IT.com.mk на Twitter IT.com.mk на Facebook IT.com.mk на Flickr IT.com.mk RSS канали
Почетна arrow Блог arrow е-Бизнис 2.0 arrow Веб сајтот на BBC... Нова Македонија де!
 
 
е-Бизнис 2.0
Услуги и анализи, ИТ новости, Е-бизнис, Интернет, Е-маркетинг
RSS Канал  
Е-пошта  
Биографија  
 
 
Дамјан Арсовски
 
 
Веб сајтот на BBC... Нова Македонија де! Испечати Е-пошта
Автор: Дамјан Арсовски   
Објавено на: 08.08.2008
Неодамна обновениот дневен весник Нова Македонија конечно, како што му доликува на еден таков медиум си доби и нов веб сајт. Пoтегот е дефинитивно за поздравување. Новиот сајт на весникот е поедноставен, попрактичен и содржи повеќе информации на едно место. Поделен е по категории како во весникот, а на почетната страна дополнително е збогатен со конвертор за курсна листа и временска прогноза.

Се супер... освен што сајтов не е воопшто оригинален и иновативен и е само бледа копија на сајтот на BBC, секако занемарувајќи ја интерактивноста, опциите за прикажување само на одредени категории и бирање на боја на сајтот, блоговите и сите оние дополнителни сервиси на веб 2.0 трендот кои претпоставувам дека се "премногу сложени" за нашиве медиуми затоа што упорно ги игнорираат.

Овој случај на имитирање на феноменалниот сајт на BBC не е прв на овие простори, пред неколку месеци и хрватската HRT го објави нивниот нов сајт, апла оној на BBC. Ама таму, барем луѓето се потрудиле да ги пренесат и кај нив оние интересни веб 2.0 опции кои му овозможуваат на корисникот да си ја персонализира страната барем според содржина и боја.

Вешти копии на BBC.co.uk
Вешти копии на BBC.co.uk

Со објавувањето на новиот веб сајт на Нова Македонија лично ме разочарува и фактот дека повторно како и кај сите други дневни медиуми во Македонија не е посветено доволно внимание на интернет маркетингот кој може да оствари дополнителен профит за медиумите бидеќи он-лајн верзиите им се далеку почитани.

Случајов само ја дополнува катастрофалната состојба на онлајн изданијата на македонските медиуми... досега никој медиум од овој вид нема посветено повеќе време и ресурси на своите е-верзии и сеуште имаат катастрофални дизајни, линкови во "њњњ" форма, а и уште пострашно не ги ни линкуваат, ниту пак се интересираат да воведат поголема корисничка интерактивност освен во вид на коментари или форуми, кои пак во некои случаи не ги модерираат.

Зошто сеуште едни од најпосетуваните сајтови во Македонија се назад неколку години во дизајнот и интернет услугите и заостануваат во иновативноста кога се карактеризираме како "земја на информатичари" и тежнееме кон создавање на информатичко општество? Овојпат нема да можеме да се извадиме и на тврдењето дека интернетот во Македонија е "за никаде" па со тоа и џабе богатите и интерактивни содржини, бидејќи во последно време благодарение на конкурентноста на пазарот добиваме колку толку посаглам интернет пристап.


Клучни зборови:  Нова Македонија   BBC   Nova Makedonija   ББЦ   Интернет   Веб сајт   ХРТ   HRT   Веб 2.0   Весник   Медиум

 
Сподели:
Кајмакот
Digg
Technorati
Stumble
Reddit
YahooMyWeb
Delicious
Ma.gnolia
Facebook
Spurl
IT.com.mk форум

Twitter посетеност

Бројот на посетители на Twitter.com се зголемил двојно во Март, 2009, од 4.3 милиони во Февруари на 9.3 милиони. Порастот на популарноста на сервисот за микро-блогирање се должи на неговата присутност во традиционалните медиуми, како и отворање на профили од страна на популарните холивудски ѕвезди.
Нема настани во наредните денови.
Корисничко име

Лозинка



RSS канали на it.com.mk

Прашалник

Дали интернетoт е основно човеково право?

(141 глас/а)

  • 75.2%
  • 6.4%
  • 7.1%
  • 11.3%

Низ it.com.mk Блог Сервиси Маркетинг
Вести
Статии
Форум
Рецензии
Совети & трикови
Преземања
Настани
Барометар
Едуцентар
Препорачуваме
Сите блогови
е-Бизнис 2.0
Uid=0
Хардверманија
Компјутерска сигурност
Apple
Линукс блог
Веб-Соц Свет
Членство
Е-билтен
RSS канали
PDA верзија

Профили
Facebook профилTwitter профилIT.com.mk @ Flickr
IT.com.mk @ YouTubeLinkedIn профилFriendFeed профил
Каква музика слушаат ИТ луѓето?Препорачуваме линкови преку Delicious Главен RSS канал
Заработете со Whost.mk
Поставете линк или банер до whost.mk и заработете од секоја продажба..
http://www.whost.mk/affiliates.aspx

Aironet.mk - Безжичен Интернет
Едноставно и квалитетно решение...

Zero Science Lab
Македоснска лабораторија за истражување и развој на информациска безбедност