Twitter е сервис за микро-блогирање, односно објавување на постови до 140 карактери. Пораките можат да
бидат објавени директно од веб прелистувач, ИМ клиент, СМС, е-маил или пак некоја десктоп апликација
наменета за тоа. На исти начини може да одберете и да ги добивате постовите на луѓето, кои според јазикот
на овој сервис, "ги следите". Првично наменет за полесна и побрза комуникација, Twitter се покажа како доста
корисен сервис за брзо информирање, по што беше прифатен од многу интернет корисници, но и од големи
медиумски имиња, холивудски ѕвезди и компании.
Овој водич е составен од претходно објавувани текстови, статии и совети на IT.com.mk. Сите тие се додадени
во овој водич со цел да го објаснат овој феномен.