проблеми со FTP протоколот, нешто хостот правеше проблеми, но подоцна сфатив дека сум го притиснал CAPS LOCK копчето. Откако го решив тој проблем, уредот и серверот функционираа во ред, освен кога имав проблеми со мојата бродбенд конекција, најчесто затоа што интернет провајдерот имаше проблеми со својата инфраструктура.

На уредот, преку една апликација го сетирав и мојот и-мејл акаунт, а подоцна тестирав да испратам е-порака до пријател. Му напишав:
"Пријателу, види го атачментов во е-пораката и кажи ми како ти се допаѓа."

Но, откако не добив повратен одговор од него после неколку часа, го повикав и го прашав да си ја провери својата и-мејл адреса и да ми каже дали е-пораката му пристигнала.

После пет минути добив повратен одговор:
"Дамјан, ја добив е-пораката, не сум ја видел зошто завршила во мојот Junk-mail. Исто така успешно го видов и атачментот која ми го испрати во е-пораката."

За разлика од тестирањето на уредот, кое помина одлично, нетбукот ми правеше проблеми кога се обидов да инсталирам џоистик кој успешно функционираше на мојот лаптоп. Детално го разгледав хардверот на нетбукот, не забележав ништо чудно, па затоа претпоставив дека грешката е софтверска па прочепкав низ софтверот. Набрзо, ми се појави поп-ап прозорец кој ми посочи дека го немам правиот драјвер за уредот. Бидејќи знам дека драјверите можат да направат многу проблеми, си направив бекап на оперативниот систем, па потоа го вклучив мојот веб прелистувач и со неколку вклучени табови тргнав во лов на потребниот драјвер.

Откако просурфав на интернет, го преземав потребниот фајл и го снимив во фолдерот на мојот десктоп. Од таму го стартував фајлот и преку инсталациониот визард го инсталирав драјверот кој ми беше потребен. Исто така многу внимавав да не инсталирам некој вирус и да не го уништам хард дискот каде што имам огромни количини на податоци.

======================================================================================

Што звучи подобро... пресудете сами.



Клучни зборови:  Македонски јазик   Информатичка технологија   ИТ   ИКТ   Информатичко општество   Информатички јазик   Двигател   Опслужувач   Министерство за информатичко општество   Џиџе   Поимник

 
Сподели:
Кајмакот
Digg
Technorati
Stumble
Reddit
YahooMyWeb
Delicious
Ma.gnolia
Facebook
Spurl
IT.com.mk форум

Twitter сервиси

Повеќе од 50% од сите твитови на Twitter се објавени користејќи мобилни и веб-базирани алатки, а не платформата на Twitter.com. Најпопуларен сервис е TweetDeck со 19.7% искористеност. (Мај, 2009)
Нема настани во наредните денови.
Корисничко име

Лозинка



RSS канали на it.com.mk

Прашалник

Дали интернетoт е основно човеково право?

(168 глас/а)

  • 76.2%
  • 7.1%
  • 6%
  • 10.7%

Низ it.com.mk Блог Сервиси Маркетинг
Вести
Статии
Форум
Рецензии
Совети & трикови
Преземања
Настани
Барометар
Едуцентар
Препорачуваме
Сите блогови
е-Бизнис 2.0
Uid=0
Хардверманија
Компјутерска сигурност
Apple
Линукс блог
Веб-Соц Свет
Членство
Е-билтен
RSS канали
PDA верзија

Профили
Facebook профилTwitter профилIT.com.mk @ Flickr
IT.com.mk @ YouTubeLinkedIn профилFriendFeed профил
Каква музика слушаат ИТ луѓето?Препорачуваме линкови преку Delicious Главен RSS канал
Заработете со Whost.mk
Поставете линк или банер до whost.mk и заработете од секоја продажба..
http://www.whost.mk/affiliates.aspx

Aironet.mk - Безжичен Интернет
Едноставно и квалитетно решение...

Zero Science Lab
Македоснска лабораторија за истражување и развој на информациска безбедност