IT.com.mk на Twitter IT.com.mk на Facebook IT.com.mk на Flickr IT.com.mk RSS канали
Почетна arrow Дамјан Арсовски arrow Е-бизнис arrow Yahoo! со нова понуда од Microsoft!?
 
 
е-Бизнис 2.0
Услуги и анализи, ИТ новости, Е-бизнис, Интернет, Е-маркетинг
RSS Канал  
Е-пошта  
Биографија  
 
 
Дамјан Арсовски
 
 
Yahoo! со нова понуда од Microsoft!? Испечати Е-пошта
Автор: Дамјан Арсовски   
Објавено на: 26.03.2008
Денеска акциите на Yahoo! се зголемија за 3 проценти откако повторно се раширија гласини дека Microsoft планира да настапи со нова понуда за купување на компанијата. Гласините се раширија на интернет и се иницирани од финансискиот аналитичар Марк Махани од Citigroup, кој тврди дека од причина што Microsoft е скоро очаен цврсто да навлезе во дигиталниот маркетинг нема така лесно да се откаже од присвојување на веб порталот.

Досадно е веќе да напоменуваме дека на 1 Февруари оваа година, извршниот директор на Microsoft Стив Балмер, упати изненадувачка официјална понуда до Yahoo! за нивно купување со цена од 31 американски долар по акција или опција за замена на акциите со оние на Microsoft за заинтересираните акционери.

Yahoo! ја одби оваа понуда сметајќи дека компанијата им вреди повеќе од "само" 44,6 милијарди долари и покрај фактот дека во тој момент, иаку се искачија за 3% (на сума од $28.33), акциите сеуште им беа под понудената цена на Балмер.

Игрите не застанаа тука и убедени во фактот дека Microsoft е решен да стане главниот конкурент на Google како на многу полиња, така и во е-маркетингот... извршниот одбор на Yahoo! започна да игра итро прифаќајки нова финансиска и бизнис стратегија за настап во следните 3 години од која се очекува привлекување на поголем пазар и двојно зголемување на профитот дури и ако Yahoo! продолжи да биде самостојна компанија.

Yahoo! исто така инстанто го подобри и зголеми својот маркетинг и дури се обиде да се понуди и на човекот кој ја поседува News корпорацијата, Руперт Мурдок, за да добие одговор од него дека неговата понуда нема да биде повисока од таа на Microsoft. Компанијата се обидува и да воспостави преговори и со Time Warner, корпорацијата која го поседува порталот Aol.com.

Дали ова е само една добро планирана игра помеѓу големите играчи за зголемување на вредноста на акциите на компаниите кои ја играат, или пак навистина Microsoft ќе достави нова понуда.... Stay tuned.

Постов е дел од моето "ветување" во текстот за радио рекламирањето на Yahoo! дека одблиску ќе ги пратиме активностите на компанијата за да видиме што навистина ќе се случи...

Клучни зборови:  Yahoo!   Microsoft   Берза   Акции   Интернет   Портал   Веб   Балмер

 
Сподели:
Кајмакот
Digg
Technorati
Stumble
Reddit
YahooMyWeb
Delicious
Ma.gnolia
Facebook
Spurl
IT.com.mk форум

Bluetooth?

Технологијата Bluetooth го добила своето име по норвешкиот крал Харалд Блутут (Harald Bluetooth), кој бил познат по тоа што ги обединувал завојуваните племиња во Данска и Норвешка. Целта на технологијата исто така е да ги обедини разните технологии.
Нема настани во наредните денови.
Корисничко име

Лозинка



RSS канали на it.com.mk

Прашалник

Дали интернетoт е основно човеково право?

(150 глас/а)

  • 74.7%
  • 6.7%
  • 6.7%
  • 12%

Низ it.com.mk Блог Сервиси Маркетинг
Вести
Статии
Форум
Рецензии
Совети & трикови
Преземања
Настани
Барометар
Едуцентар
Препорачуваме
Сите блогови
е-Бизнис 2.0
Uid=0
Хардверманија
Компјутерска сигурност
Apple
Линукс блог
Веб-Соц Свет
Членство
Е-билтен
RSS канали
PDA верзија

Профили
Facebook профилTwitter профилIT.com.mk @ Flickr
IT.com.mk @ YouTubeLinkedIn профилFriendFeed профил
Каква музика слушаат ИТ луѓето?Препорачуваме линкови преку Delicious Главен RSS канал
Заработете со Whost.mk
Поставете линк или банер до whost.mk и заработете од секоја продажба..
http://www.whost.mk/affiliates.aspx

Aironet.mk - Безжичен Интернет
Едноставно и квалитетно решение...

Zero Science Lab
Македоснска лабораторија за истражување и развој на информациска безбедност