IT.com.mk на Twitter IT.com.mk на Facebook IT.com.mk на Flickr IT.com.mk RSS канали
Почетна arrow Калина Зографска arrow ИТ пазари и ниши arrow Приказна за виното
 
 
Веб-Соц Свет
Веб 2.0, ИТ пазари и ниши, Услуги и Анализи, Софтвер
RSS Канал  
Е-пошта  
Биографија  
 
 
Калина Зографска
 
Приказна за виното Испечати Е-пошта
Автор: Калина Зографска   
Објавено на: 24.10.2008
После одржаниот ВиноФест и објавената заложба за брендирање на македонското вино на пазарот, пласманот на вино пак се сели во центарот на интересот на јавноста. Ќе остане таму некое време, додека не наиде „новото големо нешто“.

А ова е големо самото по себе – виното е дефинирачка карактеристика на нашата нација. Сите се гордееме со него, го конзумираме со мерак, се фалиме пред странците за неговата извонредност. И се чини, сите го сакаат, и сите не тапшаат по грб, дека ќе успееме. Со вакво квалитетно вино, вратите на светот  ни се отворени!

Приказна за виното

А сепак, како долго време да стагнираме на истата точка. Како да не можеме да тргнеме од таа пофалба, и навистина да го оствариме потенцијалот кој што таа го носи. Потенцијалот само значи добра стартност, самиот по себе не ја истрчува целата трка до финиш линијата. Капитал има посветен додаток за ова [.pdf, 2.6MB], во кој јасно пишува дека двете големи операции кон донесување на конкурентност на македонското вино се иницирано однадвор – од USAID, првин од Кластерот за вино при Програмата за конкурентност, и после нејзиното завршување, програмата АгБиз. Тие две операции се здружување – формирање на асоцијација на производители на квалитетно вино Маквино и организирана промоција на интернет продажба.

А операцијата број два е – неуспешна како прв чекор. Извадок од текстот:

„оваа веб- страна [http://www.buymacedonian.com] беше активна и на неа беа поставени промотивни материјали за околу 30 македонски вина од различни винарии. Но, за жал, во меѓувреме продажбата на веб- страната воопшто не профункционирала, па ако проверите ќе видите дека во моментов истата не е активна.

Како што објаснуваат сопствениците на фирмата која ја креираше веб- страната за потребите на винариите, причината поради која сајтот не проработел дознаваме дека бил начинот на плаќањето на порачките.Тоа беше замислено да се врши преку некој од Интернет-трансакторите кои прифаќаат плаќања на меѓународни продавачи, со оглед на тоа што македонските деловни банки не поддржуваат Интернет- трговија. А фирмата ЕСДЕ требаше да обезбеди логистички центри во странство, од каде би се доставувале порачките. Но, идејата се изјалови, а можеше да има огромен бенефит за македонските винарии.“

Како втор чекор, Маквино, во отсуство на Проектот за конкурентност на УСАИД, мора да застане на свои нозе и настанува http://www.winemk.com. Не многу голем успех и овде – слаба каталошка листа на винарии и нивни контакт информации, али без објаснување за понуда на вина и никаква продажба. „Иако постои специјален прозорец за пополнување на порачка преку Интернет, истата не функционира“ (Капитал), не води никаде.

Тоа е грешка на толку многу нивоа на квалитет на услуга. Што ако некој направи нарачка, и никогаш не добие одговор, што тоа кажува за кредибилитетот на македонските винарии? Толку ли е тешко да се тргне таа форма и линковите до неа, ако услугата е недостапна, и да не се изигра довербата на купувачот?

Приказна за виното

Се прашувам дали навистина некогаш ќе го оствариме нашиот потеницијал, кога крупните чекори се иницираат однадвор, а не од нашите винарии и индустриски играчи, и кога најпристапниот, најефтин, cost-benefit начин на промоција и продажба паѓа на колена на првата пречка. Некои продолжиле понатаму и веќе користат услуги од странски комании за промоција на вино (повторно, контактот е УСАИД).

Каде се лобистите од винариите, од лозарите да се изборат за надминување на пречките, да ги притиснат банките, да побараат отворање на ескроу сметка од Владата во НБМ (или било каде), да направат мрежа на достава и да креираат сериозен портал за онлајн (големо)продажба на вино, во светски рамки? Не е дека не е можно.


Клучни зборови:  Вино   Vino   Винарии   Визби   Винари   Брендирање   Интернет   Продажба   Е-комерц   Е-Бизнис   Сајт   Услуга   Лозари   Маквино   УСАИД

 
Сподели:
Кајмакот
Digg
Technorati
Stumble
Reddit
YahooMyWeb
Delicious
Ma.gnolia
Facebook
Spurl
IT.com.mk форум

.mk онлајн

Според Државниот завод за статистика, во првиот квартал на 2008 година повеќе од 45% од домаќинствата во Македонија користеле компјутер а околу 78% од нив имале широкопојасен интернет пристап - најзастапена била ADSL технологијата кај 39.5% од домаќинствата.
Нема настани во наредните денови.
Корисничко име

Лозинка



RSS канали на it.com.mk

Прашалник

Дали интернетoт е основно човеково право?

(89 глас/а)

  • 76.4%
  • 6.7%
  • 5.6%
  • 11.2%

Низ it.com.mk Блог Сервиси Маркетинг
Вести
Статии
Форум
Рецензии
Совети & трикови
Преземања
Настани
Барометар
Едуцентар
Препорачуваме
Сите блогови
е-Бизнис 2.0
Uid=0
Хардверманија
Компјутерска сигурност
Apple
Линукс блог
Веб-Соц Свет
Членство
Е-билтен
RSS канали
PDA верзија

Профили
Facebook профилTwitter профилIT.com.mk @ Flickr
IT.com.mk @ YouTubeLinkedIn профилFriendFeed профил
Каква музика слушаат ИТ луѓето?Препорачуваме линкови преку Delicious Главен RSS канал
Заработете со Whost.mk
Поставете линк или банер до whost.mk и заработете од секоја продажба..
http://www.whost.mk/affiliates.aspx

Aironet.mk - Безжичен Интернет
Едноставно и квалитетно решение...

Zero Science Lab
Македоснска лабораторија за истражување и развој на информациска безбедност