IT.com.mk на Twitter IT.com.mk на Facebook IT.com.mk на Flickr IT.com.mk RSS канали
Почетна arrow Блог arrow е-Бизнис 2.0 arrow Склучена соработка со iDevelop А.Д.
 
 
е-Бизнис 2.0
Услуги и анализи, ИТ новости, Е-бизнис, Интернет, Е-маркетинг
RSS Канал  
Е-пошта  
Биографија  
 
 
Дамјан Арсовски
 
 
Склучена соработка со iDevelop А.Д. Испечати Е-пошта
Автор: Дамјан Арсовски   
Објавено на: 19.05.2008
Навистина ми е драго што целта на овој пост ми е да ве известам за склучениот договор за соработка помеѓу нашиот (и вашиот) портал за информатичка технологија и компанијата iDevelop А.Д. од Скопје. Целта на овој договор е да се објават што повеќе информации преку содржини кои ќе им објаснат на бизнис менаџерите и интернет корисниците во Македонија како на најдобар начин да ги искористат е-бизнисот и разните интернет технологии за развој и подобрување на понудените услуги.

Соработката, која иаку е дефинирана сега за сега за објавување на спонзорирани и едукативни содржини, постои реална можност во иднина да прерасне и во нешто поголемо и подобро кое уште повеќе ќе придонесе за развој на е-комерцот во Македонија.

Компанијата iDevelop е првата dot.com компанија во Македонија која неодамна беше објавена на Македонската берза на хартии од вредност и е формирана со британски капитал. Таа дејствува глобално и како своја цел има развој на софтвер по најнови светски стандарди. Компанијата засега го има објавено својот производ Active Reception - софтвер за следење на посетители на една веб страница и можност за интеракција со нив во вид на чет во реално време.

Како дојде до оваа соработка? Првично преку ИТ форумот беше остварен директен контакт помеѓу маркетинг менаџерот на iDevelop  Дијана Димитровска и мене кој потоа ете, прерасна во официјална соработка помеѓу двете фирми. Никогаш не ја потценувајте моќта на социјалното вмрежување преку интернет. :-)

Ова е прва официјална соработка во која се имаме впуштено и искрено се надеваме дека ќе биде успешна, а воедно сакам и да ги поканам сите останати компании, организации и медиуми доколку се заинтересирани за развој на разни области од ИТ индустријата во Македонија да не контактираат и да се впуштиме во мисија за пронаоѓање на заеднички цели за соработка.

Сериозни сме кога велиме дека имаме за цел да го поддржуваме, едуцираме и промовираме македонскиот ИТ потенцијал и значајно да придонесуваме за развојот на ИТ индустријата во Македонија. :-)

Подетални и поофицијални информации, тука.


Клучни зборови:  Дамјан Арсовски   Соработка   Бизнис   Е-бизнис   иДевелоп   iDevelop   Дијана Димитровска   Active Reception   Берза

 
Сподели:
Кајмакот
Digg
Technorati
Stumble
Reddit
YahooMyWeb
Delicious
Ma.gnolia
Facebook
Spurl
IT.com.mk форум

.mk онлајн

Според Државниот завод за статистика, во првиот квартал на 2008 година повеќе од 45% од домаќинствата во Македонија користеле компјутер а околу 78% од нив имале широкопојасен интернет пристап - најзастапена била ADSL технологијата кај 39.5% од домаќинствата.
Нема настани во наредните денови.
Корисничко име

Лозинка



RSS канали на it.com.mk

Прашалник

Дали интернетoт е основно човеково право?

(141 глас/а)

  • 75.2%
  • 6.4%
  • 7.1%
  • 11.3%

Низ it.com.mk Блог Сервиси Маркетинг
Вести
Статии
Форум
Рецензии
Совети & трикови
Преземања
Настани
Барометар
Едуцентар
Препорачуваме
Сите блогови
е-Бизнис 2.0
Uid=0
Хардверманија
Компјутерска сигурност
Apple
Линукс блог
Веб-Соц Свет
Членство
Е-билтен
RSS канали
PDA верзија

Профили
Facebook профилTwitter профилIT.com.mk @ Flickr
IT.com.mk @ YouTubeLinkedIn профилFriendFeed профил
Каква музика слушаат ИТ луѓето?Препорачуваме линкови преку Delicious Главен RSS канал
Заработете со Whost.mk
Поставете линк или банер до whost.mk и заработете од секоја продажба..
http://www.whost.mk/affiliates.aspx

Aironet.mk - Безжичен Интернет
Едноставно и квалитетно решение...

Zero Science Lab
Македоснска лабораторија за истражување и развој на информациска безбедност