Почетна arrow Блог arrow Веб-Соц Свет arrow Етички став
 
 
Веб-Соц Свет
Веб 2.0, ИТ пазари и ниши, Услуги и Анализи, Софтвер
RSS Канал  
Е-пошта  
Биографија  
 
 
Калина Зографска
 
Етички став Испечати Е-пошта
Автор: Калина Зографска   
Објавено на: 02.09.2008
 

Ова e мојот етички став кон известувањето и репортажите на овој блог. Тоа е повеќе отколку што повеќето од вас сакаат да знаат, но во ера на недоверба во медиумите, недоверба во луѓето, и трол менталитет кој се влече со медиумот блог, изнесувам се на виделина.

Да почнеме со основната информација за мојот професионален ангажман. Работам како специјалист за развој на софтвер во Македонски Телеком. Мојата работа не учевствува во делокругот на дефинирање на компаниската деловна политика, туку во ограничен дел на нејзиното спроведување – (инженерска, софтверска) поддршка на оперативните и деловните процеси.

Како дел од стандардниот Колективен Договор, висината на платата е однапред утврдена и независна од перформансите на компанијата на пазарот. Меѓутоа, како дел од интерен систем за наградување, ми следува годишен бонус за перформанси на пазарот, конкретно EBITDA.

Согласно на тоа, затоа што било кое мое известување во рамките на македонскиот пазар може да биде интерпретирано како конфликт на интереси, во секој напис кој ќе содржи и најблага поврзаност со Македонски Телеком или неговите конкуренти, ќе биде референциран овој етички став.

Мој личен став е дека е скоро невозможно да се зборува и анализира ИТ во Македонија без да се коменира работењето и состојбата на пазарот на ИКТ секторот и МТ како дел од него. Се залагам за високи очекувања и високи критеруми во рамките на моето делување како блогер на it.com.mk. Со други зборови – кога МТ ќе згреши, се надевам дека ќе бидам првата која ќе објави критика, и кога ќе направи нешто добро – првата која ќе напише пофалба.

Важна ми е сопствената репутација и репутацијата на овој медиум и се држам со својот личен и професионален интегритет, и очекувам сите посетители, читатели и коментатори кои сметаат дека моето делување е спротивно со овој објавен став, да го искажат своето мислење. Нагласувам – сите неаргументирани, навредливи, и зајадливи забелешки веднаш ќе бидат модерирани и игнорирани. После сé, се обидуваме да изградиме критична и конструктивна заедница, зар не? Дополнително на сé  погоре искажано, ќе се придржувам до начелата на блогерската етика [1], [2], и истото ќе го очекувам од сите посетители, читатели и коментатори.

Мојот ангажман на it.com.mk е на база на хонорар за авторски надомест, и настрана од тој ангажман, не примам уплати или матерјални подароци за било кој објaвен став на овој блог. Дополнително сум обврзана на чување во тајност на службени тајни и оперативни информации во сопственост на Македонски Телеком, и со чест ќе се придржувам до тоа.

Нагласувам дека се што ќе биде напишано на овој блог е мој личен став, наповрзан со уредништвото на it.com.mk или со деловната политика на Македонски Телеком.


Клучни зборови:  Калина Зографска   Етички став   Блог   Медиум   Медиуми   Софтвер   Македонски Телеком   Деловна политика   EBITDA   Блогерската етика


   

Коментари  RSS feed comment
 
 


Напиши коментар
Само регистрираните корисници можат да коментираат.

Нема коментари

Сподели:
Кајмакот
Digg
Technorati
Stumble
Reddit
YahooMyWeb
Delicious
Ma.gnolia
Facebook
Spurl
Гласајте за најдоброто во 2008
RSS канали на it.com.mk

Ламер

Технофобик или личност која се плаши од технологијата и не ужива во нејзино користење, како и вистински почетник во компјутерите и технологијата.
Нема настани во наредните денови.
Корисничко име

Лозинка



ИТ ТВ

ИТ ТВ
Низ it.com.mk Блог Сервиси Маркетинг
Вести од Македонија
Вести од Свет
Статии
Форум
Рецензии
Совети & трикови
Преземања
Настани
Барометар
Едуцентар
Сите блогови
е-Бизнис 2.0
Од различен аспект
Uid=0
Хардверманија
Компјутерска сигурност
Apple
Линукс блог
Веб-Соц Свет
Членство
Е-билтен
RSS канали
PDA верзија

Профили
Facebook
Twitter
Flickr
YouTube
FriendFeed
LinkedIn
IWM NETWORK - iwmnetwork.com
ИТ Консалтинг, Интерактивен маркетинг, Истражувања и анализи, Веб дизајн...

IT.com.mk на Twitter