|
Инспирирана од
истоимениот текст првично објавен на он.нет, решив да си поиграм малку со Google Search Insights, да видам како-што бараме, во однос на нас
и во однос на другите.
За оние кои не
знаат како работи Google Search Insights, тоа е проценка на пребарувањата на одреден термин во однос на сите
пребарувања, рангирано по региони. На пример, колкав удел од мноштвото
пребарувања биле за „love“,
во однос на сите останати пребарувања,
нормализирано на скала од 1 до 100. Ако имало исто толку пребарувања за „love“ колку за сите останати, имаме 100ка за тој
клучен збор.
Со серија на
проби по случаен избор, клучни зборови кои можев да ги најдам кои ја сврстуваат
Македонија во првите десет се „betting“ (он.нет) и „games“. За првото, убедливо први!
За второто – број
7. Не
ни ласка баш за возраста и зрелоста на пребарувачите, нели? Затоа, пак за
клучен збор „mozilla“ сме исто така 7 на листа! [офтопик: Кратка историја на
локализацијата на производите на Мозила на
македонски јазик]. Е тоа
е веќе нешто, м?
Во споредба со
Хрватска на пример: имаат два
зборови кои се наоѓаат на проширената
листа (над коефициент 10) кои се
однесуваат на работа: „posao“ и „moj posao“. Нашите „работа“(кирилица) и „rabota“ не се наоѓаат на нашата
листа. [Download as CSV од
десниот горен агол за комплетните листи] Епа сега – тоа е.
Да не се лажеме
или вообразиме - ова е играчка чии резултати може да се интерпретираат на
различни начини и да се тјунираат термини кои ќе дадат чудни резултати, и е
нефер (biased) наспрема неанглиски
термини, али сепак ... дава некој општ каков-таков увид.
Некој друг да
пријави некој интересен увид? Во коментари, ве молам. :-)
Клучни зборови: Гугл Гoogle Search Insights Он.нет Пребарувања Локализација Пребарувачи Кирилица
|